Борешница
Борешница (грчки: Παλαίστρα, Палестра; до 1926 г. Μπορέσνιτσα, Боресница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 289 жители (2011), сочинето од Македонци.[3]
Борешница Παλαίστρα | |
---|---|
Координати: 40°48.10′N 21°31.1′E / 40.80167° СГШ; 21.5183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Овчарани |
Надм. вис. | 620 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 289 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместнео во Леринското Поле, 10 км источно од Лерин крај на Голема Река (Ресанска)[4], притока на Сакулева Река.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Борешница било село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Борешница (Boréchnitza) била село во Леринската каза со 150 домаќинства од вкупно 375 жители Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Борешница имала 348 жители Македонци.[5][7] Во бугарското училиште во Борешница во 1897/98 г. предавал револуционерот Атанас Шишков од Пателе.[8] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 344 жители, сите Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[5][9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Борешница се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 43 куќи.[10]
По 1900 г. се засилило иселувањето на жителите на Борешница во Америка, претежно во САД. Според бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев на почетокот на 1904 г. 28 лица од селото занимале на работа во Америка. Во првите месеци на 1905 г. е забележано заминувањето на уште 9 лица.[11] Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 40 македонски куќи.[3]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 375 жители.[3]. За време на Првата светска војна Борешница била окупирана од бугарската војска, за да биде вратено во Грција по сила на Нејскиот миреовен договор. Во 1926 г. властите го преименувале во Палестра.[12] На пописот од 1928 г. во селото живееле 447 лица.[3]
Во 1940 г. населението на Борешница броело 592 жители. Поради оддалеченоста од воените операции, селото не нстрадало во Граѓанската војна, па затоа од него се иселиле само 5 семејства во Р Македонија и неколку лица во источноевропските земји.[3] Така, во 1951 г. во него се попишани 638 жители. Во 1960-тите населението почнало позначајно да опаѓа поради засиленото иселување во прекуокеанските земји, особено во Австралија.[3]
Цркви
уредиБорешница има две цркви:[13]
- „Св. Илија“
- „Јован Богослов“
Селска слава е Илинден, на 2 август.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 592 | 638 | 600 | 421 | 381 | 337 | 336 | 289 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото се смета за богато. Жителите се занимаваат со земјоделство и произведуваат доста житарки и големи количества тутун. Мошне развиени се лозарството и сточарството.[3]
Поврзано
уредиЛичности
уреди- Атанас Попов (1871 – 1925) — револуционер
- Ѓорѓи Перикли Баничотов (? – 1947) — комунистички деец[14]
- Јован Филипов (Јоанис Воскопулос; р. 1957) — политичар, градоначалник на Лерин, братучед на леринскиот деец Павле Филипов (Павле Воскопулос) од македонската партија „Виножито“
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπορέσνιτσα - Παλαίστρα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 142.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
- ↑ Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 134.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
- ↑ Миграционни движения на българите 1878-1912, т. 1, София 1993, с. 314, 397.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Портал на поранешната Општина Овчарани[мртва врска] (грчки)
- ↑ Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009[мртва врска]