Црвеноглав кожувар

Црвеноглав кожувар
Aythya ferina Sandwell 2.jpg
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Потсемејство: Aythyinae
Род: Aythya
Вид: A. ferina
Биномен назив
Aythya ferina
(Linnaeus, 1758)
Aythya ferina

Црвеноглав кожувар (Aythya ferina) е вид птица од семејството патки, се среќава и под името Бугарец. Ја има во Македонија.

РаспостранетостУреди

Најмногу е распостранет во северна Европа и Азија. Можеме да ја сретнеме во западна и јужна Европа, и во Велика Британија.

ОписУреди

Долги се 42-58 см, а тешки се околу 816 g. Распонот на крилјата им е 74-89 см, телото и крилјата им се бели, а на женките сиво-кафени. Главите им се кафено-црвени, клуновите им се црни со сиво. Нозете им се сиви, а опашките црни.

ЖивеалиштеУреди

Нивни живеалишта се мочуриштата и езерата со длабочина од 1–6 m.

ИсхранаУреди

Овие патки се хранат со нуркање, јадејќи водни растенија со некои мекотели, водни инсекти и мали риби. Најчесто се хранат ноќе.

РазмножувањеУреди

Гнездата ги градат на места сокриени со треви и вегетација. Инкубацијата на женките трае 25 дена, и добиваат 6-12 зелени (маслинести) јајца. Малечките го прават својот прв лет на свои 50-55 дена.

НаводиУреди

  1. BirdLife International (2012). Aythya ferina. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врскиУреди