Википедија:Одземање на администраторски статус/Brest/2
- Следнава дискусија е зачувана како архивирано барање за отстранување на администраторски статус кое е успешно. Ве молиме, не менувајте ја оваа страница.
Образложение
уредиПоради долговремено отсуство од работните обврски поврзани со администрирањето на Википедија на македонски јазик и повремено злоупотребување на овие права, со што во минатото беа нанесени значителни штети и избувнаа неколку спорови меѓу членовите на заедницата, предлагам да се започне постапка со дискусија за одземање на администраторските права на корисникот Brest. Како доказ за неговата неактивност го наведувам следното:
- Последното негово уредување на Википедија на македонски јазик е извршено на 6 ноември 2014 година и претставува враќање на уредување на корисник кој го отстранил неговото име од списокот на неактивни во полуактивни администратори (доказ). Со оглед на тоа што неговото претпоследно уредување е извршено на 19 април 2014 година, мислам дека неговото вклучување во списокот на активни администратори, како такво, е неоправдано и целосно се коси со текстот којшто е наведен на самата страница.
- Последната администраторска активност на Википедија на македонски јазик е извршена на 26 септември 2014 година, со којашто администраторот врши незначителна промена на неговото членство во различни кориснички групи. Ваквото администраторско дејство мислам дека не е од никаква помош за заедницата во справувањето со секојдневните проблеми. Претпоследната администраторска активност, пак, е извршена на 5 март 2014 година (доказ).
Како доказ за неговата злоупотреба на администраторските права се повикувам на претходното барање за нивно одземање, а меѓу нив ќе набројам само неколку:
- управување со Brest-bot во масовно создавање на илјадници пренасочувања кон статии на Википедија на македонски јазик без претходна консултација со заедницата;
- бришење на страницата МедијаВики:Sitenotice којашто служи за објавување на соопштенија за известување на читателите во врска со неодамнешните случувања без претходна консултација со заедницата;
- ширење на говор на омраза кон корисници на Википедија на македонски јазик.
Исто така, сметам дека бројот на неактивни администратори е преголем и потребно е да се ослободи простор за активните корисници кои не располагаат со овие права. Ве молам да го изнесете вашето мислење и да гласате.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:11, 18 јануари 2015 (CET)[одговори]
(0/0/0); Закажано да заврши во 04:11, 25 јануари 2014 (CEST)
За
уреди- Исто како и минатиот пат, и овој пат ќе гласам „за“ одземање на правата, затоа што во целост се согласувам со искажаните работи погоре на страницава, а особено делот со илјадниците пренасочувања, за кои ни се смејат сите други јазични изданија, а и не мора некој од надвор да ми каже нешто за кое сите ние секојдневно се нервираме. Барем, откако веќе ја увидел грешката која ја направил, фер ќе беше од негова страна како корисник и да најде решение со кое проблемот би се разрешил, а не и по две години од последното создадено пренасочување да не се огласи на оваа тема. Потоа, како корисникот Брест, така и останатите неактивни администратори, едноставно не придонесуваат на нашата Википедија воопшто или многу малку, па поради тоа не ја ни гледам смислата од тоа токму тие да бидат администратори, кога ги нема ни како уредници, а уште помалку и како администратори. Со ова само се дава лажна слика за нашата активност како Википедија, имајќи 17 администратори, а одвај половина од нив учествуваат во нејзината работа. --Ehrlich91 (разговор) 12:20, 18 јануари 2015 (CET)[одговори]
- - Виолетова (разговор) 13:35, 19 јануари 2015 (CET)[одговори]
- Мислам дека сè е кажано уште одамна, а неговата неактивност како администратор и воопшто како корисник само го зајакнува сето тоа. Со овој глас го потврдувам поднесувањето на оваа номинација.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:55, 19 јануари 2015 (CET)[одговори]
- --Никола Стоіаноски 14:50, 19 јануари 2015 (CET)[одговори]
- --Р ашо 16:27, 19 јануари 2015 (CET)[одговори]
- --Б. Јанкулоски (разговор) 16:30, 19 јануари 2015 (CET) Од истите причини што ги наведовме во претходните дискусии и образложувања на оваа тема.[одговори]
- - Инокентиј (разговор) 16:35, 19 јануари 2015 (CET)[одговори]
- --M4r51n (разговор) 16:35, 19 јануари 2015 (CET)[одговори]
- Мислам дека овој администратор има направено многу штета на Википедија. Wikimk (разговор) 17:35, 20 јануари 2015 (CET)[одговори]
- --Еден Македонец (разговор) 18:23, 20 јануари 2015 (CET)[одговори]
- -- Останувам при својата одлука од првиот пат, самото негово отсуство во последните нешто повеќе од година дена покажува дека ова барање е исправно и можеби човекот веќе расчистил со википедија и нема намера понатаму да се занимава со ова. Carshalton (разговор) 22:47, 21 јануари 2015 (CET)[одговори]
Против
уредиВоздржан
уредиНа крајот на гласањето, 11 корисници гласале „за“, без ниту еден глас „против“ со што е постигнат критериумот од 75% од гласовите да бидат „за“ за да се одземат правата. --Ehrlich91 (разговор) 23:25, 25 јануари 2015 (CET)[одговори]
Горната дискусија за отстранување на администраторски статус е зачувана како архива на дискусијата. Ве молиме не ја уредувајте. Дополнителните коментари би требало да се додаваат на соодветната разговорна страница (како разговорната страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Не треба да се прават никакви дополнителни уредувања на оваа страница.