Фитопланктон
Фитопланктонот е група на планктонски организми како што се автотрофните микроскопски алги (Chlorophyta, Chrysophyta, Phycophyta, Euglenophyta, Dinophytа, Bacillariophyta) и цијанобактериите (Cyanobacteria). Но не мора еден вид да биде микроскопски за да сочинува дел од планктонската заедница. Пример за ова е кафеавата алга Sargassum. Таа припаѓа во редот Fucales (се нарекува и Fucus natans) и слободно плива на површината на водата со помош на меурчиња исполнети со гас. Фитопланктонот е најраспространет во живеалишта со високо ниво на хранливи материи.
Карактеристични особини на фитопланктонот
уредиМногу планктонски алги поседуваат рогчиња, испакнатинки или крилести структури за да ја зголемат нивната површина во однос на волуменот, што не само ја зголемува можноста за земање на и онака ретката храна од околината, туку и ги штити од хербивори. Исто така, повеќето имаат гасни вакуоли кои претставуваат адаптација за полесно лебдење во водата.
Иако во фитопланктонот припаѓаат фотосинтетски организми, сепак, тоа не мора да е секогаш така. На пример, многу видови на динофлагелати се миксотрофни, што значи дека може да станат хетеротрофи по потреба.
Оваа статија за екологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |