Јудаизам

(Пренасочено од Јудаисти)
СТАТИИ ПОВРЗАНИ СО
                
Јудаизам
Категорија
Движења
Ортодоксизам · Конзервативизам · Реформизам
Харедизам · Хасидизам · Современ Ортодоксизам
Реконструкционизам · Еврејска обнова
Рабинизам · Хуманистицизам · Караимизам · Самарјанство
Еврејска филозофија
Начела на верата · Кабала
Бог · Месија
Избраници · Холокауст
Етика · Мусаризам
Свети текстови
Тора · Танах · Талмуд · Мидраш · Тосефта
Рабинска литература · Кузари
Чумаш · Сидур · Пијут · Зохар
Право
Тур · Шулхан Арух · Мишна Берурах
Мишне Тора · Арух Хашулхан · Кашрут · Цниут
Цедака · Нида · Ноеви закони
Свети градови
Ерусалим · Сафед · Хеврон · Тиберијада
Свети места
Синагога · Бет мидраш · Микве · Сука
Хевра кадиша · Светиот Храм · Скинија
Важни личности
Аврам · Сара · Исак · Ребека
Јаков · Рахила · Леа · Мојсеј
Дебора · Соломон · Давид
Еврејска култура
Брит · Бар мицва и Бат мицва · Јешива · Брак
Нида · Пидјон Хабен · Смрт · Колел · Хедер
Религиски занимања
Рабин · Ребе · Посек
Хазан · Дајан · Рош јешива · Моел · Коен
Верски предмети
Талит · Тефилин · Кипа · Сефер Тора · Гартел
Цицит · Мезуза · Менора · Шофар · Кител
Четири врсти · Етрог · Лулав · Адас · Арава
Еврејски молитви и Обреди
Шема Јизраел · Амида · Алеину · Кол Нидре
Кадиш · Халел · Хавдала · Биркат амазон
Шехехејану · Таханун · Селихот
Јудаизмот и останатите религии
Христијанство · Ислам · Хиндуизам
Јудео-христијанизам · Аврамски религии
Јудео-паганство · Религиски плурализам
Поврзани теми
Антисемитизам · Критики · Ционизам
Исус · Израел · Евреи

Јудаизамрелигија на Евреите ширум светот со околу 14 милиони следбеници (според податоци од 2005[1]). Јудаизмот е една од првите запишани монотеистички вери и една од најстарите религиозни традиции кои се применуваат денес. Вредностите и историјата на Евреите се голем дел од основата на другите аврамски религии како самартијанизмот, исламот и христијанството . Јудаизмот е прва монотеистичка религија во историјата и се верува во еден бог — Јахве (Богот Јахве, богот на евреите всушност нема име затоа што Јахве буквално значи ; "јас сум тоа што сум".)

Менората со седум свеќници е древен симбол на јудаизмот. Меѓутоа оваа менора не се смета за кашрутска заради тоа што средниот свеќник не е повисок од другите. Овој свеќник се користел во храмот во древен Ерусалим.

Таа настанала во 2 милениуми п.н.е. Јудаизмот претставува основа од која што се развиле христијанството и исламот. Јудаизмот е главно религија на еврејскиот народ, но е присутна во сите континенти и е мултинационална вероисповед. Оваа религија проповеда верување во еден бог кој се вика Бог, но во Стариот завет е истовремено наречен Јахве, Елохим, Адонај и редица други имиња. Се претпоставува дека различните имиња се последица на долгите страдања на Евреите во туѓина, односно во Вавилон и во Египет, но и дека се работи за различни канаански богови чии имиња се врзувале со еврејскиот Бог. Бог претставува морално совршенство и од луѓето бара љубов и праведност.

Централни личности во јудаизмот се Адам, Ева, Сет, Аврам, Исак, Јаков, Јосиф, и подоцна Мојсеј. Мојсеј го избавил еврејскиот народ од ропството на Египќаните, ги примил Божјите закони и традиционално се смета за писател на првите пет книги од Библијата. Света книга за јудаизмот е Библијата, односно Стариот завет. Мојсиевото петтокнижие ја содржи историјата на Евреите од Битие до повторното доселување во Ветената Земја. Но таа истовремено претставува и збирка од верски и правни прописи. Талмудот е книга што содржи рабински толкувања на еврејските, односно божјите закони.

Центарот на јудаизмот е Ерусалим, а најсвето место во Ерусалим е храмот. Од него денес има само урнатини кои се познати како Ѕидот на Плачот. Таму евреите се собираат на молитва. Местото во кое евреите ги извршуваат верските обреди се вика синагога. Синагогите секогаш се свртени кон Ерусалим. Рабин е верски учител и водач во јудаизмот. Саботата за евреите е ден за одмор и молитва.

Симболи на јудаизмот се: Давидовата ѕвезда, која за евреите е верски, но и национален симбол. Менората е седмокрак свеќник кој е направен од злато и тежи околу 30 кг. Јудаизмот е најстара монотеистичка религија. Оваа религија го нагласува практикувањето на религијата повеќе отколку самото верување и според толкувањата на јудаизмот она што ја дефинира човековата религиозност е неговиот начин на живот (Bouker, 2006:182). За распространетоста на јудаизмот се споменува податокот дека во светот има 12милиони припадници на јудаизмот, од кои 6 милиони се во САД, 2 милиони во Израел, а 4 милиони во другите делови на светот како што се: Источна Европа, Русија и сл. Кога се говори за јудаизмот треба да се спомене дека постои и поделба на јудаизмот на:

  • ортодоксен јудаизам, кој претставува строго традиционален јудаизам што го прифаќа законот и авторитетот на рабинот,
  • прогресивен јудаизам, кој е претставен преку две движења, и тоа:-
    • либерален јудаизам, кој настанува во Европа за време на просветителството во 18 век и кој го нагласува критичкиот поглед на Библијата, алудирајќи на етичките елементи,
    • реформиран јудаизам, кој ги прифаќа методите на историско-критичкото истражување и го намалува одржувањето на обредите,
  • конзервативен јудаизам, кој настанува во 19 век, посебно во Америка, и е некаде меѓу ортодоксниот и прогресивниот, кој тежнее кон поинакви обреди, но ги прифаќа рабинските преданија,
  • ционизам, кој е националистички, со духовни примеси.

За основач на јудаизмот се смета Мојсеј, кој според преданијата, ќе добие порака од Бога и кој всушност е единственото преживеано машко дете во времето на владеењето на египетскиот фараон. Мојсеј бил еврејски водач и законодавец кој евреите ги ослободува од египетско ропство и на Синајската гора им дава две таблици-закони, кои ќе станат основа на еврејската религија. Всушност на планината Синај Господ-Бог ги врежува во камен 10-те Божји зповеди, кои и денес се сметаат за врвни морални начела. Бог всушност на Синајската гора склучува договор со евреите и тој совет е содржан во 10-Божји заповеди, врежани на камената плоча која Мојсеј ја донел од врвот на гората. Нивната задача била да ја покажат единствената верност на Бога и да изградат примерно општество според законите и правдата што тој им ја подарил, а Бог за возврат ќе им ја дарува нивната сопствена земја и ќе биде нивни заштитник. Оно што посебно треба да се спомене е дека Еврејскиот народ бил протеруван, сепак треба да се потенцира дека нивната верба дека се божји избран народ, успеале да го одржат својот национален, културен и религиски идентитет, без оглед каде живеат.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.[мртва врска]