Pta345MK
Добре дојде!
Здраво, Pta345MK, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 22:10, 22 септември 2020 (CEST)
Уредник
уредиЗдраво, ти доделив статус на уредник, со што твоите уредувања сега ќе бидат автоматски одобрувани. Продолжи и понатаму со добрата работа. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 11:09, 25 јануари 2021 (CET)
Извори
уредиЗдраво Pta345MK. Ќе ти препорачам еден совет. Кога наведуваш извори во статија, бриши го шаблонот кој стои на почетокот од статијата која ја уредуваш (без извори). Ти посакувам пријатна работа. Поздрав--Тиверополник (разговор) 21:31, 27 јануари 2021 (CET)
Доделување на награда од 1lif1ref
уредиЗдраво Pta345MK, ви пишувам во врска со освоеното второ место на уредувачкиот натпревар. Имено, како што си беше и наведено, за учеството во натпреварот следуваа награди, па така, наградата беше 5 илјади вредносен ваучер за вашето освоено второ место.
Мојата адреса е nikolamilosevski.wiki@gmail.com и таму можеме да разговараме во врска со предавањето на ваучерот. Поздрав, Dandarmkd (разговор) 12:45, 19 февруари 2021 (CET)
Уредувачки натпревар „Диносауруси“
уредиЗдраво, извини за доцнењето при оценувањето на статиите дел од уредувачкиот натпревар „Диносауруси“. Истите ќе бидат оценети во текот на неделава. Од 1 април ќе започне редовниот натпревар за Средна и Источна Европа, па сакав чисто да известам дека овој натпревар не е заборавен. --Ehrlich91 (разговор) 16:35, 30 март 2021 (CEST)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
уредиЗдраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)
Промени во статијата Локални избори 2021 - Скопје
уредиЗдраво Pta345MK, сакам да те известам дека во статијата за претстојните локални избори во Скопје ги отстранив твоите промени во врска со кандидатурата на Александар Тортевски. Причините можеш да ги видиш на страницата за разговор, како и слободно да ги искоментираш. Поздрав и убав ден! :) --M4r51n (разговор) 15:57, 29 август 2021 (CEST)
CEE Spring 2021 - Hall of Fame
уредиHallo Pta345MK, danke fürs Mitmachen und Gratulation zum Platz in der meta:Wikimedia CEE Spring 2021/Hall of Fame! Für alle dort Gelisteten liegen Päckchen mit kleinen Anerkennungsgeschenken bereit. Wenn Du Deines erhalten möchtest sende mir bitte eine Adresse (an manfred.werner wikimedia.at), an die wir es schicken können. Die Daten werden selbstverständlich streng vertraulich nur für diesen Zweck genutzt.
Thank you for your contributions and congratulation for your place in the meta:Wikimedia CEE Spring 2021/Hall of Fame! For all contributors listed there we have prepared parcels with some little gifts. If you like to receive yours please let me know an address where to send it. Of course the data will be kept confidential and only be used for this shipping.
Herzliche Grüße, Regards,
Manfred Werner (WMAT) (разговор) 13:42, 8 септември 2021 (CEST)
Состав на Совет на Град Скопје
уредиЗдраво. Со внесот на резултатите од последните неколку избирачки места во Општина Ѓорче Петров, ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден советник и сега имаат 18 за сметка на ДУИ кои загубија еден и сега имаат 5 советника во Советот на Град Скопје. До крај останува да се внесат резултатите уште од ИМ бр. 2590 во Волково, но врз основа на резултатите на тоа ИМ од минатогодишните парламентарни избори не верувам дека таму ДУИ може да направи доволно голема разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ за да го врати советничкото место, па затоа мислам дека може уште од сега да се обнови информативниот график за составот во Советот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:03, 20 октомври 2021 (CEST)
Локални избори во Град Скопје
уредиЗдраво. Пред неколку дена забележав дека учествата на гласови на кандидатите во % коишто се наведени во табелата се разликуваат од оние прикажани на графикот веднаш подолу. Се обидов да ги усогласам, но во табелата автоматски се пресметуваат во однос на вкупниот број важечки гласови, а на графикот се прикажани во однос на вкупниот број гласови и оттаму разликата. Понатаму, информативниот график за составот во Општина Центар треба да се измени затоа што ВМРО-ДПМНЕ имаат 8 советници, а ЛДП/ДОМ немаат ниеден. За крај, мислам дека можеби е подобро да се изберат други бои за советничките места на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица затоа што користењето на различни нијанси на црвено го отежнува разликувањето. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:52, 25 октомври 2021 (CEST)
- Графикот за Општина Центар е изменет. Ги средив и процентите, во Модул:Election results гласовите за секој кандидат се прикажуваа како процент од вкупниот број важечки ливчиња. Во однос на боите не знам колку релано има простор за маневри. За ВМРО-ДПМНЕ може да се искористи портокалова ( #ff6600 ) која како боја им е прилично застапена во нивниот визуелен идентитет. Левица и СДСМ користат исклучиво црвена боја, а веќе постоечките според мене се доволно различни. Поздрав. Pta345MK (разговор) 20:44, 25 октомври 2021 (CEST)
Наслови на статии за монарси
уредиЗдраво. Забележав дека бев претркан во преименувањето на принцот од Велс во крал. Според нашите норми, титулата оди појаснително во загради, а истото важи и за огромен број други јазици. Така, насловот ќе биде „Чарлс (крал на Обединетото Кралство)“. Ова е многу одамна воспоставена практика и одговара на практиката на речиси сите јазици. Патем, овој наслов на статијата е привремен, до моментот кога ќе биде одлучено владетелското име, во кој случај би било Чарлс IIII или Џорџ VII, па статијата ќе гласи така. Б. Јанкулоски (разговор) 20:24, 8 септември 2022 (CEST)
- Сето ова веќе не важи. Веќе е избрано името Чарлс III. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:49, 8 септември 2022 (CEST)