Кралство Грција
Кралство Грција (грчки: Βασίλειον τῆς Ἑλλάδος, Vasílion TIS Elládos) било основано 1832 година по Лондонска конференција предводена од страна на Големите сили (Обединетото Кралство, Франција и Руската Империја). Меѓународно земјата била призната од договорот во Цариград, каде била прогласена и обезбедена целосна независност од Отоманското Царство. Независноста била означена со т.н. Грчка војна за независност. Во 1924 година била укината монархијата во земјата и прогласена Втора Грчка република. Кралството повторно било обновено во 1935 година, а траело до 1974 година кога пак била создадена Третата Грчка република, каква што е и денес.
Кралство Грција Βασίλειον τῆς Ἑλλάδος
| |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1832 – 1924 1935 – 1941 1944 – 1973 | |||||||||||||||||||
Motto: "Ελευθερία ή Θάνατος" (Слобода или Смрт) Кралко мото: "Ἰσχύς μου ἡ ἀγάπη τοῦ λαοῦ" (Љубовта на народот е мојата сила) | |||||||||||||||||||
Химна: Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν Химна на слободата | |||||||||||||||||||
Главен град | Атина | ||||||||||||||||||
Говорени јазици | Грчки | ||||||||||||||||||
Вероисповед | Православие | ||||||||||||||||||
Уредување | Апсолутна монархија 1832 - 1843 Парламентарна демократија и уставна монархија 1843 - 1924, 1935 - 1973 | ||||||||||||||||||
Монарх | |||||||||||||||||||
• 1832-1862 | Отон I | ||||||||||||||||||
• 1964-1974 | Константин II | ||||||||||||||||||
Историски период | Просветителство | ||||||||||||||||||
30 август 1832 | |||||||||||||||||||
• | 3 септември 1843 | ||||||||||||||||||
25 март 1924 | |||||||||||||||||||
3 ноември 1935 | |||||||||||||||||||
1941 | |||||||||||||||||||
• Ослободување | 1944 | ||||||||||||||||||
21 April 1967 | |||||||||||||||||||
8 декември 1974 | |||||||||||||||||||
Валута | ₯ драхма | ||||||||||||||||||
|
Владеењето на кралот Отон (1832–1862)
уредиЛондонскиот протокол, со кој Грција станала независна држава, не значел и решавање на проблемите во неа. Изборот на крал на Грција воопшто не бил лесен. Според договорот помеѓу големите сили во 1830 година, за грчки крал требало да биде избран Леополд Саксен Кобуршки, но тој набрзо ce откажал од престолот, на кој воопшто на стапнал.[1] Состојбата во Грција уште повеќе ce искомплицирала по убиството на Јоанис Каподистријас во 1831 година. Тоа било знак за големите сили поинтензивно да ce вмешаат во грчките внатрешни работи. Трите сили-заштитнички биле заинтересирани за обезбедување стабилен режим во Грција, кој нема да бара добивање на територии. Конечно, во 1832 година големите сили го решиле и проблемот со изборот на нов грчки крал. Со членот 1 од договорот помеѓу Англија, Франција, Русија и Баварија од 7 мај 1832 година за нов грчки крал бил поставен Фридрих Отон, вториот син на баварскиот крал. Новиот грчки крал, според членот 3 од договорот, ќе ja носи титулата крал на Грција, a не на Грците. Тоа значело дека тој не е крал и на оние Грци што останале да живеат во рамките на османлиската држава. Со тоа големите сили, кои влијаеле врз изборот, сакале да избегнат османлиски протести и негодувања.[1]
Грчки кралеви (монарси)
уреди- Отон I (февруари 1833 - 23 октомври 1862)
- Ѓорѓи II (30 март 1863 - 18 март 1913)
- Константин I (18 март 1913 - 11 јуни 1917 и 19 декември 1920 - 27 септември 1922)
- Александар I (11 јуни 1917 - 25 октомври 1920)
- Ѓорѓи II (27 септември 1922 - 25 март 1924 и 3 ноември 1935 - 1 април 1947)
- Павле I (1 април 1947 - 6 март 1964)
- Константин (6 март 1964 - 1 јуни 1973)
Наводи
уредиБиблиографија
уреди- Јовановски, Далибор (2005). Грчката балканска политика и Македонија. Скопје: Bato & Divajn. ISBN 9989-2382-0-0