Македонско-косовски односи
Македонско-косовски односи се дипломатски односи меѓу Република Косово[a] и Република Македонија.
Македонија |
Косово |
---|---|
Дипломатска мисија | |
Амбасада на Македонија, Приштина | Амбасада на Косово, Скопје |
Дипломатски претставник | |
Амбасадор Шпреса Јусуфи | Амбасадор Ѓерѓ Дедај |
Дипломатски односи
уредиНеформалните односи започнале на 9 октомври 2008 година кога Македонија го признала Косово по нејзиното прогласување независност од Србија на 17 февруари истата година.[1][2] Во октомври 2009 година, Косово потпишало договор за повторно прилагодување на границата со Македонија со размена на некои земји.[3] На 17 октомври 2009 година, републиките службено воспоставиле дипломатски односи.[4] На 12 ноември 2009 година, Македонија ја надградила својата Канцеларија за врски во Приштина во Амбасада; наскоро требал да биде именуван амбасадор.[5] Косовската амбасада во Албанија е акредитирана во Македонија.[6]
Патување
уредиМакедонија го признала косовскиот пасош на 12 јули 2008 година пред целосното дипломатско признавање на Република Косово. Граѓаните на Република Косово можат да останат 90 дена без виза во Македонија. Граѓаните на Македонија можат да останат во Република Косово 90 дена без виза.[7]
Историја
уредиПред признавањето, претседателот Бранко Црвенковски рекол „Република Македонија ќе одлучи за својот став кога ќе сметаме дека е најсоодветно за нашите интереси. [Република Македонија] би го следела ставот на НАТО и на Европската унија за Косово, но нациите во двете организации допрва треба да заземат заеднички став.“[8][9] Демократската партија на Албанците ја напуштила владината коалиција на 13 март 2008 година, откако не ги исполни нивните шест барања, признавајќи ја независноста на Косово како едно од нив. Сепак, таа се вратила на 24 март 2008 година, откако побарала признавање на Косово.[10] На 27 март 2008 година, министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски ја даде следнава изјава: „Во поздравување на конструктивната позиција на Република Македонија во однос на Косово, Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент изрази загриженост поради доцнењето на техничка демаркација на границата Република Македонија-Косово и побара ова прашање да се реши согласно предлогот на Ахтисари“.[11] Ова ја повтори поддршката на Македонија за планот на Ахтисари за Косово, кој бил одобрен од Министерството за надворешни работи една година претходно, на 30 март 2007 година.[12] На 10 јули, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Петар Чулев, објавил дека Македонија ќе прифати нови косовски пасоши.[13] Али Ахмети, водач на партијата Демократска унија за интеграција, рекол дека Македонија ќе го признае Косово откако ќе се решат проблемите околу демаркацијата на границата.[14] (Демократската унија за интеграција била член на владината коалиција, но Ахмети немал никаква улога како министер во владата.) Македонија има 158.7 км граница со Косово. На 12 мај 2009 година Ѓорге Иванов станал нов претседател на Македонија. Набргу по неговата инаугурација, Иванов го поканил косовскиот претседател Фатмир Сејдиу да биде првиот државник што ќе ја посети Македонија во неговиот мандат, но Сејдиу ја откажал посетата на Македонија, бидејќи посетата била планирана да биде неформална средба. Косовската страна очекувала целосна службена средба меѓу двајца државници. Следните недели имало нешто како криза во односите на двете земји. Имало дури и шпекулации дека Македонија може да ја врати одлуката да го признае Косово како независна држава. Сепак, Скопје службено негирало дека сака да го врати признавањето на Косово. Односите било нормализирани наскоро на регионален состанок.
Билатералните односи меѓу двете соседни земји биле оценети како добри, а македонските Албанци се сметаат за силен мост за поврзување со Косово. Во декември 2021 година, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, го посетил Косово. Ова бил првпат претседател на оваа соседна земја да го посети Косово во службена посета.[15][16] Во март 2022 година, претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, на средбата со претседателот на Република Косово, Вјоса Османи, во Приштина изјавил дека Македонија безрезервно го поддржува членството на Косово во НАТО, Советот на Европа и другите меѓународни организации.[17][18]
Галерија
уреди-
Генералниот конзулат во Струга
Поврзано
уредиЗабелешки и фусноти
уредиЗабелешки:
а. | Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН. |
Наводи:
- ↑ „Macedonia recognizes Kosovo“. MIA.com.mk. Скопје: Macedonian Information Agency. 9 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 15 октомври 2008. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Montenegro, Macedonia recognize Kosovo - Summary“. Архивирано од изворникот на 2019-08-21. Посетено на 2022-11-09.
- ↑ „Latest AP - World Headlines“. CBS News. Архивирано од изворникот на 21 август 2019. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Kosovo and FYR of Macedonia establish diplomatic relations“. New Kosova Report. 18 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 22 октомври 2009. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Maqedonia hapë ambasadën në Prishtinë“. Telegrafi.com. 11 ноември 2009. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ "Kosovo Plans Diplomatic Offensive for '09" balkaninsight.com 26 декември 2008. Пристапено на 9 ноември 2022.
- ↑ "Visa Regime of the Republic of North Macedonia Towards Other Countries, Special Administrative Regions and Entities and Territorial Authorities that are not recognised as States" Архивирано на 16 ноември 2008 г. Official website (mfa.gov.mk) Пристапено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Macedonia's president cautious on Kosovo, dispute with Greece“. International Herald Tribune. 26 февруари 2008. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Kosovo Neighbours Wary Of Recognition“. Balkan Insight. 26 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 1 март 2008. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ "Albanian party in Macedonia returns to government"[мртва врска][мртва врска], Reuters, printed in Today's Zaman, 24 март 2008. Пристапено на 9 ноември 2022.
- ↑ "Press release: THE COMMISSION ON FOREIGN AFFAIRS OF THE EUROPEAN PARLIAMENT IN BRUSSELS ADOPTS THE 2007 PROGRESS REPORT ON THE REPUBLIC OF MACEDONIA" [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}., Ministry of the Foreign Affairs:Media Center, 27 март 2008. Пристапено на 9 ноември 2022.
- ↑ "Press release: INFORMAL MEETING OF MINISTERS OF FOREIGN AFFAIRS OF THE EUROPEAN UNION MEMBER-STATES" [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}., Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia: Media Center, 30 март 2007. Пристапено на 9 ноември 2022.
- ↑ North Macedonia to Accept Kosovo Passports
- ↑ „Recognition of Kosovo by Macedonia not far: DUI leader“. Focus Information Agency. 23 август 2008. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „President Pendarovski at the press conference with Kosovo President Vjosa Osmani: We are ready to contribute to an infrastructure advanced and economically prosperous region“. President of the Republic of North Macedonia. 15 декември 2021. Архивирано од изворникот на 2022-11-09. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ SADRIU, President of the Republic of Kosovo-DR VJOSA OSMANI-. „President Osmani received the President of North Macedonia, Stevo Pendarovski“. President of the Republic of Kosovo - DR. VJOSA OSMANI - SADRIU. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ SADRIU, President of the Republic of Kosovo-DR VJOSA OSMANI-. „President Osmani received the Speaker of the Parliament of North Macedonia, Mr. Talat Xhaferi“. President of the Republic of Kosovo - DR. VJOSA OSMANI - SADRIU.
- ↑ „Xhaferi: North Macedonia supports Kosovo's membership in international organizations“. KosovaPress. 4 март 2022. Посетено на 9 ноември 2022.