Големо штипче (црновратен нуркач)
Големо штипче, возрасна единка за време на парење
подвид Podiceps nigricollis californicus, возрасна единка, вон сезона на парење
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Aves
Ред: Podicipediformes
Семејство: Podicipedidae
Род: Podiceps
Вид: Големо штипче
Научен назив
Podiceps nigricollis
Brehm, 1831
     Breeding      Year-round      Winter

Големото штипче (црновратниот нуркач лат: Podiceps nigricollis), познат во Северна Америка како ушест нуркач, е член на семејството нуркачи на водните птици. Може да се најде на сите континенти, освен во Австралија и на Антарктикот.

Таксономија

уреди

Постојат три подвида:[2]

Имињата „црновратен“ и „ушест“, за овој вид упатуваат на пердувите видливи кога птицата е во фаза на парење, во којашто има сосема црн врат и траги на златни пердуви на секоја страна од главата. Името „ушест нуркач" е во употреба речиси еден век пред името „црновратен нуркач“. Второто име е првпат употребено во 1912 година од страна на Ернст Хартерт, во обид да се утврди заедничкото име на видовите во согласност со нивните научни имиња.[3] Називот на родот на овие видови - Podiceps - доаѓа од два латински збора: podicis, што значи „анусот" и pes, што значи „стапало".[4] Ова упатува на допирната точка од нозете на птицата – па до крајниот дел на грбот од неговото тело. Специфичниот епитет nigricollis е латински збор за „црновратен": niger значи „црно“ и collis значи „врат“. Локалното име за овој нуркач во Македонија е: големо штипче.

Опис и опсег

уреди
 
Големо штипче, вон сезона на парење

Големото штипче е долго од 28 до 34 сантиметри. Возрасната единка, во лето јасно се препознава по црната глава и врат и жолтите ушни реси. Во зима, овој мал нуркач е бел со оскудно дефинирана црна капа, која го разликува од словенскиот нуркач (Horned Grebe во Америка).

При додворување мажјакот прави весел повик до женката. Овој вид се размножува во вегетативни области на слатководни езера низ Европа, Азија, Африка, северните делови од Јужна Америка и на југозападниот и западниот дел на САД. Североамериканскиот подвид, P. n. californicus е познат како „ушест нуркач“. Овие птици се селат во зима, главно кон Тихоокеанското крајбрежје, каде што тие редовно се движат јужно кон Ел Салвадор; а може да заскитаат до Костарика.[5]

Нуркачот од подвидот Р. n. nigricollis,(големо штипче) од постудените региони, зиме, со многу други европски птици, се преселува во средоземната област. Изолираната јужноафриканската раса, Р. n. gurneyi не се сели. Таа e именувана од страна на јужноафриканскиот орнитолог и автор Остин Робертс во чест на англиските банкари и аматерски орнитолози Џон Хенри Gurney и Џон Хенри Gurney Џуниор .

Поведение

уреди

Големото штипче е одличен пливач и нуркач, го гони својот плен под вода, јаде најчесто риби, како и мали ракови, водни инсекти и ларви. Повеќе сака да избега од опасност со нуркање отколку со летање, иако лесно може да се издигне од водата. Како и сите нуркачи, така и големото штипче, се гнезди на работ од водата, додека неговите нозе се поставени назад и не може добро да оди. Вообичаено снесува 2 јајца, а гологлавите млади понекогаш се носени на грбот на возрасните.

Интересно е што големото штипче всушност, поголемиот дел од годината не лета (9-10 месеци), и служи како пример за еден од најнеефикасните летачи меѓу животните. Општо земено, оваа птица избегнува летање по секоја цена и ги чува летовите за долга дистанца - исклучиво за селење. Но, кога се сели, таа може да патува и до 6,000 километри за да стигне до топлите области, кои се користат од страна на неколку други видови.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Podiceps nigricollis. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Ogilvie & Rose (2003), p. 69.
  3. Ogilvie & Rose (2003), pp. 102–103.
  4. Ogilvie & Rose (2003), p. 98.
  5. Herrera et al. (2006)
  6. Jehl et al. (2003)

Извори

уреди
  • Néstor Herrera, Roberto Rivera, Ricardo Ibarra Portillo & Wilfredo Rodríguez (2006). „New records for the avifauna of El Salvador“ (PDF). Boletín de la Sociedad Antioqueña de Ornitología (шпански и англиски). 16 (2): 1–19. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-29. Посетено на 2013-03-26.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Malcolm Ogilvie & Chris Rose (2003). Grebes of the World. Uxbridge, UK: Bruce Coleman. ISBN 1-872842-03-8. (англиски)
  • J. R. Jehl Jr., A. E. Henry & H. I. Ellis (2003). Peter Berthold, Eberhard Gwinner & Edith Sonnenschein (уред.). „Avian Migration“. Optimizing migration in a reluctant and inefficient flier: the eared grebe. Springer: 199–209. ISBN 978-3-540-43408-5. Наводот journal бара |journal= (help) (англиски)

Надворешни врски

уреди