Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.
Одлуката за прогласување на „избрана статија“ се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, а вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку три.
Свети Јосиф — фигура во евангелијата, сопруг на Марија, мајката на Исус и очув на Исус. Со папската одлука »Quemadmodum Deus« Пиj IX на 8 декември1870 г. го прогласил за заштитник на универзалната Римокатоличка црква. Св. Јосиф е исто така заштитник на Вториот ватикански собор, а од 2013 година на Ватикан. Во римокатоличките, православните и англиканските христијански традиции, тој се смета како Свети Јосиф. Јосиф бил потомок на Давидското кралско семејство, а според него, Исус бил потомок на Давид. Тој работел како сиромашен дрводелец во Назарет и во негова близина Исус го поминал детството и младоста, живеејќи едноставен живот. Христијаните го слават Јосиф, сопругот на Марија и oчувот на Исус како светец и како Божји избран, кому Бог му доверил да биде глава на назаретското семејство во кое се остварило олицетворението на Исус.
Покрај работата со дрводелтсво, Јосиф бил верник. Тој се молел и го читал Светото писмо, се согласил да ја изврши Божјата волја и да прави добри дела низ целиот свој живот. Јосиф бил толку подготвен да верува во Бога што не се сомневал ниту кога Бог му зборувал во соништата. Бог му рекол во сон да ја земе Марија за жена и да не се плаши од она што е зачнато во неа. Подоцна, тој исто така преку ангел му рекол да ги земе Марија и детето и да оди во Египет, а после да се врати од Египет во одредено време и да се смести во Назарет. Со други зборови, Јосиф бил добро упатен во Божјите говори. Тој бил побожен човек, знаел да тргне по вистинскиот пат. Бил скромен и тивок, никогаш не се фалел пред луѓето. Јосиф имал благородна душа. Исто така, тој ги примил Марија и Исус под својот покрив, ги следел низ животот и ги бранел, хранејќи ги со делата од неговите раце. Во душата тој бил праведен човек, односно светец, достоинствен сопруг на Марија, небесната кралица и чувар на Исус, Синот Божји. Јосиф заедно со Марија и Исус го сочинуваат Светото семејство. Празникот св. Јосиф се слави на 19 март за католиците, на 1 мај, споменот на св. Јосиф работникот (католицизам) и во недела после Божиќ за православните христијани. (Дознајте повеќе...)
Ве молам видете повторно. Направив целосна обработка. Додадов тоа што е најважно. Не мислам статијата е далеку од избрана. Баш напротив. Навистина има убави работи напишано и кажано. Ако најдете некоја грешка или пак мислите дека треба да додатете нешто, ве молам направете го. Многу ќе помогне. Се надевам сега е во ред. :) Andrew012p (разговор) 13:34, 13 јануари 2021 (CET)[одговори]
Ehrlich91, толку има од проширување. Опфатено и пишано е се', особено најважното за споммувања во евангелијата, новиот завет и заштитништво. Според мене убаво е напишано и објаснато. Треба да биде избрана но тоа е тоа. Да сме живи и здрави. Поздрав. :) Andrew012p (разговор) 13:18, 16 јануари 2021 (CET)[одговори]
Ја погледнав повторно статијата и, точно е дека се направени подобрувања, но и натаму статијата ги има горе-долу истите проблеми. Во продолжение поконкретно наведувам некои од нив.
Содржината делува дека е преведувана од статијата на англиски јазик, но очигледно е дека не е преведена до крај, а тоа се огледа и по скратените делови и помалиот број на наводи. Според тоа, статијата не е сеопфатна затоа што очигледно е дека има лесен пристап до повеќе информации, а тоа е статијата на Википедија на англиски јазик.
Во делот насловен „Во Новиот завет“ се среќава цитат во самиот текст, додека во делот „Молитви и посветеност“ има два цитати во нов ред. Ова се нарекува неусогласеност на цитати и како читател не можам да разберам зошто е оставено така.
Цитираноста и натаму е сериозен проблем. Ова може да се реши доколку се додадат дополнителни извори од статијата на англиски јазик.
Статијата е технички несредена. Во воведната реченица се среќава записот »Quemadmodum Deus«. Наводниците во македонскиот јазик не се пишуваат на овој начин. Понатаму, наводите се несредени и стилот на цитирање не е усогласен. Во наводот под бр. 5 се среќава хиперврска наместо наслов до којшто води врската, а во наводот бр. 14 се среќава кратенката „д-р“ којашто никогаш не се користи при цитирање имиња на автори.
Статијата во тековната состојба е добра, но треба уште за да биде избрана. Мој совет е да се дополни со сите лесно достапни информации, а правописните, стилистичките и техничките грешки задолжително да се поправат пред да се размислува за нејзино повторно предложување за избрана.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:35, 18 јануари 2021 (CET)[одговори]
--Kiril Simeonovski (разговор) 22:43, 12 јануари 2021 (CET) Мислам дека статијата е далеку од потребното за да биде избрана поради следниве причини. Прво, содржината на статијата е систематски несредена и темата не делува дека е целосно одработена. Второ, статијата е несредена и од техничка гледна точка, што се огледа преку неусогласеноста на цитатите (едни се вметнати во самиот текст, а други во посебен ред). Трето, статијата содржи цели нецитирани пасуси. Четврто, наводите се несредени и непреведени, а од некои воопшто не може да се добие информација за делото коешто е наведено (на пр. Фиенси, 68–69). Потребно е статијата да биде значително дополнета и целосно преработена за да може да ги задоволи критериумите коишто се очекува да ги задоволуваат идните избрани статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:43, 12 јануари 2021 (CET)[одговори]