Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Враништа

црква во селото Враниште

Воведение на Пресвета Богородица (позната и како Света Богородица - Пречиста) — средновековна црква и археолошко наоѓалиште[1] во селото Враништа, во чиј двор се наоѓаат и селските гробишта.[2] Таа прогласена за културно наследство на Македонија.[3] Се наоѓа на крајниот северен дел од селото, десно од патот кој води до селото Ложани. Жителите на селото таму се собираат на Духовден, Крстовден и Пречиста.

Воведение на Пресвета Богородица

Поглед од североисток на средновековната црква

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вранишка
Местоположба

Карта

Координати 41°12′50″N 20°39′46″E / 41.21389° СГШ; 20.66278° ИГД / 41.21389; 20.66278
Место Враништа
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба XI век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна
Стил базилика

Историја

уреди

Северно од селото Враништа се наоѓаат остатоци од манастир. Храмот бил посветен на „Пречистa“ т.е. Света Богородица Вранишка. Храмот е изграден во XI век. Дебелите ѕидови на овој храм се изградени од камен бигор кој е носен од селото Вишни кое се наоѓа на планината Јабланица. По овие остатоци се гледа дека тоа бил голем и доста познат манастир. Денешните жители оваа знаменитост ја нарекуваат „Кралска црква“.[4]

Со Решението бр. 158 од 2 декември 1953 година, градбата била прогласена за Споменик на културата од страна на тогашниот Централен завод од Скопје.[3]

На местото е извршено истражување од страна на Музејот на Македонија, под раководство на Димче Коцо, и се пронајдени остатоци од средновековната црква.[1]

Архитектура

уреди
 
Источната страна на која се наоѓа најстариот дел од храмот.

Оваа црква била разрушена и останати се делови од олтарниот простор, кои западно се повторно изѕидани со камен, со цел да се добие целина. Денешните остатоци претставуваат една мала правоаголна градба, која е покриена со керамиди на сите четири страни, и во која се влегува преку јужен влез. Во внатрешноста нема фрески, додека на таванот е поставена дрвена, ламперија. Пред источната апсида е изграден ѕид од камен, со врата на средината и простор за влегување од северната страна, а на него се поставени повеќе репродукции на икони.

Галерија

уреди
Надворешноста
Внатрешноста

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  3. 3,0 3,1 Игор Никовски (март 2023). „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. стр. 90. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 21 јули 2023.
  4. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 180–183.

Надворешни врски

уреди