Црква „Св. Атанасиј“ - Враништа

црква во Враниште, Општина Струга

Свети Атанасијцрква во селото Враништа. Сместена е во југозападниот дел од селото, на пространа тревна површина.[1]

Свети Атанасиј

Црквата во 2023 година

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вранишка
Местоположба

Карта

Координати 41°12′29.95″N 20°39′45.61″E / 41.2083194° СГШ; 20.6626694° ИГД / 41.2083194; 20.6626694
Место Враништа
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 2018 (нова градба)
Рушење 2018 (стара градба)
Архитектонски опис

Историја уреди

Храмот првично бил од мали димензии, но бил срушен за да биде изграден храм со поголеми димензии. На 4 август 2018 година, бил поставен камен темелник на новата градба.[2]

Согласно мај 2023 година, црквата е уште во изградба во нејзиниот внатрешен дел.[3]

Архитектура уреди

 
Старата градба во 2018 година.

Старата градба на црквата била со правоаголна основа и апсида во задниот дел. Влезот бил сместен на западната страна и до внатрешноста води метална врата на која имало метален ков со името на црквата. Внатрешноста на црквата не била зографисана. Ѕидовите од внатрешната страна биле покриени со ламперија, а во олтарот имало слики на светци и икони, меѓу кои средишно место заземало онаа на патронот Атанасиј Александриски. Црквата била изградена од камен со дрвен калкан истакнат нанадвор од предната страна. Покриена била со кров од ќерамиди, додека апсидата била покриена со лимен покрив.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 43. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Св. Атанасиј Велики - Село Враништа Струга 4/8/2018. Црква „Св. Атанасиј“, Враништа: skyProduction R. 4 август 2018. Ej-urInqvoU. https://www.youtube.com/watch?v=Ej-urInqvoU. 
  3. „Денешниот празник Св.Атанасиј одбележан во истоимената црква во Враништа“. ohrid1.com. 15 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-07-24. Посетено на 24 јули 2023.

Надворешни врски уреди