Исчезната без трага

„Исчезната без трага“ (англиски: Gone Baby Gone) е американски филм од 2007 година, во режија на Бен Афлек, кој е автор и на сценариото, заедно со Арон Стокард. Главните улоги ги толкуваат: Кејси Афлек, Морган Фримен, Ед Харис и Ејми Рајан. Ова е првиот филм во кој Бен Афлек се јавува во улогата на режисер. Филмот наишол добар прием кај филмските критичари, а Ејми Рајан била номинирана за „Оскар“ за најдобра споредна глумица.[1]

Содржина уреди

Двајца приватни детективи од Бостон се ангажирани да го истражат таинственото исчезнување на едно мало девојче. За време на истрагата, тие откриваат мноштво пресврти во кои ништо не е така како што изгледа. Притоа, тие ставаат сè на коцка за да го пронајдат девојчето: пријателството, разумот, па дури и животот.[2][3]

Наводи уреди

  1. HRT, Nestala bez traga, američki film (2007.) (пристапено на 8.4.2022)
  2. Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 20.
  3. „Исчезната“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 16.