Кале (Варвара)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале — археолошко наоѓалиште во историското скопско село Варвара, денес во атарот на Ракотинци, Општина Сопиште. Претставува утврдена населба (опидум) од раноантичкото време.
На 1 км југоисточно од селото, 150 м над Маркова Река, на висока тераса се гледаат остатоци од утврдена населба која зафаќала простор од 155 × 130 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.[1]
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 367. ISBN 9989-649-28-6.