Хернум
Хернум (германски: Hörnum; зелриншки: Hörnem, дански: Hørnum) — општина во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на јужниот дел на островот Зилт.
Хернум | |
Хернум со светилникот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Месна заед. | Крај Зилт |
Градоначалник | Ролф Шпет |
Основни податоци | |
Површина | 6 км2 |
Надм. височина | 4 м |
Население | 924 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 154 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NF |
Пошт. бр. | 25997 |
Повик. бр. | 0465122 |
Портал | www.hoernum.de |
Местоположба на Хернум во рамките на округот Северна Фризија | |
Координати | 54°45′38″N 8°17′29″E / 54.76056° СГШ; 8.29139° ИГД |
Историја
уредиПрви населби
уредиИако рибарите постојано се населувале во областа пред 1500 година, местото е првпат забележано во 1649 година како „Хорнум“ (Hornum). Името „Хернум“ било веќе позната преку хроничарот Мухел-Мадис, кој во неговите хроники известувал за бродолом во „1571... близу Хернум“. Во 1648 година, областа била именувана „Хернум“ на карта од картографот Јоханес Мејер. Јужниот крај на островот останал ненаселен долго време, не само поради бурите, туку и поради движечките дини, кои постојано рушеле куќи, што го правело населувањето тешко. Дури кон крајот на XVIII век, овој ефект можел да биде запрен преку засадување вегетација на дините. „На Хернум“, како некогаш се викал целиот јужен полуостров на Зилт, најпрвин се наоѓале неколку рибари. Една куќа се наоѓала на дините на „Будерзанд“ (Budersand) од 1765 до 1785 година. Служела за чување на стока, но набрзо била срушена од луѓето од Амрум и Рантум. Во 1787 година останале само основите.
По 1900 година
уредиПрвите забележани градби биле изградени поради изградбата на докот на Хамбуршката американска линија (HAPAG) и островската железница во почетокот на XX. Долго претходно, Хернум имал природно пристаниште источно од Будерзанд, кое останало незабележано. Дури откако било изграден дрвен док започнала редовна бродска линија до Хамбург преку Куксхафен, која започнала на 29 јуни 1901 година. Со овој нов док започнала линијата Хернум-Хелголанд-Хамбург, со што малата населба брзо се развила. Така, важноста на пристанишниот град растела, а била воспоставена и железничка врска со Вестерланд.
Како што островот бил поврзан дури во 1927 година со копното преку изградбата на Хинденбурговиот насип, оваа локална железничка линија била особено популарна. 91% од туристите го користеле Хернум како нивно пристаниште. Бидејќи немало пат до Вестерланд, била изградена теснолиниска железница, која била во употреба до 1970 година и одела до Вестерланд и до најсеверното село во Германија, Лист. Железницата подоцна била демонтирана и сега се користи како велосипедска патека.
Во 1906 година била изградена водокула во Хернум; по поврзувањето на Хернум со островскиот водовод, кулата станала излишна и била уништена во 1967 година.
Во 1907 година, Хернум добил 33,5 метри висок светилник, кој бил изграден со сличен дизајн како оние на островот Пелворм и на Вестерхефер. Од 1918 до 1930 година, светилникот бил користен како училиште. На крајот на Првата светска војна, Хернум имал 21 жител, кои биле водени од Рантум. Во обете светски војни, Хернум бил сметан за стратешки важна местоположба, која барала специјална одбрана.
Воена важност
уредиПрвите касарни биле изградени во 1914 година за трупите на т.н. „Островска стража“. На почетокот на Првата светска војна, островските стражи биле сместени на Амрум, Зилт и на Реме (денес во Данска), кои користеле светлосни сигнали за комуникација. Од полуостровот Лист на север, до Хернум на југ, биле ископани бункери и скривници во дините на Зилт и поврзани со телефонски линии. Главно постари локални војници добивале задолженија за прегледување на хоризонтот за непријателски сили, но на островот не се одвивала ниедна борба.
