Споменик на Револуцијата (Струга)
Споменик на Револуцијата ― споменик во Струга, кој е дело на Војислав Васиљевиќ. Главниот елемент на комплексот е голем неправилен бетонски обелиск висок приближно 18 метри. Околу него се поставени долги скали, место за седење и мал амфитеатар. Споменикот одбележува комеморацијата на 335 паднати борци од Струга/Струшко кои загинале за време на НОВ, заедно со сите 3.000 партизани од целиот регион.[1]
Споменик на Револуцијата (Струга) | |
---|---|
Споменикот во 2022 година | |
Место | Струга |
Проектант | Војислав Васиљевиќ |
Тип | обелиск |
Материјал | бетон и арматура |
Висина | 18 м |
Завршен | 1974 |
Отворен | 8 ноември 1974 година |
Местоположба
уредиСпоменикот се наоѓа на плоштадот „Маршал Тито/Мајка Тереза“, во непосредна близина на поранешната зграда на Општина Струга која се наоѓа североисточно од споменикот.
Историја
уредиВо 1971 година, групи на борци ветерани и локалната самоуправа на Општина Струга започнале да прават планови за создавање на комплекс „споменик“ во средиштето на градот во знак на сеќавање на паднатите партизани во регионот кои паднале и се бореле за време на НОБ. Југословенскиот дизајнер Војислав Васиљевиќ на крајот бил избран од општинската власт да го дизајнира и создаде споменикот, заедно со околната меморијална инфраструктура на местото. Комплексот требал да биде сместен токму во средиштето на Струга, источно од реката Црн Дрим кај плоштадот „Маршал Тито“. Комплексот бил службено откриен пред јавноста на 8 ноември 1974 година, датум избран со цел да се одбележи 30-годишнината од ослободувањето на Струга.[1]
Галерија
уреди-
Обелискот во 2009 година
-
Обелискот во 2011 година
-
Обелискот во 2011 година
-
Обелискот во 2012 година
-
Обелискот во 2013 година
-
Пораката на споменикот
-
Цртеж со партизани
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Struga (Струга)“. spomenikdatabase.org. 26 август 2012. Архивирано од изворникот 2022-05-21. Посетено на 10 ноември 2022.
Надворешни врски
уреди„Споменик на Револуцијата (Струга)“ на Ризницата ? |