Локум – слатки од нишесте, брашно, шеќер, ореви и др[1]. Во повеќето случаи локумот се ароматизира со розова вода или лимон. Во некои рецепти се додаваат и ореви, лешници, ф’стаци и др. Вообичаено локумот се сече на парчиња во облик на квадар или коцка. Парчињата се посипуваат со шеќер во прав или кокосово брашно.

Локум
Локум
Дел од оброкотдесерт
Температура на послужувањеладен
Главни состојкинишесте, брашно, шеќер
Македонски пречек со кафе и локум

Локумот е омилен десерт во арапските земји, како и во Турција, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Кипар.

Рецепт[2]

уреди

Потребни состојки:

  • 1 л. вода
  • 1 лажичка сок од исцеден лимон
  • 800 гр. шеќер
  • 1 лажичка калиум водород тартарат (прехранбен)
  • 125 гр. скроб од пченка
  • 1-2 лажички розова вода
  • по потреба црвена прехранбена боја
  • по потреба масло за јадење

За декорација

  • 50 гр. шеќер во прав
  • 15 гр. скроб од пченка

Во длабок сад (тенџере или длабока тава) во половина од водата и сокот од лимон се растопува шеќерот на тивок оган со постојано мешање. Кога ќе се растопи шеќерот се засилува огнот шербетот да врие сè додека не образува меки меури. Во друг длабок сад се става преостанатата вода со калиумот и пченкарниот скроб. Се вари на умерен оган со постојано мешање сè додека смесата не стане густа и леплива. Се трга од оган и се додава шербетот, па се вари на тивок оган околу 1 час, малку да порумени. Се додава розовата вода и бојата и се остава да се олади најмалку 5 часа. Мешавината за декорација се сее на смесата, се сече на коцки или квадари и парчињата се валаат во мешавината од шеќер во прав и скроб од пченка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Локум“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Локум на семрежното место на Мои рецепти