Лисеста гусковидна патка

Лисеста гусковидна патка
Пар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Tadorninae
Род: Tadorna
Вид: Лисеста гусковидна патка
Научен назив
Tadorna ferruginea
(Pallas, 1764)
Синоними

Casarca ferruginea
Anas ferruginea
Casarca rutila

Лисестата гусковидна патка, Tadorna ferruginea, е член на семејството патки, редот гусковидни. Ја има во Македонија.

Распространетост

уреди
 
Лисеста гусковидна патка
 
во Индија

Има многу мала популација од овој вид во северно-западна Африка и Етиопија, но главната територија на парење е во североисточна Европа и Азија.

Опис

уреди

Ова е птица на отворена земја и се вгнездува на карпи, во дупки или пукнатини далеку од вода, снесуваат 6-16 кремасто-бели јајца. Тоа се карактеристични видови, долги се 58–70 см и имаат распон на крилјата 110–135 см. Тие имаат портокалово-кафеава боја на телото и бледа глава. Крилјата се бели со црни пердуви за летање. Половите се слични, но мажјаците во сезоната на парење имаат црн прстен на дното од вратот, а женките често имаат побело лице. Се огласуваат со гласно, диво трубење. Претежно живеат во парови.

 
Tadorna ferruginea
Tadorna ferruginea

Исхрана

уреди

Лисестата гусковидна патка се храни и со растителна и со животинска храна. Ја наоѓа и на суво и во вода.

Статус

уреди

Лисестата гусковидна патка е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи

уреди
  • Tadorna ferruginea. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 11 May 2006. Database entry includes justification for why this species is of least concern
  • Madge and Burn, Wildfowl ISBN 0-7470-2201-1
  • Mullarney, Svensson, Zetterstrom and Grant, Collins Bird Guide ISBN 0-00-219728-6