Во текот на Втората светска војна биле распоредени трупи во селото. Пристаништето било главно користен од воената морнарица и било изградено мало летилиште за помали авиони. Во 1935 година, Луфтвафе изградиле поморска воздухопловна станица и воената населба Хернум како подготовка за војната. Станбените квартови, планирани од архитектот Фердинанд Кајлман, се состоеле од два дела: т.н. „Црвена населба“, изградена од тули и „Бела населба“, изградена од бела тула. Војната спречила проектот да биде завршен и така јазовите во колонијата, кои биле планирани за градини, биле пополнети со повоени градби. Бројот на жители во Хернум енормно се зголемил со отворањето на поморската воздухопловна станица и блиските четврти и се искачил на 1.000, кога трупите ги донеле своите семејства на островот. Кратко подоцна биле донесена електрична енергија, а во 1941 година, Хернум бил поврзан на островскиот водовод.
Морската база во Хернум била локацијата на првите бомби паднати на германска земја во текот на Втората светска војна, ноќта на 19 март 1940 година, во текот на нападот од Кралските воздухопловни сили.
По војната
уредиВо 1947 година, Хернум се одделил од соседната општина Рантум и станал самостојна општина. Само две години подоцна, селото ја добило титулата „бања на Северното Море (Nordseebad). Во 1947 година, селото кратко обезбедило сместување на повеќе од 2.000 бегалци од поранешните источни територии на Германија и 40 семејства од Хелголанд, по евакуацијата на нивниот остров.
Во 1948 година била изградена дрвена куќичка со донации од Норвешка и била осветена како црква. Била именувана Св. Мартин. Кога била изградена црквата Св. Томас во 1970 година, градбата на Св. Мартин кратко служела како градинка и чување на корпите на плажите. Од 1974 година, оваа т.н. Норвешка куќа е седиште на заштитната станица „Ваденско Море“ (Schutzstation Wattenmeer), друштво за заштита на животната средина, а од 1989 година служи како младински клуб. Во 1985 година, куќичката била именувана по учителот и екологот од Хернум, Куно Елфелт.
Исто така, во 1948 година, Хернум бил поврзан на островската патна мрежа. Првичниот бетонски пат се состоел од една лента и бил проширен во 1969 година.
Во 1960 година, колонијата Керзигзидлунг (Kersiegsiedlung), позната по нејзините сламени покриви, била изградена на дините. Католичката црква Св. Јозеф во 1962 година и евангелистичката црква Св. Томас во 1969 година биле изградени според плановите на архитектот Мартин-Бернхард Кристијансен. Втората градба станала најнова историска градба, изградена во облик на бело едро. Уште една особеност е бродот кој виси во црквата — модел на парниот брод „Кобра“ на Хамбуршката американската линија.
Туристички развој
уредиВо средината на 1970-тите години биле изградени бањи и биле отворени во 1977 година.
Во 1994 година, касарните Пидер Линг, кои ја замениле поранешната поморска база, биле затворени. По уривањето на сите градби на местото, бил изградена терен за голф и хотел со пет ѕвезди.
Во 2002 година било обновено пристаништето во Хернум. Јахт-клубот Хернум бил создаден. Подоцна биле обновени и неколку соседства во Хернум.
Во 1999 година, старата бања била затворена бидејќи не ги исполнувале современите стандарди за лекување и била во загуби. На нејзино место бил изграден хотел кој бил отворен во 2009 година.
Туризам и знаменитости
уредиПрвичната економска зависност во рибарството и китоловството била намалена со туризмот како главен извор на приход. Плажите источно и западно од селото, пристаништето и дините претставуваат знаменитости на селото. Популарната рута низ калливите блата долж источниот брег до Рантум. Заштитната станица „Ваденско Море“ нуди информации за Ваденското Море и солените мочуришта и промовира заштита на локалниот пејзаж долж туристите. Друга знаменитости е шетањето околу Хернум-Оде, најјужниот ’рт на островот, кој поради ерозија, постојано се намалува. По бурата „Ервин“ во зимата 2005 година, Хернум-Оде изгубил 20 метри земја. Од оваа јужна точка има добар поглед на соседните острови Фер и Амрум.
Бајки
уредиХрониките на Хернум обезбедуваат голем простор за бајки. Постојано биле споменувани вештерки кои танцувале на дините, но исто така и душите на морнарите од бродовите потонати близу островот.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Хернум на Ризницата ?
- Општина Хернум (германски)