Викиманија (англиски: Wikimania) — меѓународен собир за корисниците и уредниците на вики-проектите на Фондацијата Викимедија (како што е Википедија и другите збратимени проекти). Тематиката на презентациите и дискусиите се проектите на Викимедија, други викија, програмска опрема со отворен код, слободно знаење и слободни содржини, како и различните општествени и технички аспекти што се однесуваат на овие теми.

Лого на Викиманија
Статусактивен
Местопогл. досегашните собири
Прв одржан2005
ОрганизаторФондација Викимедија
Правен типнепрофитен
Мреж. местоwikimania.wikimedia.org
Отворањето на Викиманија 2011 во Хаифа

Досегашни собириУреди

Собири на Викиманија
Собир Датум Место Посетеност Архив на презентации
Викиманија 2005 5–7 август   Франкфурт, Германија 380[1] сликореди, видео
Викиманија 2006 4–6 август   Кембриџ, САД 400[2] сликореди и текстови, видео
Викиманија 2007 3–4 август   Тајпеј, Тајван 440[3] галерија на Ризницата
Викиманија 2008 17–19 јули   Александрија, Египет 625 извадоци, сликореди,видео
Викиманија 2009 26–28 август   Буенос Аирес, Аргентина 559[4] сликореди, видео
Викиманија 2010 9–11 јули   Гдањск, Полска ~ 500[5] сликореди
Викиманија 2011 4–7 август   Хаифа, Израел 720[6] презентации, видео
Викиманија 2012 12–15 јули   Вашингтон, САД 1.400 презентации, видеа
Викиманија 2013 7–11 август   Хонгконг, Кина 700[7] презентации, видеа
Викиманија 2014 6–10 август   Лондон, Велика Британија 1.762[8] презентација, видеа
Викиманија 2015 15–19 јули   г. Мексико, Мексико 800 презентации, видеа
Викиманија 2016 21–28 јуни   Езино Ларио, Италија 1.200 презентации, видеа
Викиманија 2017 9–13 август   Монтреал, Квебек, Канада 1.000[9][10] презентации, видеа
Викиманија 2018 18–22 јули   Кејптаун, ЈАР 700+[11] презентации, видеа
Викиманија 2019 14–18 август   Стокхолм, Шведска
 
Штандови на Викиманија 2014

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Главна страница на Викиманија 2005 - wikimedia.org (англиски)
  2. „Многуте гласови на Википедија чуени на едно место“ - New York Times, 7 август 2006 (англиски)
  3. „Во Тајпеј википедијанците разговараа за вики-замор, вики-војни и вики-пари“ - New York Times 3 август 2007 (англиски)
  4. m:Wikimania#Wikimania 2009 Wikimedia.org
  5. Викиманија 2010 – Учесници - wikimedia.org (англиски)
  6. Викиманија 2011 во Хаифа (англиски)
  7. [1]
  8. [2]
  9. „Wikipedia founder kicks off Montreal Wikimania by urging net neutrality“. August 11, 2017. Архивирано од изворникот на August 15, 2017. Посетено на September 26, 2017.
  10. „Wikipedia conference comes to Montreal for first time“. Архивирано од изворникот на August 20, 2017. Посетено на September 26, 2017.
  11. http://iol.co.za/business-report/technology/wikimania2018-conference-one-on-one-with-wikipedia-founder-jimmy-wales-16191934

Надворешни врскиУреди

МакедонскиУреди

АнглискиУреди

тарабни ознаки
  • #wikimania