Величествениот султан (ТВ-серија)
Величествениот султан (турски: Muhteşem Yüzyıl, буквалниот превод на македонски е Величествениот век) или едноставно Величествениот — турска историска телевизиска серија која прво се емитуваше на турскиот канал Show TV, а потоа е префрлена на Star TV. Серијата се заснова на животот на Величествениот султан Сулејман (Сулејман I), Султанот со најдолго владеење и неговата сопруга Хурем која од робинка станала султанка и негова кралица.
Muhteşem Yüzyıl Величествениот Султан | |
---|---|
Напишана од | Мерал Окај (1–2) Јилмаз Шахин (2–4) |
Режирана од | Јагмур Тајлан (1–3) Дурул Тајлан (1–3) Мерт Бајкал (4) Јагиз Алп Акајдин (4) |
Улоги | Халит Ергенч Мерјем Узерли Вахиде Перчин Нур Фетахоглу Окан Јалабик Небахат Чехре Филиз Ахмет Селма Ергеч Мехмет Гунсур Сабина Ајрула-Тозија Берак Тузунатач Гурбеј Илери Пелин Карахан Ариф Еркин Гузeлбејоѓлу Ерман Шабан Озан Гувен Енгин Озтурк Мерве Болуѓур Арас Булут Ијнемли Елјеса Касо Луран Ахмети Толга Сариташ Дениз Чакир Мелтем Цумбул Бурџу Озберк Бурак Озчивит Тунџел Куртиз Џан Колукиса Маџит Копер Серкан Алтунорак Сарп Акаја Селим Бајрактар Акин Акинозу |
Композитор(и) | Фахир Атакоглу Ајтекин Аташ Сонер Акалин |
Земја на потекло | Турција |
Првичен јазик | Турски |
Бр. на сезони | 4 |
Бр. на епизоди | 139 |
Производство | |
Продуцент(и) | Тимур Савџи |
Местоположба | Истанбул, Едрене, Мармарис |
Времетраење | Турција 90-120 мин. Македонија 40-50 мин. |
Продукциска куќа | Тимс продукција |
Прикажување | |
Првична мрежа | Турција Show TV (2011) Star TV (2012–2014) Македонија Канал 5 (2011–2014) Телевизија Алфа (2022) |
Сликов формат | 480i (SDTV) 720p (HDTV) |
Звучен формат | Stereo |
Првично прикажување | Турција 5 јануари, 2011 – 11 јуни, 2014 Македонија 17 декември, 2011 – 3 Октомври, 2014 |
Хронологија | |
Следбеник | Косем Султан |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | en.muhtesemyuzyil.tv |
Продукциска мрежна страница | tims.tv/en |
Во Македонија, серија се прво емитуваше на Канал 5 (2011-2014), а потоа на Телевизија Алфа (2022).[1] Гласови во македонска синхронизација: Владо Јовановски (Сулејман), Билјана Беличанец-Алексиќ (Хурем), Кирил Псалтиров, Марија Кондовска, Рубенс Муратовски (Ибрахим), Бедија Беговска, Трајанка Илиева, Гордана Ендровска (Нигар), Лазе Манасковски, Сашко Коцев, Сабина Ајрула-Тозија (Афифе), Анастас Тановски, Јордан Симонов, Изабела Новотни...[2]
Синопсис
уредиНа возраст од 26 години, кога започнува неговото владеење, Сулејман решава да изгради империја помоќна од онаа на Александар Велики и да ги направи Османлиите непобедливи. Во текот на неговото 46-годишно владеење, стекнал слава како најголем освојувач и владетел на Истокот и Западот.
Веста за наследувањето на престолот, Сулејман ја примил во 1520 година додека бил на лов. Тој не ни сонувал дека ќе стане еден од најголемите владетели во историјата. Оставајќи ги својата миленичка Махидевран и својот син Мустафа во Маниса, тој заедно со неговиот сопатник Ибрахим, тргнува кон Топкапи палатата во Истанбул за да го преземе престолот.
Во меѓувреме, еден османлиски брод тргнува од Крим преку Црно Море да донесе робинки како подарок во Топкапи палатата. Во тој брод се наоѓала и Александра Ла Роса, ќерка на украински православен свештеник. Оваа малада девојка која била грабната и продадена во Топкапи палатата, подоцна станува Хурем Султан, венчана жена на Султан Сулејман и мајка на неговите Принцови, која заедно со својот сопруг ќе владее со царството и ќе биде сведок на многу крвопролевање и интриги.
Големата љубов на Сулејман кон Хурем ќе има голема цена. Тој ќе го погуби неговиот најблизок пријател и сопатник, Ибрахим Паша а потоа и неговиот син Принцот Мустафа. Играта за поголема моќ и власт, за Хурем ќе биде крвава и немилосрдна. Меѓутоа таа е подготвена и ќе прифати сè што ќе ја доведе до конечна победа.
Сезона 1
уредиЌерката на украинскиот свештеник Александра (подоцна Хурем Султан) е заробена од страна на татарите кои вршат напад во нејзиното село. За време на тој напад, нејзината мајка, нејзиниот татко и нејзината сестра се убиени, но нејзиниот вереник Лео преживува и бега (иако таа мисли дека и тој е убиен). Нејзината најдобра пријателка Марија (подоцна Ѓулнихал) е заробена во истиот брод.
Кога Александра пристигнува во палатата на Величествениот Султан Сулејман, таа учи една лекција: Ако стане миленичка и роди машко дете ќе ја добие титулата Султанка и ќе може да владее со светот. Со цел да го привлече вниманието на Величествениот, кога тој поминува покрај робинките од харемот кои треба да се поклонат и да ја наведнат главата, таа го извикува неговото име а потоа се онесвестува во неговите раце. Следниот ден се организира забава каде што робинките танцуваат за Султанот и онаа девојка која ќе го привлече неговото внимание и го добие виолетовото марамче оди на халвет (средба) со него. Александра е таа која го маѓепсува Султанот и станува негова миленичка. Величествениот и дава ново име, Хурем. Потоа таа станува муслиманка.
Махидевран Султан, мајката на Принцот Мустафа, синот на Величествениот, станува опсесивно љубоморна на Хурем. Обвинувајќи ја Хурем за својот сопствен абортус, Махидевран ја претепува Хурем. Сулејман е тотално разочаран од Махидевран кога дознава што се случило.
За време на походот против Белград убиен е сопругот на Викторија кога тие двајца се обидуваа да избегаат. Викторија (подоцна Садика) оди во Истанбул со цел да се одмазди.
Хурем забременува со нејзиниот прв син, Принцот Мехмет. Еден ден, Величествениот ја повикува Хурем во нејзината одаја на вечера. Махидевран Султан наредува да се стави отров во благото кое треба да се послужи после вечерата. Хурем јаде од слатките и потоа почнува да и станува лошо. Величествениот веднаш повикува лекар и Хурем успева да се спаси, заедно со бебето. Гневот на Сулејман кон Махидевран уште повеќе се зголемува.
