Двери од црква „Св. Никола“ - Враништа
Двери на црквата „Св. Никола“ ― зачуван предмет односно двери од средината на 16 век сместени при Музејот на црквата Црква „Св. Никола“ во Враништа.
Опис
уредиДверите од црквата Црква „Св. Никола“ се целосни сликани и во однос на тоа покажуваат голема блискост со слични струшки примери од тој период. На едното крило е претставен Архангел Гаврил во благо движење и со испружена рака пред себе ја благословува Богородица, а во левата рака држи расцутена палка профилирана и украсена со наизменично редење на округли бисерни примени. Крилата му се темнокафеавени и моделирани со потези на бела и сива боја во потсликаните делови во средината и по краевите. Сигнатурата на архангелот, односно буквата „Г“ е испишана во неговиот нимб.[1] Богородица (лево на дверите) е застаната на низок подножник пред престолот без насло на кој се положени две перничиња украсени со низи од бисери. Престолот е скромно украсен и на него се издвојува само хоризонталниот низ на малите вретеновидни примени врамени со бисерни низи. Богородица на себе носи темнозелен хитон и светлозелен мафорион, во левата рака држи црвено предиво, а десната рака е под мафорионот и се гледа само дланката преку која е префрлено вретеното и со која укажува кон архангелот. Просторот во позадината е решен со куполести архитектонски градби во горниот дел од двери со истакнување и на најситните подробности како обликот на прозорците и развеаните црвени драперии и завеси. Над фигурата на архангелот е допојасјето на младиот пророк Соломон, а над Богородица е пророкот Давид.[2]
Наводи
уреди- ↑ Цветковски, Сашо (2015). Црква Свети Никола Враништа. Струга: ИРИС. стр. 17. ISBN 9786082071459.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Цветковски, Сашо (2015). Црква Свети Никола Враништа. Струга: ИРИС. стр. 17-18. ISBN 9786082071459.
|access-date=
бара|url=
(help)
Надворешни врски
уреди- Двери од црква „Св. Никола“ - Враништа на Ризницата ?