Борботско

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Боботско)

Борботско (грчки: Επταχώρι, Ептахори; до 1926 г. Βουρβουτσικόν, Вурвуцикон[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 187 жители (2021).

Борботско
Επταχώρι
Поглед на селото
Поглед на селото
Борботско is located in Грција
Борботско
Борботско
Местоположба во областа
Борботско во рамките на Нестрам (општина)
Борботско
Местоположба на Борботско во Општина Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°14′N 21°2′E / 40.233° СГШ; 21.033° ИГД / 40.233; 21.033
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаАренес
Надм. вис.&10000000000000860000000860 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно187
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено на пазувите на планината Грамошта, околу 40 км југозападно од градот Костур, на надморска височина од 860 м. Крај селото минува патот кој води за Коница и Лапчишта.[3] Во непосредна близина на селото е сместен мостот Куцумбли.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во постаро време селото претставувало чисто македонска населба, која била напуштена во воените години, а потоа била населена со Грци дојдени од Епир како сточари.[3]

Во XIX век Борботско било седиште на нахија која опфаќала неколку околни села.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Борботско живееле 1.750 Грци.[4] На Картата на Битолскиот Вилает од 1901 г. Борботско е заведено како грчко село со 160 куќи.[5]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Борбатско (Borbatsko) има 2.000 Грци и работело едно прогимназијално и едно основно грчко училиште.[6] Според грчки извори, во 1905 г. Вурвутико имало 1.400 жители Грци.[7]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 869 жители. [3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Ептахори (Επταχώρι).

Во текот на Граѓанската војна, селото тешко настрадало и било напуштено од неговите жители. По војната селото било обновено. [3]

Стопанство

уреди

Поради планинскиот карактер на селото, главно занимање на населението е шумарство. Денес, Борботско претставува стопански центар, во кој луѓе од околните села доаѓаат на пазар.[3]

Население

уреди

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 869 жители, во 1920 година со 657 жители, во 1928 година со 732, а во 1940 година со 947. Селото наполно настрадало и било целосно напуштено за време на Граѓанската војна. По завршувањето на војните било повторно обновено. Во 1951 година било забележано веќе со 595 жители, во 1961 година имало 622, во 1971 година 438, во 1981 година 368, а во 1991 година 432 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 293 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 295 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 947 595 622 438 368 432 293 295 187
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Борботско припаѓа на општинската единица Аренес со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Борботско, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди
Верски објекти
Мостови

Личности

уреди

Родени во Борботско

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Vourvoutsikon -- Eptachori“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-17.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-01.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
  7. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Eptahori“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2023-08-01.

Надворешни врски

уреди