Хурем забременува со нејзината единствена ќерка, Михримах Султан. Една од миленичките на Величествениот, Ајше хатун, ја навредува Хурем. Хурем полна со бес и се заканува дека ќе ја убие. Садика ја убива Ајше бидејќи Ајше имаше сомнежи дека Садика крие нешто, но бидејќи Хурем и се закануваше на Ајше дека ќе ја убие, сите мислат дека Хурем е таа која го сторила тоа. Сулејман ја протерува Хурем во старата палата. Ибрахим и вели на Хурем дека таа може повторно да се врати назад во Топкапи палатата но доколку се согласи да побара прошка од Махидевран. Хурем прво одбива, но потоа се согласува.
Хатиџе Султан (сестрата на Величествениот) се заљубува во Ибрахим ага (најдобриот пријател на Величествениот и чувар на неговата одаја). Потоа Ибрахим станува Голем Везир на Османлиското Царство. Ибрахим Паша стапува во брак со Хатиџе Султан. Хурем раѓа уште едно машко дете, Принцот Селим. Потоа Сулејман оди на лов со Мустафа, Хурем и Мехмет но не и Махидевран. Хатиџе е бремена а во меѓувреме има јаничарски бунт и додека се обидува да се спаси, таа го губи своето бебе.
Лео, поранешниот вереник на Хурем, дознава каде е Хурем и станува кралски сликар со цел да биде поблиску до неа. Ибрахим-паша го открива нивното минато. Ибрахим ѝ вели на Хурем со сопствени раце да го отруе Лео или во спротивно ќе му раскаже се на Величествениот.
Сулејман е во градината на палатата на Ибрахим и Хатиџе. Додека Сулејман ужива јадејќи грозје, Садика доаѓа со чаша шербет на послужавник под кого има скриен нож. Во меѓувреме, Хурем плаче давајќи му на Лео отровен локум. Садика го става ножот под гркланот на Сулејман.
Сезона 2
уредиПред Садика да го убие Сулејман, Сулејман успева да се спаси и наредува да ја фрлат во зандана. Потоа таа е убиена од страна на Насух-ефенди кој е прогласен за виновен бидејќи тој ја довел неа во палатата на Величествениот и убиството на Садика е неговата казна. Хурем раѓа уште едно машко дете, принцот Бајазит.
Шпанската принцеза Изабела Фортуна и нејзината слугинка се киднапирани од страна на турските пирати но потоа се продадени на Величествениот. Принцезата и нејзината слугинка живеат во ловечката палата. Величествениот сака да ја искористи принцезата за политички цели. Изабела се обидува неколкупати да избега но не успева. Хурем е љубоморна и ѝ се заканува на принцезата. Хурем ѝ помага за да избега, но за тоа дознава Ибрахим-паша и планот на Хурем пропаѓа. Изабела се заљубува во Сулејман, доаѓа во харемот и станува негова миленичка. Хурем со помош на Нигар калфа и Ѓул-ага успева да се ослободи од неа.
Во меѓувреме, Бали-бег се заљубува во еврејката Армин. Нивната врска е против вољата на таткото на Армин и потоа таа го напушта градот. Кога се враќа, таа заболува од смртна болест. Бали-бег се венчава со неа и тие го добиваат благословот од таткото на Армин. Следниот ден Армин умира.
Хатиџе раѓа момче, но додека го дои таа случајно го загушува. Потоа ја напушта својата палата и заминува во Едрене со цел да се опорави. Додека таа е таму, Ибрахим спие со Нигар калфа но потоа и наредува да замине во Топкапи палатата. Ибрахим заминува на поход и Хатиџе ја повикува Нигар повторно да се врати во нејзината палата. Кога Ибрахим ќе се врати, Нигар ќе се обиде да изврши самоубиство, но Ибрахим ја спасува.
Хатиџе повторно останува бремена. Махидевран и го дава дневникот на Величествената кој припаѓа на Лео, кој Ѓулшах го зема од дворот кога Хурем го фрла со цел да се ослободи од него. Величествената ја повикува Хурем во нејзината одаја но додека разговараат, Величествената се онесвестува. Хурем повикува помош и се обидува да го земе дневникот. Кога Даје хатун го гледа тоа веднаш го зема пред Хурем тоа да го стори. Потоа Даје и го дава дневникот на Величествената и таа го користи него за да направи Хурем засекогаш да си замине од палатата. Со цел да се спаси, Хурем и нуди имот на Даје што таа прво не го прифаќа но потоа одлучува да го прифати во замена за дневникот. Даје и го дава дневникот на Хурем. Кога Величествената оди во одајата на Хурем, Хурем со големо задоволство и пред нејзини очи го фрла дневникот во оган уништувајќи го единствениот доказ за поранешната врска помеѓу неа и Лео.
Хурем разговара со Сулејман и му вели дека не може да направи добротворна работа бидејќи таа е робинка. Сулејман ја ослободува и вечерта кога тој оди во нејзината одаја за да ја повика да спие со него, таа му вели дека не може да спие со него бидејќи е слободна жена и грев е ако таа спие со него без да бидат венчани. Сулејман дава наредба Хурем да ја напушти палатата и да оди во друга палата. Една вечер, Величествената му наредува на Ибрахим да му направи стапица на Хурем со цел да ја убие но Бали бег ја спасува. Сулејман ја враќа назад во Топкапи палатата и потоа се венчава со неа.
После венчавката, Хурем и Сулејман одат во одајата кај Величествената со цел да ја соопштат убавата вест. Хурем оди да и бакни рака но таа одбива. Величествената го покажува своето незадоволство и се онесвестува во рацете на Сулејман. Махидевран е исто така шокирана од оваа вест.
За време на церемонијата, Ибрахим е погоден со отровна стрела. Хурем се плаши дека за тоа ќе ја обвинат неа бидејќи таа испрати човек со цел да го убие Ибрахим но во последен момент се откажа кога ја виде Хатиџе вознемирена. Напаѓачот кој стрелаше во Ибрахим е испратен од Бехрам Паша. Поради тоа што Ибрахим е отруен, Нигар, Насух-ефенди и Сумбуљ ага го носат Ибрахим во една пештера со лековита вода. Хатиџе е многу загрижена затоа што мисли дека Ибрахим ќе умре.
Махидевран бесна оди до одајата на Сулејман и бара од стражарите да најават кај Величествениот дека е тука, но Сулејман одбива велејќи дека е зафатен. Таа ја бара нејзината слобода и сака преостанатиот живот да го помине како слободна жена, меѓутоа Сулејман одбива. Потоа таа му вели да ја испрати во прогонство заедно со нејзиниот син, а тој и одговара дека таа може да замине, но нејзиниот син останува во палатата. Мустафа го убедува својот татко да ги испрати него и нејзината мајка во палатата во Едрене.
По наредба на Величествената, во Топкапи палатата доаѓа нејзината внука Ајбиге од Крим со цел да ја заштити од војната која во тој момент се случува таму. Таа ја држи Ајбиге понастрана од Хурем бидејќи мисли дека Хурем би можела лошо да влијае врз неа. Но Ајбиге е тврдоглава и одлучува да се дружи со жената која е позната насекаде низ светот. Ајбиге се заљубува во Бали бег кој е задолжен за безбедноста на кралското семејство.
