Википедија:Велоекспедиции 2017
Во текот на 2017 година била организирана првата посебна експедиција во една област, Ѓаваткол.
Воедно, во текот на 2017 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија и мал дел во Албанија (областа Мала Преспа).
Прва велоекспедиција
уредиЃаваткол
уредиВикендот 12 и 13 август 2017 година, корисникот Ehrlich91 заедно со уште четворица други велосипедисти се упати кон областа Ѓаваткол, каде што беше спроведена првата организирана посебна велоекспедиција.
Во утринските часови на 12 август тргнавме на својот поход. По три часа пат и појадокот во хотелот по скратен пат од селото Трново, се упативме кон првото село, Српци. Како и на самите Викиекспедиции, главната цел беше правење панорамски фотографии од селата, фотографирање на поважните општествени и верски градби, архитектурата низ селата, како и сите други природни реткости.
По посетата на селото Српци, се упативме кон селото Рамна, а малку подолу се укажа и прекрасна можност за панорамски поглед на селото Лера. Во селото Лера беше посетен и локалитетот „Свет крст“, кој се наоѓа на блискиот рид на кој е поставен необичен крст.
Од Лера се упативме кон селото Гопеш, нашата највисока точка во текот на денот, каде што се наоѓа заштитениот споменик на културата, огромната црква „Св. Преображение“, која говори за добрите времиња на селото. По патот за Гопеш беа фотографирани и селската црква на селото Доленци, како и црквите „Св. Никола“ и „Св. Илија“ изградени во поново време од мештани. Потоа, се упативме кон раселените села Свиниште и Стрежево, при што откривме зачувана црква „Св. Ѓорѓи“, остаток од некогашното село Свиниште.
Иако планиравме да се вратиме во Лера и да продолжиме кон поголемите села во областа, поради лошите услови на патот, се упативме долж крајбрежјето на вештачкото езеро Стрежево и во Битола се вративме по сосем друг пат.
Во текот на 13 август сакавме да го посетиме Големото Пелистерско Езеро, но поради студеното време (од само 6 степени) бевме принудени да се вратиме назад.
- Исход
На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 7 села, заедно со уште толку цркви и други културни и природни знаменитости.
-
На почетокот на експедицијата
-
Велосипедот на корисникот Ehrlich91 во борова шума
-
Членовите на мала пауза во селото Лера
-
На пат за селото Гопеш
-
Замена на гума
-
Низ шумите на планината Баба
-
Корисникот Ehrlich91 при фотографирање на селото Гопеш
-
Корисникот Ehrlich91 при запишување на посетените села
-
По земјени патишта до Свиниште
-
Спуст
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Доленци — село | Q3033893 | значително подобрена статија | |
2. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Доленци — црква | Q43381562 | нова статија | |
3. | Лера — село | Q3084622 | значително подобрена статија | |
4. | Црква „Св. Никола“ - Лера — црква | Q43401577 | нова статија | |
5. | Свет крст (Лера) — верски објект | Q43478527 | нова статија | |
6. | Стрежевско Езеро — вештачко езеро | Q1772988 | значително подобрена статија | |
7. | ХЕЦ „Стрежево“ — хидроцентрала | Q12911394 | значително подобрена статија | |
8. | Рамна — село | Q3085433 | значително подобрена статија | |
9. | Српци — село | Q2305137 | значително подобрена статија | |
10. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Српци — црква | Q43889407 | нова статија | |
11. | Гопеш — село | Q3085401 | значително подобрена статија | |
12. | Црква „Св. Преображение“ - Гопеш — црква | Q22909921 | нова статија | |
13. | Црква „Св. Илија“ - Гопеш — црква | Q44200009 | нова статија | |
14. | Црква „Св. Никола“ - Гопеш — црква | Q44200562 | нова статија | |
15. | Прва ресенска парохија — црковна парохија | Q31360108 | подобрена статија | |
16. | Свиниште — село | Q3084544 | значително подобрена статија | |
17. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Свиниште — црква | Q43016583 | нова статија | |
18. | Стрежево — село | Q3085958 | значително подобрена статија | |
19. | Демирхисарска парохија — црковна парохија | Q23472983 | подобрена статија | |
20. | Молика — вид борово дрво | Q146021 | подобрена статија | |
21. | Пелистер — врв на Баба | Q2008252 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Велоекспедиција Ѓаваткол на Ризницата ?
Втора експедиција
уредиЗбирни посети
уредиОвие посети биле спроведени во текот на целата 2017 година од страна на корисникот Ehrlich91, како и други членови, при што биле фотографирани многу зафрлени места, реки, природни реткости и објекти во необично издание.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Милениумски крст — градба | Q1890632 | подобрена статија | |
2. | Крива Река — река | Q2741380 | подобрена статија | |
3. | Мавровско Езеро — езеро | Q1785612 | подобрена статија | |
4. | Даме Груев (населба) — населба | Q12905986 | подобрена статија | |
5. | Лисец (Голешница) — планински врв | Q31361373 | подобрена статија | |
6. | Мала Река (Голешничка) — река | Q47530594 | нова статија | |
7. | Бањанска Река — река | Q10304441 | подобрена статија | |
8. | Кучково — село | Q3133561 | подобрена статија | |
9. | Никиштане — село | Q3071166 | значително подобрена статија | |
10. | Леска (Мала Преспа) — село | Q3301490 | подобрена статија | |
11. | Тони Вода — село | Q47634537 | подобрена статија | |
12. | Салаковски Езера — леднички езера | Q12910139 | подобрена статија | |
13. | Жеден — планина | Q12280067 | подобрена статија | |
14. | Орашко Кале — тврдина | Q12909330 | подобрена статија | |
15. | Луковица (Тетовско) — село | Q3077532 | подобрена статија | |
16. | Луковички манастир — манастир | Q23674712 | подобрена статија | |
17. | Водно — планина | Q1048376 | подобрена статија | |
18. | Црква „Св. Никола“ - Нерешки Пат — црква | Q20570209 | подобрена статија | |
19. | Хром (населба) — населба | Q25553695 | подобрена статија | |
20. | Планинарски дом „Љуботен“ — планинарски дом | Q50136317 | нова статија | |
21. | Леска (Мала Преспа) — село | Q3301490 | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- збирни посети на Ризницата ?