Вајсериц
Вајсериц (германски: Weißeritz) — река во Саксонија. Кратката лева притока на Елба од 12 километри тече низ Фрајтал и Дрезден. Нејзиното име потекнува од словенскиот збор bystrica (дива вода). Официјалното име на реката користено во документи и хидрографски карти е Vereinigte Weißeritz (Обединета Вајсериц). Највисока точка на водите на Вајсериц е на околу 800 метри надморска височина.
Вајсериц | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Елба 51°3′48″N 13°41′12″E / 51.06333° СГШ; 13.68667° ИГД |
Должина | 12 км (61 км вкл. Вилде Вајсериц) |
Особености на сливот |
Реката се создава со спојување на реките Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц во Фрајтал. Иако Вилде Вајсериц е подолга притока, сливовите на двете реки Вајсериц се скоро исти во површина (162,7 км2 и 161,2 км2).
Вајсериц поминува низ длабоката долина Plauenscher Grund помеѓу Фрајтал и Дрезден и влегува во Дрезденската долина. Железничката линија од Дрезден до Нирнберг поминува веднаш до реката низ оваа долина. Реката е изместена во Дрезден од нејзиното поранешно речно корито, поради опасност од поплави и затоа е канализирана.
Вајсериц предизвикала тешки оштетувања во текот на Европските поплави во 2002 година во Дрезден и Фрајтал. Реката достигнала до Главната железничка станица во Дрезден, како и до Цвингер и поплавила некои окрузи во самиот град. Поради високиот пад на реката од 188 метри на 106 метри во Дрезден, некои куќи биле целосно уништени во овие поплави. Реката го напушти нејзиниот канализиран дел близу стариот дел на градор и низ нејзиното старо речно корито се влева во реката Елба.