Црква „Св. Никола“ - Враништа

црква во Враниште, Општина Струга

Свети Никола — главна црква во селото Враништа.[1] На денот на црковната слава во исто време е и селска слава и тука се одржува „ордија“ (панаѓур). На тој ден доаѓаат гости од соседните села и од градот. Домаќините на гостите роднини им приредуваат ручек во своите домови, додека за останатите гости се дава ручек кај самата црква.[2]

Свети Никола

Црквата во 2023

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вранишка
Местоположба

Карта

Координати 41°12′43″N 20°39′57″E / 41.21194° СГШ; 20.66583° ИГД / 41.21194; 20.66583
Место Враништа
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1804 (обновена)
Живопис 1804, 1868, 1879
Зограф Аврам Дичов
Водство отец Ристе Наумоски
Архитектонски опис

Историја

уреди

Извори за историјата на црквата има во Кодиката, или книга на дарувања, која била водена од 1804 до 1845 година, и од два ктиторски натписи од 1868 и 1879 година. Војските на Али-паша Јанински ја разрушиле црквата во почекото на 19 век, ги зеле ќерамидите и така црквата останала три години, според изворот во Кодиката. Кодиката споменува дека црквата била обновена[3] и живописана во 1804 година, со дозвола на Абаз-бет од Дебар, кој го имал купено Враништа како свој чифлик. За обновата, Враништанци биле заложени од охридскиот владика Калиник, да собираат пари. Струшката црковна општина дала 800 гроша. Фреските ги сликал Дојчин од Росоки со својот чирак Јован од Струга.[4] Црквата нема свод, тука има дрвена таваница.[5]

Фрескоживопис од 1804 година

уреди

Од фрескоживописот од Дојчин и Јован се зачувани две претстави на епископи. Тие се насликани челно на јужниот и северниот ѕид. Архиерејот на северниот ѕид е насликан како старец со седа коса и долга седа брада. Тој е прикажан со бел фелон и омофор околу вратот со евангелие во левата рака. На неговата сигнатура пишува го грчки букви „Ιγνατίος“ (се изговара Игнатиос, во превод Игнатиј) и веројатно се однесува на Игнатиј Богоносец. Од другата страна, архиерејот на јужниот ѕид е насликан како старец со кратка седа коса и кратка седа брада. Тој е прикажан со бел фелон и омофор околу вратот со затворено евангелие.[6]

Фрескоживопис од 1868 година

уреди
 
Ктиторскиот натпис (доле лево) од 1868 година.

Второто фрескоживописување претставува вториот слој и е сторен 1868 година на западниот дел на црквата. На крајниот западен агол се наоѓа и (донекаде оштетениот) криторскиот натпис кој ја наведува годината и авторот Аврам Дичов. Живописот на западниот дел е завршен на 10 мај 1868 година, во времето на епитропот Косте Ристов. Родното село Тресонче на Аврам Дичов, е споменато над крајните југозападни влезни врати.[7]

Фрескоживопис од 1879 година

уреди
 
Христограмот „ИС-ХС-НИ-КА“ и годината на делување (1879) на јужниот влез.

Третото сликање е повторно од Аврам Дичов кој тогаш го сликал наосот и западниот ѕид на надворешниот отворен трем од јужната страна на црквата. Сликарството ѕидовите на наосот е поделено во три зони: зона на цокле, зона на стоечки светци, и горна зона со евангелистите и сцени од циклусот на Големите празници и Христовите страдања.[5]

Во зоната на светци на јужниот ѕид се Св. Евстатиј Плакида насликан како старед со седа коса и брада, вооружено опремен и со крст во рака. До него е Св. Виктор кој е млад и голобрад со црна коса. Тој е исто така вооружен. До Св. Виктор (кон запад) е Св. Викентиј кој ги има истите одлики како соседниот светец. После Св. Викентиј е Св. Гурија.

Архитектура

уреди

Црквата е еднокорабно здание. Таа е правоаголна со малку издолжен западен дел веројатно со функција на припрата, или т.н. женска црква каде во недостаток на галериски простор со катна конструкција, каде за време на богослужбата стоеле женските верници. На источниот дел е олтарот и олтарната апсида со пет агли и две помали ниши во делот на проскомидијата и ѓакониконот.[8]

Црквата е градена од камен, со делумно користење на тула и малтер. Олтарната страна се издвојува бидејќи содржи поголеми блокови варовник. Тоа наведува дека олтарната апсида и источната фасада се остатоци од постарата средновековна градба. Тремот бил веројатно затворен односно направен во година.[8]

Музеј

уреди
 
Зградата на музејот во 2023 година.

Во рамките на прославата од 210 години обнова на храмот, на 2 мај 2014 година, бил отворен музеј во неговите простории. Музејот е археолошки и црковен музеј, како и галерија на икони. Во музејската поставка може да бидат видени многубројни археолошки предмети од различни периоди од неолитот преку бакарното време, па до бронзеното време. Средновековната изложбена поставка опфаќа неколку икони кои датираат од времето на XVI и XVII век, две икони од XIX век, дело на Аврам Дичов, како и неколку литургиски сребрени предмети. Особено се истакнува иконата на свети Никола со сцените од неговото житие, а која е една од ретките житијни икони во Македонија од овој период.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 180–183.
  3. 3,0 3,1 „СВ. МЧ. ТАЛАЛЕЈ И ОТВОРАЊЕ НА НОВИОТ МУЗЕЈ ВО ВРАНИШТА“. Дебарско-кичевска епархија. 2 мај 2014. Посетено на 1 ноември 2018.
  4. Цветковски, Сашо (2015). Црква Свети Никола Враништа. Струга: ИРИС. стр. 41. ISBN 9786082071459. |access-date= бара |url= (help)
  5. 5,0 5,1 Цветковски, Сашо (2015). Црква Свети Никола Враништа. Струга: ИРИС. стр. 63. ISBN 9786082071459. |access-date= бара |url= (help)
  6. Цветковски, Сашо (2015). Црква Свети Никола Враништа. Струга: ИРИС. стр. 49. ISBN 9786082071459. |access-date= бара |url= (help)
  7. Цветковски, Сашо (2015). Црква Свети Никола Враништа. Струга: ИРИС. стр. 51. ISBN 9786082071459. |access-date= бара |url= (help)
  8. 8,0 8,1 Цветковски, Сашо (2015). Црква Свети Никола Враништа. Струга: ИРИС. стр. 43. ISBN 9786082071459. |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски

уреди