Стара зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ - Струга

поранешна училишна зграда и споменик на културата

Стара зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ ― стара зграда во Струга која служи како седиште на Општина Струга. Зградата е вистински показател на архитектонско градежните вредности на периодот во кој била изградена. Зградата припаѓала на ОУ „Браќа Миладиновци“ (кое денес е сместено околу 600 метри на исток). Градбата е класичен претставник на градската архитектура, која датира од почетокот на XX век, поточно во 1934 година од времето на Кралска Југославија. Заедно со Зградата на Министерството за образование, зградата е прогласена за Споменик на културата под називот Образовен комплекс на ул. „Партизанска“ бр. 4.[1]

Зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“/Зграда на Општина Струга
Зградата гледана од југоисток, 2022 година
Карта
Општи податоци
Адресаул. „Владо Малески“ (порано „Партизанска“ бр. 4)
ГрадСтруга
ЗемјаМакедонија
Сегашни станариОпштина Струга (2022-)
Завршена1934
Технички податоци
Катови2

Историја

уреди

Зградата била изградена во 1934 година за да смести основно училиште. Во периодот од 1940 до 1945 година окупаторските војски на Италија и Германија ја користете како касарна за сместување на војниците. Последната година од народно ослободителната војна, Народноослободителната војска исто така ја користела како касарна. По 1945 година, повторно служела да смести основно училиште.[2]

На 4 ноември 2022 година, Општина Струга службено се преселила во зградата како нејзино ново седиште.[3][4]

Архитектура

уреди
 
Балконот

Градбата има правоаголен облик, со висина од П+1 кат. За неговата изградба во двете нивоа како градежен матријал била користена полна тула. Меѓукатната конструкција и покривот се дрвени, при што како покривачки материјал била користена ќерамида. Фасадата е малтерисана, со светло жолта боја, при што само кај меѓукатната конструкција и стреата се користени хоризонтални фризови. На катот од источната фасада во средишниот дел на градбата постои балкон со обработена ограда со балустради ослонет на повеќеаголни обработени столбови, а над него има полукружен тимпанон сместен средишно на фасадата кој во минатото бил украсен. Севкупната надворешна и внатрешна дограма во градбата била изработена од дрво и е во незавидна физичка состојба. Северната, влезна партија била створена како истурен балкон со обработена ограда со балусради ослонет на повеќеаголни обработени столбови. Градбата го задржала изворниот фасаден изглед, а за евентуални промени во неговата внатрешност не постојат податоци. Во поново време била извршена санација на фасадниот изглед на градбата при што не е нарушена неговата автентичност.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 9 август 2021. Посетено на 10 ноември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Споменичка целина Образовен комплекс“. Управа за заштита на културното наследство. 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-23. Посетено на 10 ноември 2022.
  3. Слаѓана Стојкова-Костоски (4 ноември 2022). „Пуштена во употреба новата зграда на Општина Струга“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 2022-11-05. Посетено на 8 декември 2022.
  4. „Официјално пуштена во употреба новата зграда на Општина Струга“. Ohridnews.com. 4 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2022-11-17. Посетено на 8 декември 2022.