Ибрахим се заљубува во Нигар бидејќи таа цело време се грижеше за него со цел да го излекува. Хатиџе одлучува да ја омажи Нигар со Насух-ефенди. Нигар не е задоволна со оваа венчавка бидејќи таа е заљубена во Ибрахим паша. На нејзината прва брачна ноќ, во нејзината одаја влегува Ибрахим паша и таа е изненадена кога го гледа него. Ибрахим и раскажува дека тој имаше договр со Насух-ефенди и затоа од сега па натаму тој ќе биде заедно со неа. Нигар е среќна поради овој пресврт којшто се случи.
Во меѓувреме, Хатиџе раѓа близнаци, едно момче и едно девојче (Хуриџихан и Осман). Ибрахим е среќен но и изненаден кога ги гледа неговите две бебиња во неговите раце. Нигар не е задоволна од тоа.
Времето поминува и на возраст од 17 години, Мустафа се враќа во палатата за да се види со својот татко пред да замине да управува со некоја област.
Додека Величествениот е на поход, Величествената и Махидевран кројат планови со цел да се ослободат од Хурем. Величествената и наредува на робинката Фатма да зборува меѓу останатите робинки во харемот дека Хурем е виновна бидејќи тие не зеле плата. Една од робинките ја навредува Хурем а Хурем и се заканува дека ќе и го пресече јазикот. Величествената наредува на таа робинка да и се пресече јазикот за Хурем да биде обвинета за тоа. Потоа една девојка е невино обвинета за кражба на пари и кога добива казна, одлучува да се самоубие. По наредба на Величествената, Фатма го прави последниот чекор со тоа што ги предизвикува девојките да ја убијат Хурем. Повеќето девојки се упатуваат кон одајата на Хурем со цел да ја запалат. Даје хатун пристигнува заедно со стражарите и во последен момент ја спасува Хурем, иако робинките успеале да и го изгорат лицето. Величествената ја разрешува Даје хатун од нејзината должност.
Кога Величествениот се враќа назад од поход и дознава за сè што се случило, тој и дава лекција на Величествената за тоа дека таа не може да го доведе харемот во ред. Величествениот е исто така многу лут на Ибрахим бидејќи тој не му го предал писмото кое Хурем го испратила додека тие беа на поход, но Ибрахим му вели дека не сакал да се грижи и дека тој веќе му имал дадено наредби на Даје и Нигар за заштита на Хурем уште кога Величествениот го направи одговорен за нејзиниот живот. Величествениот повторно ја враќа Даје на старата должност.
Хурем и Махидевран се караат откако Ѓулшах ја добива позицијата на Даје и Махидевран се обидува да и удри шамар на Хурем. Во тој момент доаѓа Величествениот и и наредува на Махидевран да и се извини на Хурем по што Махидевран плачејќи се враќа во нејзината одаја. Кога Мустафа дознава што се случило веднаш оди во одајата на Хурем за да разговара со неговиот татко и Мустафа зборува за тоа како Хурем манипулира со него по што Сулејман бесен му вели на Мустафа да се врати во својата одаја. Мустафа речиси ја губи поддршката на својот татко кога тој не сака да оди заедно со него на петочната молитва, но на крајот Ибрахим успева да го убеди.
Хурем има караница со Мустафа по што Сулејман вели дека Мустафа е во право а не Хурем. Хурем е разочарана и незадоволна.
Мустафа се заљубува во една робинка по име Нора (подоцна Ефсун) и таа останува бремена од него. Мустафа не знае дека Ефсун работи за Хурем. Ефсун има наредба да го отруе Мустафа. Таа го става отровот во неговата храна и после првиот залак којшто го јаде Мустафа таа се покајува и ја турка масата за да се истури храната. Мустафа се разболува а Махидевран заклучува дека зад сето тоа стои Хурем.
Фатма ја обвинува Ефсун дека работи за Хурем и затоа Махидевран и вели на Ефсун да и открие некоја тајна за Хурем. Ефсун ја прашува Хурем дали таа има некој друг план а Хурем и вели да ѝ каже на Махидевран за аферата на Ајбиге и Бали бег, за Мустафа и Махидевран да бидат повредени. Кога Ајбиге тргнува на пат кон својата татковина заедно со Бали бег, Хурем, користејќи ја Ефсун и дава наредба да каже дека тие двајца избегале и дека никогаш повеќе нема да се вратат. Махидевран му го пренесува ова на Сулејман кој дава наредба да ги најдат и да ги вратат назад.
Џихангир, најмалиот син на Хурем и Сулејман се разболува но таа не му кажува на Сулејман за тоа за да не се грижи, но потоа кога гледа дека состојбата не му се подобрува, заедно со Сулејман повикуваат лекар. Лекарот ги информира дека кај Принцот започнува да се развива грпка и дека треба да се обидат да го спречат тоа со физиотерапија додека тој е сè уште бебе. Џихангир се подобрува иако не може целосно да се опорави. Сулејман добива срцев удар. Махидевран е свесна дека Сулејман е на работ на смртта и дека доколку се случи најлошото, нејзиниот син Мустафа ќе биде новиот Султан и затоа таа се обидува да го убеди Мустафа да преземе мерки на претпазливост со неговите браќа за што Мустафа одбива. Потоа таа разговара со Ѓулшах и и вели дека кога Мустафа ќе седне на престолот, таа ќе биде Величествена и дека ќе управува со харемот. Сето ова го слуша Величествената и со цел да ги заштити децата на Хурем, ги испраќа во палатата на Хатиџе. Хурем е подготвена да се отруе заедно со нејзините деца доколку Сулејман умре. За среќа, Сулејман се буди, Хурем уште помоќна се враќа назад во Топкапи палатата а плановите на Махидевран не се исполнија.
Во меѓувреме, Бали бег се враќа назад во палатата и му ја кажува целата вистина на Сулејман пред Мустафа и Ибрахим. Сулејман му вели на Мустафа тој да одлучи за судбината на Бали бег. Прво Мустафа одлучува Бали бег да се погуби но кога ќе дојде денот да се изврши неговата смртна казна, тој се премислува. Бали бег бара разрешување од неговата должност и се враќа во својата татковина. Ајбиге се враќа назад во Крим.
Махидевран дознава дека Ефсун е бремена и сака таа да го абортира бебето, но Мустафа ја запира. Хурем му кажува на Величествената за бременоста на Ефсун и Величествената веднаш и дава наредба на Даје да направи сè што е потребно за Ефсун да се ослободи од бебето. Овој пат Мустафа не успева да ја спаси и Ефсун заедно со бебето умира. Но пред да умре, Ефсун му признава на Мустафа дека Хурем се обидела да го отруе и му вели да се држи понастрана од неа. Махидевран му го пренесува сето тоа на Сулејман. Сулејман ја повикува Хурем во својата одаја и му дава да испие отров како казна поради тоа што го направила. Хурем без размислување го пие отровот и тогаш Сулејман верува дека таа е невина. Тоа што таа го испи не беше отров туку само јако средство за успивање.
