Марулево (Неврокопско)

(Пренасочено од Ваклиново)

Марулевосело во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Марулево
Ваклиново
Марулево is located in Бугарија
Марулево
Марулево
Местоположба во областа
Марулево во рамките на Пиринска Македонија
Марулево
Местоположба на Марулево во Општина Сатовча и Благоевградската област
Координати: 41°36′N 24°4′E / 41.600° СГШ; 24.067° ИГД / 41.600; 24.067
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСатовча
Површина
 • Вкупна13,522 км2 (5,221 ми2)
Надм. вис.&100000000000010060000001.006 м
Население (2015)
 • Вкупно1.067
 • Густина0,079/км2 (0,20/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2957
Повик. бр.07545

Географија и местоположба

уреди

Селото Марулево се наоѓа на 11 километри југоисточно од Хаџидимово и на 20 километри југозападно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 1006 метри, во историко-географската област Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 13.522 км2.

Климата е променливо средоземна со планинско влијание. Реката Марулевска, притока на Кочанска Река, тече низ селото. Почвите се претежно кафеави планинско-горски и се одгледува тутун, житарки и сточна храна. Највисоката точка на територијата а селото е врвот Марашова чука - 1414 метри надморска височина. Марашова чука, заедно со целата месност „Мараша“, како и месностите „Проднаица“ и „Долг Боаз“ биле вклучени во составот на селото во 1992 година и претходно биле на територијата на селото Кочан. Бидејќи земјата во овие еста е во сопственост на жители на Кочан, се прават обиди повторно да се врати територијата кон кметството на Кочан[1]. Останати високи точки во селото се „Падибога“ - 1309 метри, Куртев рид - 1130 метри и Брезовец - 1124 метри, каде има изградено кула по име Глобул.

Историја

уреди

Селото Ваклиново (порано Марулево) потекнува од селото Кочан, кое се наоѓа на околу 3 километри на запад, првично наречено Кочан Маала. Според легендата, една девојка од Кочан забременила нелегално и според традициите во тоа време морала да биде бичувана и заточена. Родителите на девојката ја сокриле во колиба кај месноста „Цидаров Дол“. Девојката го родила бебето и останала да живее на тоа место. честпати посетувана од страна на своите љубовници. За време на чумната епидемија од 1502 година, нејзините најблиски се преселиле исто така на тоа место за да бараат спас од епидемијата.[2]

Османлиско Царство

уреди

Според плочата на џамијата во селото, таа била изградена во 1254 година (според хиџра), која датира од приближно 1838 година и дава причина да се верува дека Ваклиново било одделено како посебна населба од 18-19 век.

Според Николај Хаитов, Мехмед Синап е роден во Брштен, но останал сирак и бил израснат од некој човек[3]. Голема е веројатноста дека тој човек бил од Марулево[4]. Во османлиски документи селото се среќава под името Марулева (مــأـرـوـلــوﻩ).[5]

Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Марулево (Maroulévo) е село со 63 семејства и 176 Помаци[6] Во 1899 година селото имало население 395 жители според резултатите од пописот на населението на Османлиското Царство[7]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите македонски муслимани[8] и живееле во 50 куќи.[9] Според Стефан Верковиќ во 1881 година во селото живееле 208 муслимански машки лица во 63куќи.[10] Според податоците на пописот во годините 1926, 1934, 1946 и 1956, населението на Ваклиново (Марулево) било 506, 551, 632 и 743 души.[11]

Во 1912 година, населението во Ваклиново било насилно прекрстено. Откако Бугарија влегла во Балканските војни, свештеникот бил приведен и присилен да влече на себе плуг, по кое бил исечен..[12] Во селото била организирана чета против бугарската армија и истата чета делувала со четите од соседните села. Тие чети се состоеле од 30, 50 или 60 души. Во ноќта на 26 спрема 27 септември 1913 година тие извршиле напад на село Чавдар.[13]

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1960 година името на селото било променето во Ваклиново.

Религија

уреди
 
Џамија во селото.

Населението е составено од муслимани. Џамијата во селото е изградена во 1838 година (1254 А.Д.). Со изградбата управува Ахмед Гази Абдурахман. Првиот имам на селото (тогаш Марулево) бил Абдула Бекиров, кој бил официјално назначен во 1920 година и ја вршел функцијата до 1930 година. После тоа, позицијата ја исполнувале:

  • Алил Алилов Бекиров (1936 – 1940)
  • Асан Моллахасанов (1941 – 1950)
  • Абдула Јусеин Бекир (1951 – 1962)
  • Шефкед Алилов Бекиров (1963 – 1988)
  • Незми Гордал од село Рибново (1996 – 7 јуни 1999)
  • Агуш Расимов Ристемов (8 јуни 1999 — 17 август 2017)
  • Асан Асанов Ристемов (18 август 2017 -)

Во Ваклиново имало големо минаре со околу 70 стапки, но за време на Балканските војни во 1912 година било срушено од ВМРО. Така, селото останало без минаре. Луѓето од селото изградиле нецврсто минаре во 1965 година. Во 1986 година било изградено ново цврсто минаре со материјали собрани од селаните. Нова џамија била изградена во 2000 г., со минаре од 60 метри.

Општествени установи

уреди
  • ОУ „Стефка Сабчева“. Основано во 1926 година, а во 1974 година станало основно училиште.
  • Детска градинка и јасли – од 1978 година.
  • Здраствена установа – од 1978 година.
  • Пошта – од 1978 година.
  • Народно читалиште „Први мај“ било основано во текот на месец јули 1957 година. Кон 2007 година, во читалиштето имало 4860 тома и 175 регистрирани читатели.

Население

уреди
Население на Марулево по попис
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 551 632 743 938 1050 1232 1342 1225 958 1067
Етнички состав на населението
од 2011 година[14]:
Националност Население Процент
Бугари 537 90,71 %
Останати 7 1,18 %
Неопределени 45 7,6 %
Вкупно 592
Население по возраст
од 2011 година
[15]:

Наводи

уреди
  1. „Поканиха областният управител заради земи в Кочан“. Хроника. Посетено на 2008. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. Искренов, Андон (1995). Кочан: кратък очерк. София: Културно-просветен център „Васил априлов“. стр. 11. ISBN 954-8528-03-7.[мртва врска]
  3. Хайтов, Николай. Родопски властелини. София: Издание на Отечествения фронт. стр. 181. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  4. Кънчов, Васил (1970). „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 267. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  5. Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 39. ISBN 954-9800-29-6.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995. стр. 132–133. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  7. Зеленгора, Георги. Помаците в Турция - 7. // Pomak News Agency, 2 януари 2012.
  8. Кънчов, Васил (1996). „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  9. Кънчов, Васил (1970). „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 269. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  10. Райчевски, Стоян (2004). Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111–112. ISBN 954-9308-51-0. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  11. Отдел „Статистика на населението“ (1960). Списък на населените места в НР България по съществуващо административно деление към 15 януари 1960 година с брой на населението от преброяванията през 1926, 1934, 1946 и 1956 години. София: Централно статистическо управление. стр. 16.
  12. Арденски, Владимир. Загаснали огнища. София: ИК „Ваньо Недков“. стр. 85. ISBN 954-8176-96-3. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  13. Мехмед, Хюсеин (2007). Помаците и торбешите в Мизия, Тракия и Македония. София. стр. 91. Архивирано од изворникот на 2011-02-02. Посетено на 2020-02-23.
  14. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 1 февруари 2011“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  15. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 1 февруари 2011“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.

Надворешни врски

уреди