Јестебург
Јестебург (германски: Jesteburg) — општина во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри јужно од Хамбург и 6 километри источно од Буххолц во Нордхајде.
Јестебург | |
Општинското собрание на Јестебург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Харбург |
Општ. заед. | Јестебург |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Удо Хајтман (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 27,97 км2 |
Надм. височина | 34 м |
Население | 8.141 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 291 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WL |
Пошт. бр. | 21266 |
Повик. бр. | 04181, 04183 |
Местоположба на Јестебург во рамките на округот Харбург | |
Координати | 53°18′28″N 9°57′15″E / 53.30778° СГШ; 9.95417° ИГД |
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиЈестебург се наоѓа 10 километри северно од Линебуршкото Поле.
Општински единици
уредиОпштината Јестебург се состои од местата Иценбител, Рајндорфер Остербер, Лилау и Виденхоф.
Историја
уредиПрвото официјално споменување на Јестебург е во 1202 година, во документ потпишан од Хартвиг II, надбискуп на Бремен.
Замокот од каде местото го добило името се верува дека го чувал преминот на Зеве до XIII век. Остатоци од овој замок денес не постојат.
Во 1872/73 година била изградена железничката линија помеѓу Буххолц во Нордхајде и Линебург низ самото место која работи и денес.
При сојузничките напади на големиот град Хамбург во јануари 1943 година, неколку бомби завршиле во Јестебург, при што неколку градби биле уништени. На 19 април 1945 година, железничкиот мост бил разнесен од Вермахтот за да го успорат напредувањето на британските трупи.
Помеѓу 1933 и 1945 година, населението на Јестебург скоро се удвоило, главно поради бегалците.