Дервент (река)
река во Лагадинско, Егејска Македонија; ги поврзува Лагадинското и Бешичкото Езеро
Дервент[1] (грчки: Δερβένι, Дервени[2]) — река во Лагадинско, Егејска Македонија. Ги поврзува Лагадинското и Бешичкото Езеро.[1][3]
Дервент Δερβένι | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Лагадинско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Лагадинско Езеро |
• координати | 40°40′15″N 23°12′41″E / 40.6709° СГШ; 23.2113° ИГД |
Устие | |
• место | Бешичко Езеро |
• координати | 40°41′01″N 23°21′50″E / 40.6836° СГШ; 23.3639° ИГД |
Особености на сливот | |
Опис
уредиДервент извира од источниот дел на Лагадинското Езеро, западно од селото Сарај, па тече на исток. Јужно од Сарај ја прва прво големата десна притока Ватилак, а потоа големата лева притока Дерели. Завршува влевајќи се во Бешичкоро Езеро северно од Пазаруда. Потоа реката се рачва на два канала. Северниот (поголем) тече на северозапад низ месностите Аспра Хома и Ѓолбаш, минува јужно од Чали и се влева во Бешичкото Езеро во местнотта Блато (Валтос). Јужниот канал тече на исток и се влева во Бешичкото Езеро во местноста Мало Блато (Микри Валта).[1]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Εθνικό Πάρκο Λιμνών Κορώνειας-Βόλβης και Μακεδονικών Τεμπών“ (PDF). Το Μουσείο Γουλανδρή Φυσικής Ιστορίας/Ελληνικό Κέντρο Βιοτόπων-Υγροτόπων. Посетено на 2 декември 2023.
- ↑ Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.