Дервиш Хима (албански: Dervish Hima) — албански политичар од XIX век. Како издавач и револуционер патувал од земја во земја за да ја промовира Албанија во статии и памфлети.[1]

Дервиш Хима
Лични податоци
Роден(а) Ибрахим Мехмет Наџи
1872
Охрид, Битолски Вилает, Отоманско Царство
Починал(а) 13 април 1928(1928-04-13) (возр. 56)
Тирана, Кралство Албанија
Националност Османлиско Царство Османлија
Албанија Албанец
Народност Албанец
Занимање издавач, политичар
Вероисповед ислам

Животопис

уреди
 
Број 106 на егзархискиот весник „Вести“, четврток, 20 мај 1910 година, интервју со Дервиш Хима.

Роден бил како Ибрахим Мехмет Наџи (албански: Ibrahim Mehmet Naxhi) во 1872 година во Охрид, тогаш во рамките на Отоманското Царство. Основно образование завршил во Охрид, а средно во Солун. Подоцна се запишал на Вишото воено-медицинско училиште во Константинопол, меѓутоа прекинал да ја следи наставата само после две години. Бил уапсен од османлиските власти заради говор, кој го одржал во Скадар, а се однесувал на независноста на Албанија. Во Букурешт го уредувал периодичното издание од краток век Pavarësia e Shqipërisë („Независноста на Албанија“), кое се појавило во 1898 година на албански, француски и романски јазик. Во октомври следната година, бил приморан да ја напушти Романија и да замине за Рим, каде заедно со Мехмед-беј Фрашери соработувале на двонеделникот Zën’i Shqipënisë („Гласот на Албанија“), кој бил објавуван на француски и албански јазик. Во 1903 година, Дервиш Хима го издавал двонеделникот L’Albanie („Албанија“), во Женева, кој подоцна се печател во Брисел како месечник. Во 1909 година тој се наоѓал во Константинопол, каде го објавува неделникот Shqipëtari-Arnavud („Албанец“). Во меѓувреме пишувал и објавувал и книги. Тој е еден од потписниците на Декларацијата за независност на Албанија (албански: Deklarata e Pavarësisë, Shpallja e Pavarësisë) во 1912 година.[2]

 
Четата на Дервиш Хима.

Имал придонес за зближувањето на македонските и албанските чети против новата српска власт и учествувал во месното Охридско-дебарско востание од 1913 година.

Дервиш Хима умрел во Тирана во 1928 година и бил погребан со високи почести.

Наследство

уреди

Неговото име носи и улица во Скопје.[3]

 
Бистата во Струга.

Во негова чест, во Струга се наоѓа биста од него. Се наоѓа на кејот „8 Септември“, на десната страна на реката Црн Дрим.

Наводи

уреди
  1. Robert Elsie. „Historical dictionary of Albania“ (PDF) (англиски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-06. Посетено на 30 јули 2012.
  2. "History of Albanian People" Albanian Academy of Science.ISBN 99927-1-623-1
  3. „Кратка биографија на http://www.press24.mk посетен на 9 мај 2012“. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2016-03-12. Надворешна врска во |title= (help)