Нигар останува бремена од Ибрахим. Ѓулшах предизвикува Даје да ја убие лекарката која ги слушна Даје и Нигар како разговараат за бременоста на Нигар. Величествената ја разрешува Даје од нејзината должност и ја протерува од харемот. Махидевран е среќна бидејќи мисли дека Ѓулшах ќе го заземе нејзиното место но е изненадена кога Величествената и ја доделува таа должност на Нигар. Потоа Величествената дознава за љубовната врска помеѓу Ибрахим и Нигар бидејќи таа претходно му нареди на еден ага да го следи Ибрахим Паша. Таа оди во одајата на Сулејман со цел да го информира за тоа, но пред да му каже, таа добива мозочен удар. Хурем заедно со Ѓул ага прават план со цел да изгледа дека Махидевран се обидела да ја убие Величествената. Меѓутоа, Нигар сведочи пред Ибрахим дека Ѓул ага е вмешан во тоа. Ибрахим го протерува Ѓул ага од палатата. После некое време Величествената умира а Махидевран Султан е назначена за управител на харемот. Таа веднаш го користи тоа со цел да ја добие одајата на Величествената, но Сулејман не дозволува. Таа купува многу непотребни работи со што го надминува нејзиниот буџет па затоа мора да земе заем од еврејска лихварка. Ѓулфем е назначена на местото на Даје.
Хурем сака да се ослободи од Мустафа и Махидевран. Мустафа е назначен за управител на Маниса па според тоа и Махидевран треба да замине заедно со него. Меѓутоа, Ибрахим го убедува Сулејман, Махидевран да остане во Топкапи палатата.
Ѓулшах се обидува да се ослободи од Фатма хатун, слугинката на Махидевран Султан. Меѓутоа планот се свртува против неа и Махидевран ја разрешува од нејзината должност и сака да ја омажи. Очајната Ѓулшах сака да и биде слугинка на Хурем, меѓутоа Хурем ја брка велејќи и дека нема да има корист од таква слугинка како неа. Потоа Ѓулшах го слуша разговорот помеѓу Ибрахим и Нигар кога Нигар му кажува на Ибрахим за нејзината бременост. Кога Ѓулшах случајно ја крши вазната која се наоѓа пред одајата, Ибрахим и Нигар сфаќаат дека некој ги слушнал. Ѓулшах сака да и раскаже се на Хурем, меѓутоа Хурем не е во нејзината одаја. Нигар сфаќа дека Ѓулшах е таа која ги слушнала и му кажува се на Ибрахим. Ибрахим наредува Ѓулшах да биде убиена и таа е избодена со нож неколкупати и фрлена во шумата. Ибрахим мисли дека таа е мртва меѓутоа таа преживува. Ѓулшах и раскажува се на Хурем и станува нејзина слугинка.
По смртта на Величествената, Даје хатун ја напушта палатата и целиот свој имот го дава во добротворни цели и работи како слугинка кај една богата жена. Хурем сака да и помогне но Даје одбива. На крајот, Даје се самоубива.
Нигар треба да ја напушти палатата и да оди кај братот на Ибрахим. За време на патувањето, Хурем ја киднапира Нигар и ја крие. Ѓулшах ја чува Нигар. Хурем и испраќа порака на Хатиџе дека Ибрахим ја изневерува и и кажува каде се наоѓа Нигар. Нигар успева да се спаси од Ѓулшах меѓутоа додека бега, пред вратата се сретнува со Хатиџе. Нигар одрекува се за нејзината врска со Ибрахим и вели дека детето кое го очекува е од Насух-ефенди. Хатиџе дава наредба Нигар да се затвори во зандана. Насух-ефенди лаже пред Хатиџе дека тој е таткото на бебето на Нигар. Хурем се соочува со Хатиџе и Хурем ја носи Ѓулшах како сведок. Потоа Хатиџе се соочува со Ибрахим кој го признава неверството и потврдува дека тој е таткото на бебето на Нигар. Хурем со цел да и го одземе статусот на Махидевран како управителка на харемот прави план со цел да изгледа како Махидевран да се обидела да ја убие Ѓулфем. Сулејман ја разрешува Махидевран од нејзината должност и ја назначува Хурем на нејзино место. Сезоната завршува така што Хурем е крунисана за управителка на харемот а со тоа уште повеќе се зголемува нејзината моќ. Додека трае церемонијата на крунисување, целиот харем се поклонува пред неа, а Махидевран несреќно и разочарано го гледа сето тоа. Хурем вели дека не само со харемот, туку и со светот ќе владее.
Сезона 3
уредиКога се дознава за аферата помеѓу Ибрахим и Нигар, Ибрахим заминува на поход против Персија. По неговото враќање, тој успева да го спаси својот брак со Хатиџе Султан. Хатиџе наредува да и се пресече главата на Нигар, но Хурем успева да ја спаси преку Рустем ага кој е доверлив човек на Искендер Челеби и сега и служи на Хурем. Нигар калфа раѓа девојче, но Хатиџе веднаш му го одзема велејќи и дека бебето се родило мртво. Меѓутоа, бебето е живо и Хатиџе го крие на непознато место. Ибрахим и Хатиџе одлучуваат да ја омажат Нигар со Рустем. Против негова желба, Рустем се венчава со Нигар под инструкции на Хурем, но тој одлучува да нема никаква интимна врска со неа. Во харемот доаѓа нова девојка по име Фирузе. Таа успева да стане миленичка на Величествениот. Хатиџе и Махидевран се обидуваат да ја заштитат Фирузе од Хурем.
Михримах Султан е заљубена во Ташлиџали Јахја, најблискиот пријател на Принцот Мустафа. По препорака на Ибрахим, Мустафа го зема Јахја за да му служи него во Маниса.
Сулејман сака да оди на лов, меѓутоа Михримах ја одбива неговата покана бидејќи наместо со Хурем, тој сака да оди со Фирузе. Хурем се заканува дека ќе ја убие Фирузе.
Неколку години подоцна, Хурем го открива местото каде што Хатиџе го крие детето на Ибрахим и Нигар. Хурем го известува Ибрахим дека неговото дете е под нејзина заштита и дека доколку му помогне да се ослободи од Фирузе, таа ќе му го предаде неговото дете. Ибрахим прифаќа и Хурем му го предава детето, меѓутоа Ибрахим не го одржува своето ветување и Фирузе останува во Топкапи палатата.
Фатма хатун раѓа машко дете. Сулејман оди во Маниса за да го види синот на Мустафа и му го дава неговото име, Сулејман. Хурем, Принцот Мехмет и Михримах Султан исто така одат во Маниса. Гледајќи ја блискоста помеѓу Сулејман и Мехмет, Мустафа се чувствува загрозено. Мустафа има тајна средба со Ибрахим во која што Ибрахим го убедува Мустафа да ја испрати Елена од неговиот харем.
Кога Рустем се обидува да ја убие Фирузе по наредба на Хурем, ја гледа тетоважата која ја има на нејзиниот врат и дознава дека таа тетоважа претставува грбот на династијата Сефевиди. Кога Рустем му ја пренесува оваа информација на Хурем, Хурем веднаш ја фрла Фирузе во зандана. Кога Сулејман дознава за тоа веднаш оди во одајата на Хурем каде што Хурем му ја открива големата тајна која ја крие Фирузе и дека таа е шпион испратен од Сефевидите. Сулејман одлучува да ја протера од палатата. Кога блиските луѓе на Фирузе му го пресекуваат патот, се открива дека вистинското име на Фирузе е Хумејра.
