Вангел Тиков
Вангел Тиков, роден со името Вангел Стоев Тиков (Вељуштец, 12 февруари 1924 — Свети Врач, 12 јули 1984) — истакнат македонски учител и активист за правата на македонското мнозинство во пиринскиот регион кај Бугарија. Низ неговиот живот бил редовно осуден и уапсан заради неговите промакедонски ставови. Во млади години станал активист и се приклучил во организација којшто се обидувала да го врати Пиринска Македонија кон нејзината татковина Социјалистичка Македонија. Заради псевдоисторските и ксенофобиските ставови на русофилската бугарска историографија и влада бил осуден и уапсан во Сандански, починал во неговиот затвор под непознати услови.
Вангел Тиков | |
---|---|
Слика од Тиков | |
Роден(а) | Вангел Стоев Тиков 12 февруари, 1924 Вељуштец, Пиринска Македонија |
Починал(а) | 12 јули, 1984 (62 г.) Свети Врач, Пиринска Македонија |
Деца | Ботјо Вангелов |
Животопис
уредиВангел Тиков е роден во сиромашна селска фамилија во Пиринска Македонија, неговиот татко Стоев Тиков работел како земјоделец, неговата мајка Стана Тикова, по момиско била Донева, работела исто така како земјоделка. Имал тројца браќа и три сестри, сите работат во селото освен Борис Тиков којшто работел во Бургас додека Ботјо Тиков одлучил да ги продолжи македонските дејства на неговиот татко. Ботјо Тиков е еден од водачите на ОМО Илинден-Пирин. За основно школско образование тој патувал кај селото Плоски, Свети Врачиско и за средно школско гимназиско образование учел во градот Свети Врач, си го завршил неговото гимназиско образование во 1949 година.[1]
Кога бил во гимназија кај 1947 година одлучил да избега во НР Македонија бидејќи се грижел дека неговите права како Македонец не би биле почитувани во Бугарија, во истата година се вратил во пиринскиот реон но како војник кај гарнизонот во Петрич. Во 1949 година после завршувајќи го гимназиското образование се повторно се приклучил во војската кај гарнизонот во Бистрица, Горноџумајско. Во 1950 година почнал повеќе да се ориентира кон правата за македонското мнозинство во пиринскиот реон. Во 1958 година станал гимназиски професор и почнал да поседува различни села низ Пиринска Македонија.[1]
Според сведоштвите на Никола Кутрулев, кога Тиков го посетувал селото Игралишта, Струмјанско тој говорел за страдата и маката на македонскиот народ под бугарското ропство, Кутрулев исто така спомнал како селаните во селото му биле восхитани кон неговите дејства бидејќи самото село било со македонско мнозинство. После неговата посета бил повикуван во полициска станица во Белене каде што суровиот и ксенофобискиот офицер главен на станицата побарал да потпише договор каде што би се согласил да прекине дискутирајќи за македонското прашање и дека не би ја промовирал идеата на независен, уникатен македонски идентитет во регионот. Причината зошто офицерот го повикал Тиков да го потпише договорот било бидејќи неговата ќерка се вљубила во синот на Тиков, но Тиков одбил да го потпише договорот и најавил дека ќерката на офицерот никогаш не би била со неговиот син. Заради тоа кога се вратил во градот бил уапсан и сурово мачен, му ги врзувале нозете и го пикале во реката Струма.[1]
Во 1952 година се оженил со Велика Тикова, Николова по момиско. Николова била исто така македонка со потекло од Пиринска Македонија, таа била од селото Махалата, Горноџумајско. Велика Николова работеле како економист. Заедно со нејзе имал три деца сите машки, еден од нив бил активистот Ботјо Вангелов. Тој имал тајна група каде што ја пропагирале идеата за присоединувањето на Пиринска Македонија кон нејзината татковина Македонија, групата била составена од 5 души и патувале низ пиринскиот регион, но групата била откината од страна на суровата бугарска администрација и сите биле пратени во затвор за неколку години.[2] Во 1965 година си ја изгубил работата како гимназиски професор заради неговата афера со еден од неговите колеги.[1]
Кога истакнатиот русофил и ксенофоб Тодор Живков, познат по неговите негативни и псевдоисториски ставови кон македонскиот народ во Пиринска Македонија и општо за македонскиот народ и јазик настапил во власт во 1954 година осудувањата на Тиков се зголемиле. Во 1960-тите идеата на македонски национализам во регионот било прогласено како нелегално и Тиков бил осуден под новиот закон. Тој исто така бил малтретиран заради неговите негативни гледишта кон администрацијата на Живков и неговите критики кон Советскиот сојуз.[3] Кога бил уапсан бил во различни затвори низ Северна Бугарија, после неколку години бил однесен во Свети Врач. Лежел во затвор за 10 години заради неговиот патриотизам и за тоа време починал во затворот под непознати услови.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојков, Стојко (2014). ТАБУ - Време на страх и страдание (PDF). Благоевград: Дружество на репресираните Македонци в България. стр. 56–82.
- ↑ Стојков, Стојко. ПРОГОНУВАЊЕ НА „НЕПОСТОЕЧКИТЕ“. Репресиите против Македонците во Бугарија за време на комунизмот (1944 – 1989) (PDF). стр. 18.
- ↑ Маринов, Чавдар (2020). МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ОД 1944 ДО ДЕНЕС, Комунизмот и национализмот на Балканот (PDF). Фондација Отворено општество - Македонија. стр. 175.
- ↑ Тјулеков, Димитар (12 ноември 2023). „„МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО" У НАС В НАЧАЛОТО ХХІ ВЕК“. Ново Време.