Буенос Аирес

(Пренасочено од Буенос Ариес)

Буенос Аирес (шпански: Buenos Aires - „добар ветер, добар воздух“) е метропола и најголем град во Аргентина. Расположен е на десниот брег на реката Ла Плата при нејзиното влевање во Атлантскиот Океан.

Буенос Аирес
Buenos Aires
Авенијата 9 јули, именувана во чест на Денот на независноста на Аргентина (9 јули 1816)
Авенијата 9 јули, именувана во чест на Денот на независноста на Аргентина (9 јули 1816)
Авенијата 9 јули, именувана во чест на Денот на независноста на Аргентина (9 јули 1816)
Официјално знаме на Буенос Аирес
Официјално знаме на Буенос Аирес

Знаме
Официјален грб на Буенос Аирес
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Буенос Аирес
Mестоположбата на Буенос Аирес
Координати

34°36′36.00″S, 58°22′11.99″W

Општи податоци
Име
- официјално
- изворно
Буенос Аирес
  Ciudad Autónoma de Buenos Aires
  Buenos Aires
Основан 1536, 1580
Поштенски број C1000-1499XXX (ISO: AR-C)
Повикувачки број 011
Портал www.buenosaires.gov.ar
Управа
Земја  Аргентина
Шеф на влада Horacio Rodríguez Larreta
Географија
Површина
- копно
203 km²
203
Надморска височина 20 m
Население
Население 2 768 772 жители
година:
Густина 13 679,6 ж./km²
Податотека:Buenos Aires -Argentina- 136.jpg
Буенос Аирес

Населението на градот е 2 746 761 жител според пописот од 2005 година. Жителите на Буенос Аирес се главно Аргентинци од шпански и италијански потекла, но има со арапски, еврејски, кинески и корејски потекла.

Историја

уреди

Основач на првиот град кој денес се наоѓа на местото на Буенос Аирес бил шпанецот Педро де Медоса, под името Nuestra Señora Santa María del Buen Aire. Овој град бил напуштен во 1541 година за повторно да биде населен 1580 година. Самиот град не се ширел драстично сѐ до XVIII век, кога станал многу важно поморско подрачје. Во 1776 година градот станал главен на тогашното кралство на Шпанија, под името Rio de la Plata. На почетокот од XIX век, градот имал население од околу 50 000 жители.

Во 1806 година, градот бил окупиран од страна на Британците. Шпанија во тој момент не била доволно силна за да го одбрани градот, па самото население се дигнало на бунт и само се ослободило. Тоа всушност ја претставува и борбата на Аргентина за самостојност. Со нападот на Наполеон Бонапарт над Шпанија, на 25 мај 1810 година била прогласена првата независна влада на Буенос Аирес. Независноста на Аргентина, пак, е прогласена на 9 јули 1816 година во градот Тукуман, на север од земјата.

Индустрија

уреди

Извозот на земјоделските производи во Европа тотално придонеле за промена на градот во повеќе планови. Денешната архитектура на градот настанала токму во тогашно време. Во 1913 година, градот добил подземна железница, а една година подоцна, на објавениот попис на населението е установено дека во главниот град на Аргентина живеат околу 1 500 000 жители. Тоа продолжило и во наредните декади, така што веќе во шеесеттите години на минатиот век градот имал 3 000 000 жители.

Религија

уреди

Поголемиот број од населението на Буенос Аирес се припадници на католицизмот, но има и јудаисти и муслимани.

Буенос Аирес како мотив во уметноста

уреди

Координати:   34°36′13″S, 58°22′54″W


Наводи

уреди
  1. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 34-35.