Црква „Св. Никола Дримени“ - Струга
Свети Никола Дримени — малечка црква која се наоѓа на левата страна на реката Црн Дрим во средиштето на Струга. При ѕидањето на црквата се откриени темелите на старата црква, но не се зачувани податоци за нејзиниот облик. Нејзиниот патронен празник е 19 декември кога редовно се изведува црковна богослужба.
Свети Никола Дримени
| |
Поглед кон црквата во 2022 година | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Прва струшка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Струга |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1983 |
Осветување | 10 октомври 1983 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиСе претпоставува дека првата црква „Св. Никола Дримени“ била изградена во стара Струга, која ја покажуваат 15 мин одење југозападно од денешната крај Езерото, каде што постоел некаков вид на параклис. Велат дека стариот град се викал Дримени и дека бил голем град со 16 000 куќи и 24 цркви, со плоштад и палати на столбови. Се смета дека кога е бистро езерото можат во него да се видат калдрми и ѕидови. Од оваа населба се претпоставува дека дошло и името на црквата „Св. Никола Дримени“. Денешната градба била изграден и осветена на 10 октомври 1983 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[1]
Поврзано
уредиГалерија
уреди-
Црквата гледана од северозапад во 2009 година
-
Црквата гледана од запад во 2009 година
-
Црквата гледана од запад во 2012 година
-
Црквата гледана од исток во 2012 година
-
Црквата гледана од северозапад во 2013 година
-
Црквата гледана од југоисток во 2022 година
-
Црквата гледана од југ во 2022 година
Наводи
уреди- ↑ „Прва струшка парохија - цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 2010-05-19.
Надворешни врски
уреди„Црква „Св. Никола Дримени“ - Струга“ на Ризницата ? |
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |