Мал орел

(Пренасочено од Џуџест орел)
Мал орел
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Јастребовидни
Семејство: Јастреби
Род: Орел
Вид: Мал орел
Научен назив
Aquila pennata
(Gmelin, 1788)
Синоними
  • Aquila minuta Brehm, 1831
  • Hieraaetus pennatus

Малиот орел (науч. Aquila pennata) е средно голема граблива птица. Го има во Македонија.

Распространетост

уреди
 
Мал орел
 
Орлиња во гнездо
 
Hieraaetus pennatus

Малиот орел се размножува во јужна Европа, северна Африка и Азија, а зимува во потсахарна Африка и јужна Азија.

Опис

уреди
  • Должина на телото - 47-50 см.
  • Распон на крилјата - 120-127 см.
  • Тежина - 750-1 000 гр, женките се покрупни.

Има светла и темна фаза на перјето. Во светлата фаза, долното перје му е бело со темни пердуви за летање, а во темната фаза целото е кафено. Во двете фази горните пердуви му се кафени, со посветли нијанси во задниот дел на покривните пердуви. Звукот кој го испушта птицата е врескаво кли-клии-кли.

Исхрана

уреди

Како и другите орли и малиот орел лови мали цицачи, влекачи (гуштери) и птици петпати поголеми од него.

Размножување

уреди

Парот секогаш има повеќе гнезда на својата територија, а секоја година обновува некое од нив. Се наоѓа во високи карпи или во некое погодно дрво. Обично несат 2 јајца, а лежењето трае 37 дена. Малечките го напуштаат гнездото 53 дена по испилувањето.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Hieraaetus pennatus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Литература

уреди
  • Clark, William S. (1987) The rufous morph of the Booted Eagle, pp. 21–24 in International Bird Identification: Proceeedings of the 4th International Identification Meeting, Eilat, 1st - 8 November 1986 International Birdwatching Centre Eilat

Надворешни врски

уреди