Модроврана
Модроврана | |
---|---|
Возрасна единка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Модроврани |
Семејство: | Coraciidae |
Род: | Coracias |
Вид: | Модроврана |
Научен назив | |
Coracias garrulus Linnaeus, 1758 |
Модровраната (Coracias garrulus) или модровранката е единстената птица од ова семејство што гнезди во Европа. Ја има и во Македонија. Повообичаено, таа е распространета до Средниот Исток, Средна Азија и Мароко.
Опис
уредиМодовраната е крупна птица, 29-32 см во должина, со 52-58 см распон на крилја; таа е претежно сина со портокалово-кафена боја на грбот. Модовраните често седат видливо на дрва, столбови и надземни проводници како свраките, притоа барајќи големи инсекти, мали влекачи, глодачи и жаби за јадење. Паѓаат во очи со својот силен директен лет и брилијантна сина боја со црни летечки пердуви на крилјата. Половите се слични, само женката е малку посветла, а малечките личат на женките. Се огласуваат слично на враните со грубо гракање.
Живеалиште и исхрана
уредиОва е птица на топла, сува, отворена земја, претпочита дабова или борова шума. Обично живее во пар. Храната ја бара на дрвјата и по земја. Се храни со ситни безрбетници, инсекти, црви, влекачи, водоземци, но понекогаш јаде и растителна храна.
Размножување
уредиМодровраната се гнези во дупки на дрвја, речни брегови или стрмни ридови. Дупката во земјата ја копаат сами и таа е половина метар длабока со проширување на крајот, каде го сместуваат гнездото. Речиси воопшто не го постилаат или ретко го постилаат со меки материјали. Женката несе 4-6 бели јајца во размер 28х35мм, кои и двата родитела ги инкубираат 17 до 20 дена. Малечките го напуштаат гнездото по околу 28 дена, а дотогаш родителите ги хранат. Годишно имаат само едно легло.
Статус
уредиМодовраната има големa глобална популација, вклучувајќи приближно население од 100,000-220,000 птици во Европа. Меѓутоа, во периодот 1970-1990, бројот почна да се намалува, особено во Европа. За време од три генерации (15 години) падот надмина 30%. Во Русија таа исчезнала од северните делови. Заканите за видот вклучуваат: тешкотија за се селиње во неколку Средоземни земји, а стотици, можеби и илјади се застрелувани за храна во Оман секоја пролет. Користењето пестициди, како и менувањето на земјоделската и шумарската практика влијаат врз овие птици, односно им ја намалува достапноста на храната. Од овие и други причини, нејзиниот статус од најмалку загрозена се смени во речиси загрозен вид.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Coracias garrulus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- Lars Svensson and Peter J. Grant. Collins Bird Guide. 1999.
Надворешни врски
уреди- Модроврана на Ризницата ?
- European Roller - Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- European Roller videos, photos & sounds Архивирано на 21 ноември 2013 г. on the Internet Bird Collection
- European Roller From Turkey
- Oiseaux Photos
- Ageing and sexing (PDF; 4.5 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.