Роте Вајсериц (германски: Rote Weißeritz) — река во Саксонија, која потекнува од источните Рудни Планини. Таа е десна притока на Вајсериц и е долга 36,5 километри. Изворот на реката е близу Алтенберг на височина од околу 787 метри.

Роте Вајсериц
Местоположба
Физички особености
УстиеВајсериц
Должина36,5 км
Особености на сливот

Реката се симнува на височина од 606 метри и се упатува кон северозапад, течејќи низ Шмидеберг, поранешниот окружен град Диполдисвалде и завршувајќи во Фрајтал, каде ја создава Вајсериц, заедно со подолгата притока Вилде Вајсериц. Вештачкото езеро Малтер било изградено во периодот 1908-1913 помеѓу Диполдисвалде и Фрајтел за заштита од поплави по поплавите во 1897.

Длабоката долина е важна сообраќајна врска. Има историски приспап до главниот планински премин на Рудните Планини (Graupen Pass). Железницата Вајсериц поминува низ долината на Вајсериц до бањскиот град Кипсдорф, искачувајќи околу 350 метри во височина. Сојузниот пат B170 го следи речниот брег помеѓу Диполдисвалде и Беренфелд, каде ја напушта долината.

Роте Вајсериц предизвикала големи уништувања во текот на поплавите во 2002.[1] Куќите и особено патната инфраструктура биле уништени или оштетени низ целата долина. Нивото на вештачкото езеро потполно се наполнило со што водата претекувала низ браната. Во областа околу изворот на реката наврнале 312 мм за 24 часа.

Наводи

уреди
  1. „Flood protection along the Red Weisseritz river in the Eastern Ore Mountains - Germany“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2012-08-24.

50°59′N 13°37′E / 50.983° СГШ; 13.617° ИГД / 50.983; 13.617