Брутализам
Брутализам — архитектонски стил кој се појавил кон средината на 20 век (од 1950 до средината на 1970) како дел од Модернизмот во Обединетото Кралство, меѓу проектите за реконструкција на повоениот период.[1][2][3][4][5] Терминот „брутализам“ потекнува од францускиот збор кој го опишува материјалот кој е карактесритичен за овој стил béton brut или натур бетон.[6][7] Шведската фраза nybrutalism, или „нов брутализам“ првпат бил употребен од британските архитекти Алисон и Питер Смитсон за нивниот пионерски пристап кон дизајнот[8][9][10]Британскиот архитектурен критичар Рајнер Банхам го адаптира овој термин нарекувајќи го самиот стил брутализам (или во оригинал Нов Брутализам)
Период | 1950-ти – рани 1980-ти | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Земја | Меѓународна |
Бруталистичките згради се карактеризираат со минималистички конструкции кои ги прикажуваат голите градежни материјали и структурните елементи над декоративниот дизајн.[11][12] Градбите се одликуваат како масивни градби со изразено потенцирана конструкција и видливи суровини, натур-бетон, и во одредени случаи комбинација од тула и натур-бетон[12][8], како и челик, дрво и стакло.[13] Во времето во кое се појавил од политичката левица бил сметан за „нов хуманизам“, додека пак од политичката десница за „нов епиризам“. Потекнувајќи од модернистичкото движење, се вели дека брутализмот е реакција против носталгијата на архитектурата во 1940-тите[14]. Тој станал многу популарен при проектирање на образовни установи (особено универзитетски згради) како и кај многу владини проекти за колективно домување, шопинг центри, индустриски згради и јавни установи. Негови примери се среќаваат низ целиот свет, во Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, САД, Канада, Бразил, Русија, Израел, Австралија. Во Обединетото Кралство, брутализмот бил прикажан во дизајнот на утилитарните, евтини социјални станови под влијание на социјалистичките принципи и набрзо се проширил во другите региони низ светот, додека бил одгласен со слични стилови како во Источна Европа.[15][11][12][16]
И покрај неговата грубост и навидум недостаток на комфорт, брутализмот младата генерација на архитекти го истоветува со оптимизам, светлина, слобода на израз, особено во поствоениот свет, во кој и се создава. Банхам во еден момент во своите критички текстови се осврнал на брутализмот не само како стил туку и како атмосфера на морална сериозност меѓу архитектите. Во поново време поимот брутализам се користи при опишување на објекти кои датираат од крајот на 20 век, кои се огромни и непопуларни, односно како синоним за нешто што е грубо, брутално, нападно.
Историја
уредиТерминот „брутализам“[17] бил првично употребен од шведскиот архитект Ханс Асплунд при опишување на објектот Вила Гот сместена во Упсала,[9] проектирана од неговите колеги Б.Едман и Л.Холм во 1949 година[10]. Во оригинал е употребен терминот nybrutalism кој на шведски јазик значи Нов Брутализам. Терминот потоа бил присвоен од британските архитекти Алисон и Петар Симтсон, а станал глобално прифатен после објавување на книгата на британскиот критичар и историчар Рајнер Банхам со наслов Новиот Брутализам: Етика или Естетика? (англиски: The New Brutalism: Ethic or Aesthetic?) во која е анализиран новопојавениот архитектонски пристап при проектирање, конкертно во Европа. Терминот беше откриен во летото 1950 година од група англиски архитекти во посета, вклучувајќи ги Мајкл Вентрис, Оливер Кокс и Грем Шенкланд, каде што очигледно „се рашири како шумски пожар и [беше] последователно усвоен од одредена фракција млади британски архитекти“.[17][18][10]Банхам дополнително ги проширил своите мисли во книгата од 1966 година, „Новиот брутализам: етика или естетика?“, за да окарактеризира неодамна воспоставениот кластер на архитектонски пристапи, особено во Европа.[19]
Најдобри примери за раниот брутализам можат да се видат во работата на швајцарскиот архитект Ле Корбизје, конкретно „Unité d'Habitation“, објект за колективно домување изграден во 1952 година во Марсеј, Франција како и комплексот законодавни објекти изграден 1953 година во Чандигард, Индија. Брутализмот особено зел залет во средината на 20 век во Велика Британија како резултат на поствоената економска депресија и потребата за изградба на нискобуџетни станбени единици, шопинг центри и владини згради. Меѓутоа, брутализмот останал примарен избор на стил и во случаи кога се располагало со големи буџети бидејќи архитектите ја ценале искреноста, скулптуралноста, а најмногу бескомпромисната анти-буржоазиска природа на стилот.
