Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“ - Враништа

црква во Враништа, Општина Струга

Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“црква во селото Враништа. Се наоѓа во северозападниот дел на населеното место, односно десно од патот кој води кон Велешта.

Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“

Црквата во 2023 година

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вранишка
Местоположба

Карта

Координати 41°12′43.21″N 20°39′47″E / 41.2120028° СГШ; 20.66306° ИГД / 41.2120028; 20.66306
Место Враништа
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Гаврил и Архангел Михаил
Изградба 24 мај 2015 година (нова градба)
Завршено 1992 (стара градба)
Архитектонски опис

Историја

уреди

Првично, храмот бил параклис изграден во 1992 година, во кој имало поставени неколку икони.

Камен-темелникот за изградба на новата градба е поставен на 24 мај 2015 година, од парохискиот свештеник Ристе Наумоски и архиерејскиот намесник протоереј ставрофор Илија Танаскоски,а со овластување и благослов на митрополитот Тимотеј. Црквата е целосно изградена и не е осветена.

Влезните врати на новата градба биле изработени во копаничарското ателје на Новица Столески.[1]

Архитектура

уреди

Новиот храм претставува мала правоаголна висока градба, со впишан крст со кратки краци во основата. Средишно над наосот е изградена осмострана купола со 4 прозорци. Влезот од западната страна е поткренат со три скалила. Црквата е изградена од бетонска конструкција и обработен камен.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Влезна врата во црковниот храм „Собор на Св. Архангел Михаил, с. Враништа, струшко“. dveri.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-24. Посетено на 24 јули 2023.

Надворешни врски

уреди