Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Враништа

црква во Враништа, Општина Струга

Црква „Св. Кузман и Дамјан“црква во селото Враништа. Се наоѓа вон населеното место, на северната периферија на Враништа, односно покрај патот кој води кон Лажани.

Црква „Св. Кузман и Дамјан“

Црквата во 2023 година

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вранишка
Местоположба

Карта

Координати 41°13′3.84″N 20°39′59.40″E / 41.2177333° СГШ; 20.6665000° ИГД / 41.2177333; 20.6665000
Место Враништа
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Кузман и Дамјан
Изградба 2009
Осветување 12 октомври 2014
Ктитор Новко Плаќаноски
Архитектонски опис

Историја

уреди

До 2009 година постоела помал храм. Во ноември 2009 година започнала изградбата за поголемата црква. За време на свеченото поставување на кaмен темелникот на црквата „Св. Кузман и Дамјан“ чиноначалствувал митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.[1]

На 12 октомври 2014 година, во Осумнаесеттата недела по Педесетница, и на празникот на преподобниот Киријак Отшелник и на светиот Теофан Милостив, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Митре Попоски, свештениците Никола Христоски, Ристе Наумоски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, извршил осветување на новиот храм. Ктитор на црквата е Новко Плаќаноски од Драслајца. Изградбата била помогната и со дарувањата на месното население и од сите верници од пошироката околина.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Биљана Колоска (2 ноември 2009). „Во Враништа се гради нова црква на место од поранешната“. tvm.mk. Архивирано од изворникот 2022-06-27. Посетено на 21 јули 2023.
  2. „Осветување на храмот "Св. Козма и Дамјан" во с. Враништа, Струга“. Дебарско-кичевска епархија. 12 октомври 2014. Посетено на 21 јули 2023.

Надворешни врски

уреди