Со социјално прогресивната идеја зад брутализмот видлива кај Корбизјевиот станбен објект, на овој стил се гледа како на позитивна опција за унапредување на модерното урбано живеење.
Особености
уредиНовиот брутализам не е само архитектонски стил; тоа е исто така филозофски пристап кон архитектонскиот дизајн, стремеж да се создадат едноставни, искрени и функционални згради кои одговараат на нивната намена, жители и место.[20][21] Објектите препознатливи по овој стил, најчесто се организирани со повторувачки модуларни елементи кои формираат различни функционални зони, јасно артикулирани и групирани заедно во една целина. Бетонот, конкретно натур бетонот е најмногу употребуван како материјал, поради неговата грубост и искреност како контраст на дотогашните елитни неокласицистички стилови кои преовледувале. Леаните бетонски елемнти користени при нивна изградба, се произведени така да е целосно видлива структурата на материјалот. Бетонот кој сам по себе е претежно конструктивен материјал без некоја естетска вредност, наеднаш станува главен декоративен елемент. Покрај него како материјали се користат и тулата, стаклото, челикот, грубо обработениот камен и сл. Иако не сите објекти кои имаат вака видлива бетонска надворешна обработка можат да бидат сместени во овој стил, истите можат да припаѓаат на останатите модерни стилови како Конструктивизам, Интернационален стил, Постмодернизам и Деконструктивизам. Покрај нагласувањето на материјалот и конструкцијата, за овој стил е исто така карактеристично и видливата изложеност на техничките инсталации.
Брутализмот како филозофија често е поврзуван со социјалистичката идеологија, која во временската рамка во која истиот се развивал, била поддржувана од страна на неговите дизајнери. Тој е особено застапен кај архитектурата во европските комунистички земји, од средината на 1960-тите до касните 1980-ти години (Југославија, Советскиот Сојуз, Источна Германија, Бугарија, Чехословачка[22])
Брутализмот претставува изразено доминантна архитектура, која дава монументални објекти со еднојазичен израз. Најчесто бил критикуван поради тоа што ги игнорирал околните историски објекти при вклопувањето во контекстот на градот, и додека архитектите биле фасцинирани од неговиот изглед, пошироката публика имала проблем со негово прифаќање.
Брутализам во Македонија
уредиВо чекор со светскиот тренд, во периодот од 60-тите па сè до 80-тите години од минатиот век, и во Македонија се појавиле објекти со препознатливите одлики на брутализмот, особено во периодот по земјотресот во Скопје. Наведени се неколку примери од такви објекти, како и нивните автори:
- Историски Архив, Скопје, 1968, Георги Константиновски
- Зградата на гимназијата „Никола Карев“, Скопје, 1969, Јанко Константинов
- Студентски дом „Гоце Делчев“, Скопје, 1971, Георги Константиновски
- Средно медицинско училиште, Скопје, 1973, Јанко Константинов
- Телекомуникациониот центар на ПТТ, Скопје, 1974, Јанко Константинов
- Универзитетски кампус Св. Кирил и Методиј, Скопје, 1974, Марко Мушич
- Комплекс Банки, Скопје, 1974, Олга Папеш
- Шалтер салата на ПТТ, Скопје, 1979, Јанко Константинов
- Македонска Пошта, Прилеп, 1975 Љубинка Маленкова
- Историски Архив, Штип, 1976, Георги Константиновски
- Историски Архив, Охрид, 1979, Георги Константиновски
Наводи
уреди- ↑ „Reclaiming Polish Brutalism: Discover the Emblems of Communism“. ArchDaily (англиски). 28 October 2018. Посетено на 18 October 2023.
- ↑ Larsson, Naomi (6 August 2023). „Socialist modernism: remembering the architecture of the eastern bloc“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 18 October 2023.
- ↑ „Definition of BRUTALISM“. www.merriam-webster.com (англиски). Посетено на 2019-07-11.
- ↑ Bull, Alun (8 November 2013), What is Brutalism?, Посетено на 10 October 2018
- ↑ Đorđe, Alfirević & Simonović Alfirević, Sanja: Brutalism in Serbian Architecture: Style or Necessity? Facta Universitatis: Architecture and Civil Engineering (Niš), Vol. 15, No. 3 (2017), pp. 317–331.