Хурем и Ибрахим продолжуваат да се борат еден против друг. Сулејман почнува да се сомнева во Ибрахим. Хурем индиректно му ги открива на Сулејман сите работи кои Ибрахим ги правел зад неговиот грб. Сулејман е шокиран кога дознава за тоа. Сулејман наредува да се погуби Ибрахим и потоа телото го праќа во неговата палата. Хатиџе е многу тажна поради смртта на својот сакан и се откажува од нејзиниот брат Сулејман. Хатиџе и Махидевран прават план за да ја убијат Хурем така што ја испраќаат Диана (подоцна Фахрије) слугинката на Махидевран за да ја исполни нивната наредба бидејќи тие ја гледаат Хурем како одговорна за смртта на Ибрахим. Шах Султан одлучува да застане против Хурем за нејзини лични интереси. Насух-ефенди ја испраќа Кадер, ќерката на Ибрахим и Нигар, кај семејството на Ибрахим.
Диана не успева да ја убие Хурем и сега таа станува слугинка на Хурем. Шах прави Хурем да мисли дека Мустафа доаѓа да го преземе престолот на неговиот татко додека Сулејман е на поход и да мисли дека Сулејман и нејзините синови се ранети и заробени. Хурем одлучува да ги заштити своите Принцови Бајазит и Џихангир бидејќи тие се во Топкапи палатата. Меѓутоа Шах ги зема синовите на Хурем во старата фарма и кога Хурем дознава за тоа лично оди таму да ги спаси. Но кога оди таму, Шах и вели дека сето тоа беше само една игра. Хурем ја предупредува Михримах да не и верува на никој освен на неа.
Хатиџе сака да заврши со Хурем бидејќи гледа дека Шах Султан не прави ништо. Хатиџе ја испраќа Нигар да ѝ каже на Хурем дека Михримах е во Мермерната палата заедно со Бали бег, меѓутоа Михримах е во Топкапи палатата. Кога Хурем оди таму ја наоѓа Хатиџе. Додека тие две разговараат, една жена по наредба на Хатиџе и става нешто во устата на Хурем. Хурем се онесвестува и потоа се буди во нејзината одаја но не се сеќава на ништо. Хурем открива дека Хатиџе стои зад сето тоа и ја предупредува Хатиџе да не си игра со неа. Шах и се лути на Хатиџе поради тоа што прави работи зад нејзиниот грб. Шах има друг план како да ослободи од Хурем. Состојбата на Хурем не е добра и затоа таа повикува жена за да го прочита куранот со цел да се почувствува подобро. Сулејман повторно заминува на поход меѓутоа не го зема Бајазит со него. Бунтовниот Бајазит бега од палатата со цел да се приклучи на походот без никој да знае. Меѓутоа кога пристигнува во логорот, Селим го открива. Сулејман наредува веднаш да се врати назад во Топкапи. Хурем одлучува да изнајми пари од Ракел хатун со цел да ги покрие трошоците во харемот бидејќи поради походот, во благајната нема доволно средства. Кога Шах дознава за тоа изнајмува разбојници за да и ги украдат парите на Хурем. Робинките се вознемирени дека сè уште немаат добиено плата. Шах Султан и наредува на Ракел хатун да ѝ каже на Хурем дека Г-ѓа Портиа може да и помогне на Хурем. Портиа е од Венеција, а Сулејман војува со нив. Хурем позајмува пари од неа но подоцна ги враќа. Величествениот се враќа од поход и на враќање одлучува да оди во Едрене. Шах го зема документот со кој се докажува дека Хурем позајмила пари од венецијанска лихварка и оди во Едрене да му го каже тоа на Сулејман. Сулејман ја повикува Хурем во Едрене и одлучува таа да остане таму. Шах му наредува на Рустем да ја убие Хурем додека таа е во Едрене. Меѓутоа, Рустем останува верен на Хурем и и дава предлог да се ожени со нејзината ќерка Михримах, со цел да стане уште помоќен и да влезе во диванот. Хурем прифаќа, но Михримах одбива.
Во градот има епидемија на чума. Шах ја користи ситуацијата за намерно да го зарази Ајас Паша и тој умира. Сулејман го назначува Љутфи Паша на негово место а со тоа Шах Султан станува уште помоќна. Лекарот го известува Сулејман дека болеста се проширила до Едрене. Сулејман ја враќа Хурем назад во Топкапи. Сулејман одлучува да ја венча Хатиџе со Хусреф Паша. Таа е обврзана да го прифати тоа меѓутоа таа продолжува да живее во нејзината палата. Кога Сулејман дознава за тоа и наредува да оди во палатата на Хусреф. Михримах прифаќа да се омажи за Рустем. Мустафа прави работи без дозвола и знаење на неговиот татко. Шах, Љутфи и Хатиџе кројат план со цел да се ослободат од Рустем за тој да не се венча со Михримах. Махидевран им дава предлог наместо да го убијат, да разгласат дека е многу болен. Сулејман испраќа лекар за да ја потврди болеста на Рустем. Лекарот наоѓа вошка на главата и ја носи во Истанбул како доказ дека Рустем е здрав. Рустем се враќа во палатата за да се ожени со Михримах.
Михримах раѓа девојче по име Ајше Хумашах. Шах испраќа доилка која е всушност шпион во палатата на Михримах и Рустем. Љутфи Паша му сугерира на Сулејман да ги испрати Мехмет, Селим и Бајазит да раководат со области.
Нигар се враќа во Истанбул. Таа се среќава со Шах и вели дека сака да се одмазди. Хатиџе и Шах прифаќаат. Тие и помагаат на Нигар да влезе во палатата на Михримах и Рустем со цел таа да го убие Рустем. Но кога ја гледа ќерката на Михримах се потсетува на нејзината ќерка и одлучува да го киднапира детето. Рустем и војската насекаде ја бараат Нигар и кога ја наоѓаат во шумата таа се заканува дека ќе се фрли во провалија заедно со бебето. Меѓутоа, Рустем успева да ја земе својата ќерка а Нигар се самоубива.
Љутфи ја продолжува својата акција против проституцијата. Кога една жена го исмева и навредува, тој толку многу е бесен што наредува да и го изгорат половиот орган без дозвола на кадијата. Шах е шокирана кога дознава за тоа и одлучува да се разведе од него. Меѓутоа пред да изговори по третпат дека се разведува од него, тој и удира шамар и кога Сулејман дознава за тоа го разрешува од неговата должност и го протерува.
Мустафа се среќава со австрискиот амбасадор. Тоа доведува до конфликт помеѓу Сулејман и Мустафа. Сулејман го казнува Мустафа така што не му дозволува да оди на поход заедно со него. Потоа Сулејман го разрешува Мустафа од управител на Маниса и го назначува за управител на Амасија.
