Студентски дом „Гоце Делчев“

студентски дом во Македонија

Студентски дом „Гоце Делчев“ — студентски дом во Скопје. Градбата е дело на архитектот Георги Константиновски. Објектот има капацитет за вдомување на 1200 студенти.[1]

Поглед на блоковите од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Историја

уреди

На 13 ноември 1969, на денот на ослободувањето на Скопје, започнала изградбата на Студенскиот дом во населбата Тафталиџе. Објектот бил проектиран со 4 блокови за 300 студенти во еден станбен блок. Во нив, собите се поделени на еднокреветни, двокреветни и брачни соби. Освен сместувачки капацитет, домот е изграден со простор наменет за спортски игралишта, библиотека, кујна и парк за одмор и рекреација.

Архитектура

уреди

Во текот на обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, архитектурата била во подем. Особено популарен стил во овој период бил модернизмот, со посебен осврт на бетонскиот брутализам, стил карактеристичен по тоа што се одразува со геометриски теми и груб бетон.[2] Посебниот изглед на студентскиот дом го прикажува животот на студентите со посебни драматични детали и одлики.

Наводи

уреди
  1. Константиновски, Г. (2015). „Патот на еден архитект“. Култура. Скопје.стр. 37.
  2. „COMMUNIST ARCHITECTURE OF SKOPJE, MACEDONIA – A BRUTAL, MODERN, COSMIC, ERA“. Yomadic. 6 мај 2013. Посетено на 24 мај 2017.

Надворешни врски

уреди