Луковички манастир

манастир во селото Луковица

Луковички манастир — манастир во непосредна близина на тетовското село Луковица, Општина Желино, Македонија. Манастирот е сместен над селото во дебела дабова шума на надморска височина од 1.046 метри.

Луковички манастир
Поглед на главната манастирска црква „Св. Илија“
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Илија“
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1962
Посветен наИлинден
ЕпархијаТетовско-гостиварска
Цркви„Св. Илија“
Личности
Место
Местоатар на село Луковица, Тетово, Македонија Македонија
Координати41°53′18″N 21°09′02″E / 41.88833° СГШ; 21.15056° ИГД / 41.88833; 21.15056
Видливи остатоци1 црква, конаци, трпезарија, бина
Отворен за јавностада
Други информации(Втора тетовска парохија)

Историја

уреди

Манастирот првично бил изграден во 1962 година од страна на Стојанка Костоска, а повторно возобновен во 1995 година по иницијатива на месната заедница на селото Луковица и црковниот одбор на манастирот. Одлуката била да се сруши целосно стариот објект и бил изграден нов објект во 1995 година. Градбата била поддржана од жителите на селото Луковица, неговите иселеници, како и бројни претпријатија.

Од 2014 година, имало иницијатива да се изградат манастирски конаци, и во текот на 2016 година траеле градежните зафати врз нив.

Цркви

уреди

Црквата е единствената манастирска црква и е сместена на самиот влез во него, веднаш до манастирските конаци кои се во градба.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди