Ниблум
Ниблум (германски: Nieblum; фериншки: Njiblem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Ниблум | |
Вообичаена улога во Ниблум | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Фер-Амрум |
Градоначалник | Фридрих Ривертс |
Основни податоци | |
Површина | 7,86 км2 |
Надм. височина | 4 м |
Население | 613 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 78 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25938 |
Повик. бр. | 04681 |
Портал | www.nieblum-online.de |
Местоположба на Ниблум во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 54°42′N 8°29′E / 54.700° СГШ; 8.483° ИГД |
Географија
уредиНиблум се наоѓа на јужниот брег на Фер, на околу половина пат помеѓу источниот и западниот крај на островот. До селото Ниблум, во рамките на општината, се наоѓа селото Готинг. Во Готинг постојат карпи високи неколку метри.
Историја
уредиМногу од старите фризиски куќи припаѓале на морските капетани, кои направиле богатство како китоловци на холандските бродови. Тоа било тешка и опасна работа, која одзела многу животи. Гробниците во гробиштата на црквата Св. Јован, т.н. „Фризиска катедрала“, во селото сведочат за ова. Црквата била изградена во XIII век и е најголема од трите цркви на Фер.
Култура и знаменитости
уредиГлавна знаменитост во Ниблум е црквата Св. Јован со нејзините историски зачувани гробишта. Исто така, погледот на Ниблум со неговите сламени куќи и многуте дрвја е пријатен.
Познати луѓе
уреди- Јенс Јакоб Ешелс (1757-1842) — поморец
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Ниблум на Ризницата ?
- Официјална страница