Важно: Внимателно прочитајте ја статијата и, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ оставете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија. На сличен начин, не оставајте гласови „Пеотив“ или „Воздржан“ без образложение за она коешто сметате дека треба да се подобри во статијата.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да гласа со {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги соодветните предлошки. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.
Одлуката за прогласување на „избрана статија“ се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, а вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку три.
Јосиф бил потомок на Давидовото царско семејство, а според него, Исус бил потомок на Давид. Тој работел како сиромашен дрводелец во Назарет и во негова близина Исус го поминал детството и младоста, живеејќи едноставен живот. Христијаните го слават Јосиф, сопругот на Марија и таткото на Исус како светец и како божји избран, кому Бог му доверил да биде глава на назаретското семејство во кое се остварило олицетворението на Исус.
Покрај работата со дрводелтсво, Јосиф бил верник. Тој се молел и го читал Светото писмо, се согласил да ја изврши Божјата волја и да прави добри дела низ целиот свој живот. Јосиф бил толку подготвен да верува во Бога што не се сомневал ниту кога Бог му зборувал во соништата. Бог му рекол во сон да ја земе Марија за жена и да не се плаши од она што е зачнато во неа. Подоцна, тој исто така преку ангел му рекол да ги земе Марија и детето и да оди во Египет, а после да се врати од Египет во одредено време и да се смести во Назарет. Со други зборови, Јосиф бил добро упатен во божјите говори. Тој бил побожен човек, знаел да тргне по вистинскиот пат. Бил скромен и тивок, никогаш не се фалел пред луѓето. Јосиф имал благородна душа. Исто така, тој ги примил Марија и Исус под својот покрив, ги следел низ животот и ги бранел, хранејќи ги со делата од неговите раце. Во душата тој бил праведен човек, односно светец, достоинствен сопруг на Марија, небесната царица и чувар на Исус, Синот божји. Јосиф заедно со Марија и Исус го сочинуваат Светото семејство. Празникот Св. Јосиф се слави на 19 март за католиците, на 1 мај, споменот на Св. Јосиф Работникот (католицизам), и во недела после Божиќ, споменот на Св. Јосиф Обручник за православните христијани. (Дознајте повеќе...)