Хурем прима лажно писмо во кое пишува дека Селим е многу болен но тој е сосема добро. Хурем веднаш тргнува на пат кон Коња и додека патува е киднапирана. Михримах ги обвинува Шах, Хатиџе и Махидевран за ова. Сулејман е многу вознемирен. Кога Сулејман дознава дека Хатиџе стои зад сето тоа веднаш оди во нејзината палата. Сулејман ја прашува каде е Хурем но таа одбива да му кажи. Потоа Хатиџе пие отров и умира во рацете на Сулејман. Сулејман сè уште не знае каде е Хурем.
Бали бег го наоѓа Али ага, слугата на Хатиџе кој добил наредба да ја киднапира Хурем. Бали бег не сака да го информира Сулејман за тоа додека не биде сигурен дали ќе ја најде Хурем.
Михримах дознава за шпионот кој Шах Султан го испратила во нејзината палата и и се заканува дека доколку не сака Величествениот да дознае за тоа, во најкраток рок ќе мора засекогаш да си замине од палатата а целото богатство да го донира во фондацијата Хасеки Хурем.
По наредба на Махидевран, слугата на Принцот Мехмет, Илјас, го заразува Мехмет со тешка болест и Принцот Мехмет умира. Кога Сулејман дознава за тоа запаѓа во длабока тага и жал.
Сезоната завршува така што Бали бег ја наоѓа Хурем и ја враќа назад во Топкапи палатата а Рустем Паша му ја пренесува убавата вест на Сулејман. После долго време, Хурем и Сулејман се повторно заедно.
Сезона 4
уредиПоминуваат неколку години и Рустем Паша веќе станува Голем Везир. Сулејман треба да донесе многу важна одлука и да назначи еден од своите синови кој ќе го замени Мехмет како управител на Маниса. Неговата одлука ја запишува на хартија и сите се во исчекување на денот кога ќе се знае кој ќе биде поставен за управител на престолонаследничката провинција. Бајазит покажува внимание кон своето семејство и и подарува скапоцен камен на Хурем и коњ на Михримах. Мустафа е вознемирен и загрижен за мислењето на неговиот татко бидејќи јаничарите го придружуваа додека тој да пристигне во палатата. Махидевран доаѓа во Топкапи палатата и заедно со Хурем и Михримах ја гледаат церемонијата за заклетва со мечот на Џихангир. Џихангир е доста срамежлив и уплашен. Хурем и Рустем прават нов заговор против Мустафа додека тој ја добива љубовта на граѓаните, војниците и пашите. Една девојка по име Сесилија доаѓа во палатата. Таа е ќерка на венецијански благородник и не може да се помири со тоа дека сега е робинка. Потоа таа се обидува да се самоубие, но Селим ја спасува и таа се заљубува во него. Таа сака да оди во неговата област и да стане Султанка. Кога Сесилија ја прашува Хурем дали може да оди со него, Хурем одбива. Доаѓа времето кога треба да се соопшти одлуката. Селим е оној кој Сулејман го назначува за управител на Маниса. Сите се изненадени, вклучувајќи го и самиот Селим. Махидевран и Мустафа се многу загрижени. Сите сметаа дека Мустафа е оној кој требаше да биде назначен и дека престолот е негово право. И миленичката на Мустафа која е бремена е исто така загрижена. Бајазит е многу лут после објавувањето на одлуката и мисли дека неговиот татко не го сака.
Хурем е во потрага по добра и паметна девојка која ќе оди заедно со Селим во Маниса. Сесилија повторно ја моли Хурем да оди заедно со Селим. Таа и вели дека во ѕвездите видела дека нејзината судбина зависи од нејзината рака. На крајот Хурем прифаќа и на Сесилија и дава ново име, Нурбану. Мустафа вели дека тој е избркан од рајот на Величествениот а Хизир Хајретин Паша му вели дека во тој случај треба да си изгради свој сопствен рај. Хурем наредува да се убие Мустафа кога Мустафа се враќа назад во својата област Амасија. Меѓутоа, неговата бремена миленичка го спасува и умира. Мустафа добива нов заштитник, Атмаџа.
Сулејман често разговара со Ебусууд Ефенди во врска со државните работи. Селим и Бајазит се борат во матрак и јавање на коњ со цел да се покажат пред нивниот татко кој од нив е подобар. Хурем Султан влегува во менопауза. Таа тоа го чува во тајност. Фатма Султан, сестрата на Сулејман доаѓа во палатата заедно со Хуриџихан Султан, ќерката на Ибрахим и Хатиџе. Фатма Султан работи против Хурем бидејќи Мустафа ја испрати неа за тоа. Фатма му испраќа миленичка на Сулејман, меѓутоа Хурем ја убива. Граѓаните се жалат од Рустем а Сулејман е лут за неговото неефикасно работење. Нурбану се обидува на секој можен начин да стане миленичка на Селим. Рустем ја киднапира ќерката на Хизир Хајретин Паша и му вели да му каже на Величествениот дека тој е неправедно обвинет за недоразбирањата со јаничарите. Хуриџихан и Бајазит се заљубуваат еден во друг. Кога Сулејман го открива тоа, ја испраќа Хуриџихан назад кај нејзината тетка Бејхан.
Мустафа тајно се венчава со ќерката на Хизир Хајретин Паша, Михруниса. Нурбану станува миленичка на Селим и раѓа син по име Мурат. Валерија станува миленичка на Сулејман и добива ново име, Назенин. Таа раѓа девојче по име Разије Султан. Сулејман и Назенин одат во Маниса за да го видат бебето на Селим и Нурбану. Кога пристигнуваат, Сулејман оди во одајата на Селим и го гледа Селим пијан. Сулејман е многу лут и му одржува лекција. Хурем и наредува на Нурбану да ја убие Назенин. Нурбану ја исполнува наредбата и Назенин умира. Бајазит тајно се венчава со Хуриџихан.
Пири Реис, кој е таен заштитник на Принцот Мустафа заедно со неговите приврзаници, прави стапица со цел да ја убие Хурем. Меѓутоа наместо Хурем умира Афифе хатун. Пред да умри, Афифе хатун и кажува на Хурем дека Величествениот е многу болен. Кога Султанот се враќа од поход, се онесвестува. Неговата состојба е лоша и сите велат дека Мустафа треба да седне на престолот доколку Величествениот умри.
Сулејман сака Мустафа да дојде во палатата. Хурем нема друг избор и му го пренесува тоа на Рустем и му вели дека тоа може да биде неговата последна желба. Рустем ја исполнува нејзината наредба но исто така прави план за да го убие Мустафа. Меѓутоа, планот на Рустем пропаѓа и Мустафа доаѓа во палатата здрав и жив. Рустем го убедува Селим да ги смири јаничарите. Тој мисли дека јаничарите ќе го убијат Селим и на тој начин Бајазит би бил наследник на престолот. Нурбану дознава за тоа и и кажува на Хурем. Во тој момент, Мустафа пристигнува во палатата и Хурем бара од него да го спаси Селим бидејќи само тој може да ги спречи јаничарите. Мустафа го спасува Селим и го враќа во палатата. Хурем стравува од моќта на Мустафа и сака тој да биде погубен.
