Шимон Перес (хебрејски: שמעון פרס; Вишнево, 2 август 1923 - Тел Авив, 28 септември 2016) – израелски државник роден во Полска. Тој бил деветти претседател на Израел во периодот од 2007 до 2014 година. Перес двапати бил премиер на Израел и двапати вршител на должноста премиер. Во својата долга кариера (66 години), бил член на 12 владини кабинети.[1] Во Кнесетот бил избран во ноември 1959 година, и со исклучок на тримесечен период во почетокот на 2006 година, континуирано бил негов член до 2007 година кога станал претседател.

Шимон Перес
שמעון פרס
Шимон Перес

Перес во 2009 година


9-ти претседател на Израел
Мандат
15 јули 2007 – 24 јули 2014
Претходник Моше Кацав
Следбеник Реувен Ривлин

Роден 2 август 1923(1923-08-02)
Вишнев, Полска
(сега Вишнево, Белорусија)
Починал 28 септември 2016(2016-09-28) (возр. 93)
Медицински центар Шеба, Тел Хашомер, Рамат Ган, Израел
Партија Мапаи (1959–1965)
Рафи (1965–1968)
Лабуристичка партија (1968–2005)
Кадима (2005–2016)
Сопружник Соња Гелман (1945–2011)
Потпис

Тој држел неколку дипломатски и војни позиции за време и веднаш после Израелската војна за независност. Неговата прва висока позиција во владата била Заменик генерален директор за одбрана во 1952 година, за да во 1953 година стане Генерален директор. На таа функција се задржал до 1959 година. Во својата кариера бил претставник на пет политички партии во Кнесетот: Мапаи, Рафи, Маахар, Работничка и Кадима, а ги водел Коалиционата и Лабуристичката.

Во 1994 година Перес заедно со Јицак Рабин и Јасер Арафат ја добил Нобеловата награда за мир, за мировните преговори на кои учествувал како израелски министер за надворешни работи, а истите резултирале со Договорот од Осло.

Во почетокот на 2007 година, Кадима го номинирала Перес во трката за претседателските избор, од Кнесетот бил избран на 13 јуни 2007, а на 15 јули 2007 ја презел функцијата на период од седум години. Тој бил првиот поранешен премиер на Израел кој бил избран за претседател. Кога се пензионирал, во 2014 година, бил најстариот водач на држава.

Во неговиот приватен живот бил поет аматер, а некои негови поеми биле користени како текст за песни.

После тежок удар и двонеделна хоспитализација во медицинскиот центар Шеба близу Тел Авив, Перес починал на 28 септември 2016 година.

Наводи

уреди
  1. Amiram Barkat. „Presidency rounds off 66-year career“. Haaretz. Архивирано од изворникот на 2007-09-04. Посетено на 2016-09-28.