Арго (филм)
Арго (англиски: Argo) е историски филм од 2012 година, режиран од Бен Афлек. Автор на сценариото е Крис Терио, а тоа е засновано врз книгата Господар на маските, напишана од агентот на ЦИА Тони Мендес, како и според статијата на Џошуа Бергман, Големото бегство,[3] во која се раскажува како Мендес го предводел американскиот тим во мисијата близу Техеран, во која требало да ги ослободат американските дипломати од „Иранската заложничка криза“ (1979).[4]
„Арго“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Бен Афлек |
Продуцент | Грант Хеслов Бен Афлек Џорџ Клуни |
Главни улоги | Бен Афлек Брајан Кранстон Алан Аркин Џон Гудман |
Музика | Александар Депла |
Кинематографија | Родриго Прието |
Монтажа | Вилијам Голденберг |
Студио | ГК Филмови Smokehouse Pictures |
Дистрибутер | Ворнер Брос |
Премиера | август 31 2012(Филмскиот фестивал Telluride) октомври 12 2012 (САД) |
Времетраење | 120 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик | англиски персиски |
Буџет | $44.5 милиони[2] |
Бруто заработка | $229,369,150[2] |
Ликот на Мендес го глуми Бен Афлек, додека во останатите улоги се појавуваат: Брајан Кранстон, Алан Аркин и Џон Гудман. Премиерата на филмот во Северна Америка била на 12 октомври 2012 година, а ова остварување добило поволни оценки од страна на филмските критичари. Продуценти на проектот се Грент Хеслов, Бен Афлек и Џорџ Клуни. Приказната за ослободувањето била предмет и на документарната програма Бегство од Иран: Канадскиот скок, режирана од Ламонт Џонсон.[5]
По прикажувањето низ светските кино сали, Арго ги освоил симпатиите на пошироката јавност, а освен тоа добил неколку номинации за престижните филмски награди. Така, филмот бил номиниран за „Оскар“ во седум категории, од кои победил во три: „најдобар филм“, „најдобро сценарио“ и „најдобра монтажа“.[6] На церемонијата „Златен глобус“, филмот освоил пет признанија, вклучувајќи ги и оние за „најдобар филм“ „најдобра режија“ и „најдобра машка споредна улога“ за глумецот Алан Аркин. Исто така, филмот победил во три категории на Британските филмски награди (БАФТА), и тоа: најдобар филм, најдобра монтажа и најдобар режисер.[7]
Содржина
уредиФилмот е снимен според вистинити настани и ја прикажува ризичната тајна операција за спасување на шестмина Американци, која се одвивала зад сцената за време на иранската заложничка криза, а која со децении останала непозната за јавнота. Лажно претставувајќи се како холивудски продуцент кој бара локација за снимање на научно-фантастичен филм, тајниот агент на ЦИА, Тони Мендез, ја почнува опасната операција за спасување на шестемина Американци, кои се скриени во домот на канадскиот амбасадор во Техеран, во 1980 година.[7][8][9]
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Бен Афлек | Тони Мендес |
Брајан Кранстон | Џек О′ Донел |
Алан Аркин | Лестер Сигел |
Џон Гудман | Џон Чејмберс |
Тејт Донован | Роберт Андерс |
Клеа Дувал | Кора Лијек |
Кристофер Денам | Марк Лијек |
Скот МекНејри | Џо Стефорд |
Кери Бише | Кејти Стефорд |
Наводи
уреди- ↑ "Argo". British Board of Film Classification (BBFC). Retrieved September 18, 2012.
- ↑ 2,0 2,1 „Argo (2012)“. Box Office Mojo. 2012-01-09. Посетено на 2013-03-18.
- ↑ Bearman, Joshuah (April 24, 2007). „How the CIA Used a Fake Sci-Fi Flick to Rescue Americans from Tehran“. Wired. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Killoran, Ellen. „'Argo' Review: Ben Affleck Pinches Himself In Stranger-Than-Fiction CIA Story“. International Business Times.
- ↑ „escape-from-iran-the-canadian-caper-1981-true-story-dvd-94c7%255B2%255D.jpg (image)“. Lh4.ggpht.com. Посетено на 2012-10-29.
- ↑ „Argo Wins the Academy Award For Best Film Editing“. Stories99. 2013-02-09. Посетено на 2013-02-25.[мртва врска]
- ↑ 7,0 7,1 HRT, Argo, američki film (пристапено на 12 февруари 2020)
- ↑ Антена, број 840, 1 август 2014, стр. 15.
- ↑ Антена, број 853, 31 октомври 2014, стр. 20.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Argo на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Argo — AllMovie (англиски)
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>