Хурем со помош на Михримах и Рустем, испраќа лажно писмо до Шах Тахмасп со печат од Мустафа во кое пишува дека Мустафа сака да биде во сојуз со него и дека сака да го тргне од престолот неговиот татко, Сулејман. Одговорот на тоа писмо стигнува во рацете на Сулејман. Сулејман верува дека Мустафа сака заедно со Шах Тахмасп да крене бунт и да го убие него.
Во 1553 година, во Коња, Величествениот наредува да се погуби неговиот син Мустафа. Кога Мустафа влегува во шаторот, џелатите се обидуваат да го убијат и на крајот успеваат во тоа. Единствениот син на Мустафа, Принцот Мехмет е исто така убиен по наредба на Сулејман. Јаничарите се во голема жалост и се колнат дека ќе ја одмаздат неговата смрт. За сето ова го обвинуваат Рустем и сакаат да го убијат. Кога сето ова стигнува до ушите на Султанот, Султанот го разрешува Рустем од Голем Везир.
Сулејман жали за неговиот син Мустафа и почнува да се сомнева во неговата одлука за убиство. Џихангир умира од преголема жалост кон неговиот брат Мустафа. Махидевран и Михруниса пристигнуваат во Топкапи палатата. Потоа Михруниса се самоубива велејќи и на Хурем дека нејзината зима завршува а зимата на Хурем само што почнува. Махидевран заедно со Нергисшах и Фидан одат во Бурса каде што Махидевран сака да се изгради гроб за нејзиниот син.
Сопругот на Фатма Султан, Кара Ахмет Паша станува Голем Везир но после некое време тој е погубен по наредба на Сулејман за испраќање пари на бунтовниците кои го поддржувааа лажниот Мустафа поради што Бајазит беше неправедно обвинет. Фатма планира да ја убие Хурем но Сулејман ја спасува. Величествениот и наредува на Фатма да си замине од палатата и никогаш повеќе да не се врати.
Хуриџихан ја обвинува Нурбану дека е во љубовна врска со Газанфер ага, слугата на Нурбану. Нурбану ја убива Хуриџихан. Хурем дознава за тоа и сака да ја казни Нурбану меѓутоа Нурбану и вели дека ќе ги открие сите нејзини тајни, па затоа Хурем се премислува. Хурем и Нурбану објавуваат војна. Хурем се обидува да ја убие Нурбану но не успева. Во харемот на Бајазит пристигнува нова девојка по име Дефне која е испратена од Нурбану да го убие Бајазит. Дефне станува негова миленичка и една вечер става отров во јадењето на Бајазит. Дефне е фатена од страна на Атмаџа и тој дознава дека таа е бремена и дека сето тоа го направила по наредба на Нурбану бидејќи нејзината сестра е заробена кај неа. Бајазит му пишува писмо на Величествениот раскажувајќи му што прави Селим. Бајазит со голема војска оди кон Маниса со цел да му наплати на Селим за тоа што му го направи, меѓутоа Хурем пристигнува навреме и ја спречува борбата на нејзините синови. Хурем дознава дека боледува од неизлечлива болест. После кратко време, Хурем умира. Сулејман е во голема жалост поради смртта на својата сакана сопруга. Селим го убива Бајазит и неговите синови. Сулејман заминува на неговиот последен поход. После победата издвојувана на тој поход, Сулејман умира. Со смртта на Сулејман приказната за Величествениот век доаѓа до својот крај.
Распоред на емитување
уредиВо Турција
уредиСезона | Термин | Почеток на сезоната | Крај на сезоната | Број на епизоди | Опсег на епизоди | ТВ сезона | ТВ канал |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Среда 20.00 | 5 Јануари, 2011 | 22 Јуни, 2011 | 24 | 1 - 24 | 2011 | Show TV |
2. | Среда 20.00 | 14 Септември, 2011 | 6 Јуни, 2012 | 39 | 25 - 63 | 2011-2012 | Show TV, Star TV |
3. | Среда 20.00 | 12 Септември, 2012 | 19 Јуни, 2013 | 40 | 64 - 103 | 2012-2013 | Star TV |
4. | Среда 20.00 | 18 Септември, 2013 | 11 Јуни, 2014 (Финале) | 36 | 104 - 139 | 2013-2014 | Star TV |
Во Македонија
уредиСезона | Термин | Почеток на сезоната | Крај на сезоната | Број на епизоди | Опсег на епизоди | ТВ сезона | ТВ канал |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Понеделник - Петок 19.00 | 17 Декември, 2011 | 15 Февруари, 2012 | 24 | 1 - 24 | 2011-2012 | Канал 5 |
2. | Понеделник - Петок 19.00/21.00 Понеделник - Вторник 19.00 |
15 Февруари, 2012 | 15 Јануари, 2013 | 39 | 25 - 63 | 2011-2012 2012-2013 |
Канал 5 |
3. | Понеделник - Вторник 19.00 Понеделник - Петок 19.00/21.00/19.40 |
21 Јануари, 2013 | 3 јануари, 2014 | 40 | 64 - 103 | 2012-2013 2013-2014 |
Канал 5 |
4. | Понеделник - Петок 19.40 Сабота - Недела 20.00 |
6 Јануари, 2014 | 3 Октомври, 2014 (Финале) | 36 | 104 - 139 | 2013-2014 2014-2015 |
Канал 5 |
Улоги
уредиГлавни улоги
уредиГлумец | Улога | Опис | Сезона |
---|---|---|---|
Халит Ергенч | Султан Сулејман | Десеттиот Султан на Османлиското Царство | 1–4 |
Мерјем Узерли | Хурем-султан | Хасеки Султанка, законска жена на Султан Сулејман и мајка на неговите пет деца | 1–3 |
Вахиде Перчин | 4 | ||
Нур Фетахоглу | Махидевран-султан | Миленичка на Султан Сулејман и мајка на Принцот Мустафа | 1–4 |
Окан Јалабик | Ибрахим Паша | Голем Везир на Османлиското Царство, најдобриот пријател на Султан Сулејман | 1–3 4 (само гласот) |
Небахат Чехре | Ајше Хафса-султан (Величествената) | Мајка на Султан Сулејман, жена на Султан Селим | 1–2 |
Селма Ергеч | Хатиџе-султан | Сестра на Султан Сулејман, сопруга на Ибрахим Паша и мајка на Осман и Хуриџихан | 1–3 |
Мехмет Гунсур | Принцот Мустафа | Најстариот син на Султан Сулејман и единственото дете на Махидевран Султан | 1–4 |
Берак Тузунатач | Михруниса Султан | Сопруга на Принцот Мустафа и ќерка на Хизир Хајретин Паша | 4 |
Гурбеј Илери | Принцот Мехмет | Првото дете на Хурем и омилениот син на Сулејман | 1-3 |
Пелин Карахан | Михримах-султан | Единствената ќерка на Хурем и Сулејман, сопруга на Рустем Паша и мајка на Ајше Хумашах и Осман | 1–4 |
