Етнички македонски знамиња
Етничкото македонско знаме е термин кој се користи да се означат двете македонски етнички знамиња кои се користи од Македонците во Македонија и насекаде низ светот. Етничките македонски знамиња се знамето со Ѕвездата од Кутлеш[1] и знамето со златниот македонски лав.
Ѕвездата од Кутлеш
уредиЗнамето е составено од црвена позадина каде во центарот има златно сонце со шеснаесет краци.[2] Македонската народна партија е прва македонска национална партија формирана во Република Македонија во 1990 година и прва партија што како свој симбол го истакна македонското шеснаесетзрачно златно сонце и како партија се залагаше тој симбол да биде и официјално знаме на Република Македонија. Денес ова знаме за свој официјален симбол го користи македонската национална организација и партија од Пиринска Македонија - ОМО "Илинден" - ПИРИН.[3]
Со независноста и новиот устав од 1991, се појави и прашањето на државните симболи. Државната химна остана истата. Се донесе ново знаме. Златно сонце на црвено поле, честопати именувано како ѕвездата од Кутлеш (или сонцето од Кутлеш).[4] Поради спорот со Република Грција, во 1995 година, тоа беше заменето со друго, исто така претставувајќи Златно сонце на црвена основа. Денес ова знаме е знаме на македонската националност и го користат македонските заедници и организации во Македонија, соседните држави и странство.[2]
Во 1977 година, во Кутлеш, после археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос, бил откриен гроб за кој се претпоставува дека е од таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски.[5] На истото место бил пронајден и древниот македонски симбол шеснаесетзрачното сонце или познато како Ѕвездата од Кутлеш.[6]
Инаку, овој симбол (ваков приказ на сонце) може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети, штитови, мозаици итн.[7] Покрај во повеќе манастири во Охридско, ваков приказ на сонце со 16 и 8 зраци постоеле изработени во бел мермер на подот и во резба на иконостасот на црквата „Света Богородица“ која денес е во фаза на возобновување. Ваков приказ на сонце е пронајден и на повеќе македонски воени штитови од антиката, а во најновопронајдените воени штитови кај с. Бонче (Прилепско)[8][9][10] е забележано ваков приказ на сонце со 12 зраци. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде каде што живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Општина Пустец[11][12][13] во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница која претставува над 98% од населението.
Златен лав
уредиМакедонскиот лав, како и македонската Ѕвезда од Кутлеш, е уште еден симбол на македонскиот народ, култура и традиција, популарно наречен лавче. Заедно со Ѕвездата се едни од најстарите симболи во Европа што денес сѐ уште се користат. На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови.
Денес, лавот заедно со Ѕвездата се користат како симболи на Македонците. Поголем број на политички партии во Република Македонија го користат лавот како главен елемент во грбовите на своите партии. Исто така поголем број на невладини организации или граѓански здруженија го користат лавот како симбол. Ѕвездата од Кутлеш и македонскиот лав се длабоко навлезени во срцевината на македонштината и се неделлив елемент од македонската историја, култура и идентитет.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Знамето на Република Македонија“. ИГЕО-ПОРТАЛ.
- ↑ 2,0 2,1 „Историја | Знаме на Република Македонија | Знаме на Република Македонија“. zname.mk. Архивирано од изворникот на 2020-02-15.
- ↑ „OMO "Ilinden" - PIRIN“. www.omoilindenpirin.org.
- ↑ „Изборот на грб и знаме на Република Македонија 1992 | Македонско грбословно друштво“. heraldika.org.mk. 2016-09-03.
- ↑ Manolis Andronicos Dead at 73; Found Ancient Macedonia Tombs. NY Times. March 31, 1992. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Јоновски, Јован (декември 2016). „Сонцето во општинската хералдика во Република Македонија“. Macedonian Herald. 10: 7.
- ↑ Jonovski, Jovan. (2016). СОНЦЕТО НА ОПШТИНСКИТЕ ЗНАМИЊА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
- ↑ „„Македонски тип" на штит-најкарактеристично одбранбено оружје на македонската војска“. Археолошки Музеј на Република Северна Македонија. 2020-05-10.
- ↑ „Античка кралска гробница пронајдена кај Бонче“. Радио Слободна Европа.
- ↑ Вечер. „Од колекцијата на Археолошкиот музеј: Како изгледал штитот на македонската војска од 3 век пр.н.е. | Вечер ...1963 | Vecer MK“.
- ↑ „Во Пустец се вее знамето на Република Македонија“. Дневник. 20.09.2005. На
|first=
му недостасува|last=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ „Македонското знаме се вее во Пустец“. А1. 19.09.2005. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Сонце со шеснаесет зраци пред општината во Пустец“. Вечер. 19.09.2005. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ roberto (2019-08-11). „Македонци слават Ден на македонското знаме“. Expres.mk.
- ↑ Македонски Хералд, бр. 5 (PDF). Скопје: Македонско Хералдичко Здружение. јули 2011. стр. 14, 16. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски
уреди„Етнички македонски знамиња“ на Ризницата ? |
- Непрочитана Хераклеја Архивирано на 8 јануари 2005 г.
- Македонштината конечно ќе влезе во парламентот! Архивирано на 20 октомври 2006 г.