Википедија:Посети на музеи

Посети на музеи - проект на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот бил започнат во 2022 година со цел соработка со установи од културата и науката, посета на установите, фотографирање и/или прибирање фотографии, уредување на статии поврзани со македонските музеи, повремено библиотеките и непосредните знаменитости во текот на одредената активност. Овој проект е дел од програмата „Партнерства“ на Споделено знаење.

Хронологија уреди

2022 уреди

На 4 ноември беше посетен Музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга. Тогаш беше фотографирана надворешноста на двете згради меѓу кои природонаучната зграда и управната зграда која служи и како депо на музејот. Воедно, беа фотографирани и други знаменитости во Струга како што се староградски куќи, бисти, споменици, разни поранешни и тековни административни згради, културно-просветни установи, верски градби и спортски зданија, мостови. Од фотографската фаза, 63 податотеки беа закачени на Ризницата. По закачувањето на фотографиите, следеше уредување на статиите и на 9 ноември беа создадени пет и беа подобрени шест статии. Следниот ден, беа создадени седум статии и беа подобрени пет статии. На 14 ноември беше создадена една статија и беа подобрени четири статии.

Опфатени статии

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
  1. Џамија „Мустафа Челеби“ (П)
  2. Владимир Мошин (П)
  3. Дервиш Хима (П)
  4. Петре Ѓончески (Н)
  5. Македонско-косовски односи (Н)
  6. Список на дипломатски претставништва во Македонија (П)
  7. Дрвен мост (Струга) (Н)
  8. Зграда на Министерството за образование (Струга) (Н)
  9. Зграда на Народна одбрана (П)
  10. Општина Струга (П)
  11. Игралиште Женска Плажа (Н)
  12. Мост на поезијата (П)
  13. Народен музеј „Д-р Никола Незлобински“ (П)
  14. ЈЗУ Општа болница - Струга (Н)
  15. Основен суд Струга (П)
  16. Стара зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ - Струга (Н)
  17. ОУ „Браќа Миладиновци“ - Струга (П)
  18. Парк на поезијата (Н)
  19. Споменик на Мајка Тереза (Струга) (Н)
  20. Споменик на Револуцијата (Струга) (Н)
  21. Спортско рекреативен центар Тими (Н)
  22. Владо Малески (П)
  23. Споменик на Владо Малески (Струга) (Н)
  24. Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга (Н)
  25. Горан Ристовски (П)
  26. Црква „Св. Никола Дримени“ - Струга (П)
  27. Црква „Св. Петка“ - Струга (П)
  28. Струга (П)

На 6 јули беше посетено Враништа, односно неговите цркви и црковниот музеј при црквата „Св. Никола“. Беа посетени и фотографирани шест храмови и беа фотографирани сите поставки во музејот. Беа закачени 70 фотографии. На 21 јули беа подобрени 3 статии и беше создадена една статија. На 24 јули беше создадена една статија и беше подобрена 1 статија. На 25 јули беше создадена една статија. На 26 јули беше подобрена и создадена по една статија.

Опфатени статии

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd