Џамија „Мустафа Челеби“
Џамија „Мустафа Челеби“ — стара османлиска џамија во градот Струга. Му припаѓа на Струшкото муфтиство на ИВЗ и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.
Џамија „Мустафа Челеби“ | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Струга, Македонија |
Координати | 42°10′42.3″N 20°40′52″E / 42.178417° СГШ; 20.68111° ИГД |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиски |
Завршен | XVI – XVII век |
Особености | |
Куполи | 1 |
Минариња | 1 |
Прогласен за | Споменик на културата |
Историја
уредиЏамијата е сместена источно од градскиот плоштад и реката Црн Дрим. Се наоѓа на улицата „Вардарска“, непосредно до амамот „Мустафа Челеби“. Градена е од крајот на XVI до почетокот на XVII век. Градбата била обновена во 1985 – 1986 година.[1] и понатаму реконструирана во 2010-тите.
Архитектонски опис
уредиХрамот претставува еднопросторна куполна градба со димензии од 7,25 × 7,40 м. Куполата лежи на осумстран плиток барабан, а преодот кон него е остварен со помош на тромпи. Осветлен е со прозорски окна сместени на североисточната, југоисточната и северозападната страна во два реда — во долниот има по два прозорци, а во горнииот под еден. Прозорците од југозападната страна се затворени од турбето кое е прилепено до ѕидот однадвор. Прозорците од долниот ред биле во камени рамки, засводени со натпрозорски ниши и завршуваат со прекршен лак и затворени со мушарабии. Тие елементи се отстранети при интервенцијата во 1985 – 1986 г. Куполата изворно била покриена со олово, подоцна заменето со лим.[1]
Минарето се наоѓа од западната страна на џамијата. Од осумаголниот постамент преминува во многуаголно тело, на което при врвот се наоѓа шерефето. Оградата на шерефето е метална и под неа има профилиран украс од вертикално поставени тули во три реда.[1]
Внатрешност
уредиВнатрешноста се одликува со сите елементи својствени на класичниот период период на османлиските џамии. Михработ, кој е сместен во профилирана правоаголна рамка, е во облик на полукружна ниша која на врвот завршува со сотно поставени тули во пет реда. Десно од него има дрвен минбер со прост облик и скромни украси. По целата ширина на северозападниот ѕид е сместен махвилот — галеријата од која се влегува во минарето. Во 1985 – 1986 година тремот пред грамот е претворен двокатен и сега е во една целина со молитвениот простор. Новиот трем е со керамиден покрив на четири води. Целата внатрешност е декорирана со украси при обновата во 1980-тите.[1]
Турбе и двор
уредиДо југозападниот ѕид по целата ширина е сместено турбе со осум гроба на шеици (богослови) од алветскиот ред, кој бил сместен во блиското бекташко Теќе „Халвети Хасан Баба“. Во влезот на турбето е гробот на Рифат-ефенди, а во другата просторија се гробовете на Хасан ибн Фејзулах, Кадри-ефенди, Ариф-ефенди, Феруш Ханим, Ќемал-ефенди, Саадет Ханим и Сакине Ханим. Турбето има покрив на три води со ќерамиди. Веријатно изградено е на почетокот на XVIII век.[1]
Во дворот на џамијата има голем број надгробни плочи.[1]
Санација и преизградба на помошна градба
уредиЏамијата била прогласена за културно наследство по нејзиното оштетување во несреќа откако во 2012 година помошната градба била опфатена од пожар.[2] Потоа тогашниот муфтија одлучил да го урне тој дел за да прави понова градба. Уривањето е запрено по интервенција за Заводот за заштита на спомениците и силни реакции од граѓаните[3], а муфтијата бил разрешен. Помошната градба бил преизградена, а самата џамија била санирана согласно нормите за заштитени споменици.[2] Тогаш градбата добила статус на „значајно културно наследство“.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Џамија Мустафа Челеби“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-07-05. Посетено на 18 август 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „Џамијата "Мустафа Челеби" во Струга се санира и реконструира“. Вечер. 9 декември 2014. Архивирано од изворникот на 2022-01-22. Посетено на 23 јануари 2022.
- ↑ „Ќе се реконструира Мустафа Челеби џамијата во Струга“. Канал 5. 31 мај 2013. Посетено на 23 јануари 2022.
- ↑ План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029) (PDF). Скопје-Охрид-Струга-Дебрца. 2020. стр. 298.
Надворешни врски
уреди- Џамија „Мустафа Челеби“ на Ризницата ?