- ↑ Banham, Reyner (9 December 1955). „The New Brutalism“. Architectural Review. Посетено на 2018-10-10 – преку On Architecture.
- ↑ Snyder, Michael (15 August 2019). „The Unexpectedly Tropical History of Brutalism“. The New York Times. Посетено на 11 May 2020.
- ↑ 8,0 8,1 „Brutalist Architecture London | A Guide To Brutalism“. 20 Bedford Way (англиски). 2014-06-23. Посетено на 2020-05-11.
- ↑ 9,0 9,1 Hans Asplund's letter to Eric De Mare, Architectural Review, August 1956
- ↑ 10,0 10,1 10,2 The New Brutalism, Reyner Banham, Architectural Press, London 1966, p10
- ↑ 11,0 11,1 Hopkins, Owen (10 September 2014). „The Dezeen guide to Brutalist architecture“. Dezeen. Посетено на 19 April 2020.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Editorial Staff. „Brutalist architecture – a retrospective“. Architecture and Design. Посетено на 19 April 2020.
- ↑ Harwood, Elain. „The concrete truth? Brutalism can be beautiful“. BBC Arts. Посетено на 11 May 2020.
- ↑ Rasmus Wærn (2001). Guide till Sveriges Arkitektur : Byggnadskonst Under 1000 År. Stockholm: Arkitektur Förlag. ISBN 9789186050559.
- ↑ Andrei, Mihai (15 May 2022). „Brutalist architecture and its unusual, raw appeal“. ZME Science (англиски). Посетено на 18 October 2023.
- ↑ Plitt, Amy (11 November 2019). „The history of Brutalist architecture in NYC affordable housing“. Curbed NY (англиски). Посетено на 30 April 2020.
- ↑ 17,0 17,1 Meades, Jonathan (2014-02-13). „The incredible hulks: Jonathan Meades' A-Z of brutalism“. The Guardian (англиски). Посетено на 2018-10-10.
- ↑ Vidler, Anthony (October 2011). „Another Brick in the Wall“. October. 136: 105–132. doi:10.1162/OCTO_a_00044. JSTOR 23014873. S2CID 57560154.
- ↑ „Historian of the Immediate Future: Reyner Banham – Book Review Art Bulletin, The – Find Articles“. 2007-08-30. Архивирано од изворникот на 2007-08-30. Посетено на 2019-07-04.
- ↑ Goodwin, Dario (22 June 2017). „Spotlight: Alison and Peter Smithson“. www.archdaily.com.
- ↑ Heuvel, Dirk van den (2015-03-04). „Between Brutalists. The Banham Hypothesis and the Smithson Way of Life“. The Journal of Architecture. 20 (2): 293–308. doi:10.1080/13602365.2015.1027721. ISSN 1360-2365. S2CID 219641726.
- ↑ Kulić, Vladimir; Mrduljaš, Maroje; Thaler, Wolfgang (2012). Modernism In-Between: The Mediatory Architectures of Socialist Yugoslavia (English). Berlin: Jovis. ISBN 978-3-86859-147-7.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
Извори
уреди- Romy Golan, Historian of the Immediate Future: Reyner Banham – Book Review Архивирано на 30 декември 2014 г., The Art Bulletin June 2003, Retrieved 29 December 2014
- Enciklopedija Moderne Arhitekture (org.Knaurs Laxikon der modernen Architektur) Herausgegeben von Gerd Hatje, издадена 1970
- Градители во Македонија XVIII-XX век, Георги Константиновски, издадена 2001
Надворешни врски
уреди„Брутализам“ на Ризницата ? |
- BRUTALISM:ONLINE, проект за документирање на сите бруталистички структури низ цел свет
- "The incredible hulks: Jonathan Meades' A-Z of Brutalism"
- From Here to Modernity Архивирано на 1 јуни 2020 г. содржи многу примери на објекти од Брутализмот
- "Fuck Yeah Brutalism" блог со фотографии од Брутализам
- "Bunkers, Brutalism and Bloodymindedness" BBC Документарец во 2 дела
- "Symbols in Transition" Документарен филм за пост-89 справување со политичките симболи и објекти од Источна Европа
- Ontario Architecture: Brutalism