Горан Ристовски


Горан Ристовски (Струга, 7 јануари 1987) — македонски графичар.

Горан Ристовски
Роден 7 јануари 1987
Струга , Македонија Македонија
Занимање графичар

ЖивотописУреди

Ристовски е роден на 7 јануари 1987 година во Струга. После средното образование во ДСУ „Нико Нестор“ се запишал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде во 2009 година дипломирал, на отсекот графика, насока графички дизајн, во класата на професор Димитар Малиданов. Тој досега имал самостојни поставки во неговиот роден град, а учествувал на дваесетина групни изложби во Македонија[1], Бугарија, Србија и Романија. Добитник е на наградата за најдобар едноминутен филм на „Скопје Филм Фестивал 2010“ и на втора награда за најдобар постер на конкурсот „Против цензура, за слобода на говорот“.

НаводиУреди

  1. „Изложба на графики на авторот Горан Ристовски“. Куманово њуз. 20 јануари 2011. Посетено на 2012-03-30.