Озан Гувен | Рустем-паша | Сопруг на Михримах Султан и Голем Везир на Османлиското Царство | 3–4 |
Енгин Озтурк | Принцот Селим | Третото дете на Хурем и Сулејман, татко на Мурат III и наследник на Сулејман | 1-4 |
Мерве Болуѓур | Нурбану Султан | Миленичка на Принцот Селим и мајка на неговите деца | 4 |
Арас Булут Ијнемли | Принцот Бајазит | Четвртото дете на Хурем и Сулејман | 2-4 |
Толга Сариташ | Принцот Џихангир | Петтото и последно дете на Хурем и Сулејман | 2-4 |
Дениз Чакир | Шах Султан | Сестра на Султан Сулејман, сопруга на Љутфи Паша, мајка на Есмахан Султан | 3 |
Мелтем Цумбул | Фатма Султан | Сестра на Султан Сулејман, сопруга на Кара Ахмет Паша | 4 |
Бурак Озчивит | Малкочоглу Бали бег | Чувар на одајата на Величествениот, големата љубов на Михримах Султан | 2–3 |
Тунџел Куртиз | Ебусууд-ефенди | Кадија на Истанбул, подоцна шејкулислам ефенди | 3–4 |
Филиз Ахмет | Нигар-калфа | Калфа во Топкапи палатата, љубовница на Ибрахим Паша и мајка на неговата ќерка Кадер (подоцна Есманур) | 1–3 |
Серкан Алтунорак | Ташлиџали Јахја-бег | Еден од најпознатите поети, пријател и сопатник на Принцот Мустафа | 3–4 |
Сарп Акаја | Атмаџа | Пријател и сопатник на Принцот Мустафа, а потоа и на Принцот Бајазит | 4 |
Селим Бајрактар | Сумбуљ-ага | Главен евнух во харемот и најблизок слуга на Хурем Султан | 1–4 |
Споредни улоги
уредиГлумец | Улога | Опис | Сезона |
---|---|---|---|
Селен Озтурк | Ѓулфем-хатун | Првата миленичка на Султан Сулејман и најблиска пријателка на Хатиџе Султан | 1–4 |
Толга Текин | Хизир Хајретин Паша | Главен командант на морнарицата, поддржувач на Принцот Мустафа и татко на Михруниса | 3–4 |
Мехмет Озгур | Љутфи-паша | Сопруг на Шах Султан, татко на Есмахан и Голем Везир на Османлиското Царство | 3 |
Јеткин Дикинцилер | Кара Ахмет-паша | Сопруг на Фатма Султан и Голем Везир на Османлиското Царство | 4 |
Пинар Чаѓлар Генчтурк | Бејхан Султан | Сестра на Султан Сулејман и сопруга на Ферхат Паша | 1–3 |
Сабина Ајрула-Тозија | Афифе хатун | Доилка на Султан Сулејман и главен надзорник во харемот | 2–4 |
Фехми Карарслан | Ајас Паша | Везир во диванот, подоцна Голем Везир (по убивањето на Ибрахим Паша) | 1–3 |
Ариф Еркин Гузелбејоѓлу | Пири Мехмет Паша | Голем Везир пред Ибрахим Паша | 1–2 |
Мурат Шахан | Мустафа Паша | Главен командант на морнарицата пред Хизир Хајретин Паша, подоцна Везир во диванот | 1–3 |
Бурџу Озберк | Хуриџихан Султан | Ќерка на Хатиџе и Ибрахим Паша и сопруга на Принцот Бајазит | 4 |
Јасемин Ален | Дефне Султан | Миленичка на Принцот Бајазит | 4 |
Еџем Чалик | Есмахан Султан | Ќерка на Шах Султан и Љутфи Паша | 3 |
Фатих Ал | Матракчи Насух-ефенди | Математичар, историчар, географ, минијатурист и многу близок пријател на Ибрахим Паша | 1–4 |
Алмеда Абази | Назенин хатун (Валерија) | Миленичка на Султан Сулејман и мајка на Разије Султан | 4 |
Елиф Атакан | Румејса хатун | Миленичка на Принцот Мустафа | 3–4 |
Серенај Акташ | Ајше хатун | Миленичка на Принцот Мустафа и мајка на неговата ќерка | 3 |
Џансу Дере | Фирузе хатун (Хумејра) | Миленичка на Султан Сулејман, шпион испратен од династијата Сефевиди | 3 |
Мелике Ипек Јалова | Изабела Фортуна | Принцеза од Кастиља, заљубена во Султан Сулејман | 2 |
Ефе Мехмет Гунеш | Осман | Син на Хатиџе и Ибрахим Паша | 3 |
Хасан Кучукчетин | Искендер Челеби | Главен благајник и непријател на Ибрахим Паша | 2–3 |
Гокхан Челеби | Ферхат Паша | Сопруг на Бејхан Султан | 1 |
Киванч Килинч | |||
Езги Ејубоѓлу | Ајбиге хатун | Внука на Величествената, кримска Принцеза | 2 |
Алп Ојкен | Папа Климент VII | Папа на католичката црква во тоа време | 1–2 |
Сема Кечик | Даје хатун | Помошничка на Величествената, главен надзорник во харемот | 1–2 |
Нихан Бујукаѓач | Ѓулшах хатун | Слугинка на Махидевран Султан а подоцна на Хурем Султан | 1–3 |
Бурџу Гунер | Фахрије калфа (Диана) | Слугинка на Махидевран Султан а подоцна на Хурем Султан | 3–4 |
Садет Аксој | Садика (Викторија) | Непријателка на Султан Сулејман | 1–2 |
Сајгин Сојсал | Мерџан ага | Најблизок човек на Шах Султан и нејзин слуга | 3 |
Енгин Гунајдин | Ѓул ага | Близок човек на Хурем Султан и нејзин слуга | 2 |
Јуксел Унал | Шеќер ага | Главен готвач во палатата | 1–4 |
Гуркан Ујгун | Мимар Синан | Главен архитект на Султан Сулејман | 3–4 |
Јилдирим Фикрет Ураѓ | Мехмет Паша Соколович | Везир на Османлиското Царство | 4 |
Долунај Сојсерт | Грациа Мендес Наси | Богата еврејска жена која има важна улога во политиката на Османлиското Царство | 4 |
Бурџу Туна | Ѓулнихал хатун (Марија) | Пријателка од детството на Хурем Султан | 1 |
Мелиса Созен | Ефсун хатун (Нора) | Слугинка на Хурем Султан, заљубена во Принцот Мустафа | 2 |
Сечкин Оздемир | Лео | Поранешниот вереник на Хурем | 1 |
Гамзе Дар | Фидан хатун | Слугинка на Махидевран Султан | 2-4 |
Мујде Узман | Армин хатун | Првата љубов на Бали бег | 2 |
Бергузар Корел | Моника Грити | Сестра на Сињор Грити | 1 |
Меѓународна популарност
уредиПотврдено е дека серијата ја гледаат повеќе од 200.000.000 луѓе од целиот свет.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Величествениот Султан Архивирано на 29 мај 2015 г.
- Величествениот Султан на IMDb
- Величествениот Султан Архивирано на 20 септември 2014 г. на Канал 5
- Величествениот Султан[мртва врска] на Show TV
- Величествениот Султан Архивирано на 24 септември 2015 г. на Star TV
- Величествениот Султан - Официјална фејсбук страна
- Величествениот Султан - Официјална твитер страна
- Величествениот Султан - Официјален јутјуб канал