Отвори го главното мени

Баварски Алпи (германски: Bayerische Alpen) — планински венец во североисточниот дел на Алпите.

Баварски Алпи
Поглед на Мангфалските Планини од Боденшнајд поглед на запад кон Валберг
Највисока точка
ВрвГросер Кротенкопф
Надм. височина2.656 м
Координати47°18′43″N 10°21′22″E / 47.31194° СГШ; 10.35611° ИГД / 47.31194; 10.35611
Име
Изворно имеBayerische Alpen
Географија
ЗемјиГерманија / Австрија
Координати47°38′ СГШ; 11°46′ ИГД / 47.64° СГШ; 11.77° ИГД / 47.64; 11.77Координати: 47°38′ СГШ; 11°46′ ИГД / 47.64° СГШ; 11.77° ИГД / 47.64; 11.77
Матичен венецАлпи
Се граничи соЗападни Ретски Алпи, Севернотиролски Варовнички Алпи и Салцбуршки Северни Алпи
Геологија
Горообразбаалпска
Масивот Цугшпице — највисока планина во Германија

ГеографијаУреди

Поимот „Баварски Алпи“ во поширока смисла се однесува на делот од Алпите што се наоѓа на територијата на сојузната покраина Баварија, Германија. Меѓутоа, повообичаено е под поимот да се подразбираат планините што се протегаат помеѓу реките Лех и Залах во Германија. Според оваа потесна смисла, во Баварските Алпи не се вбројуваат Алгојските Алпи (кои се во Баварија од релативно поново време) и Берхтесгаденските Алпи.

ОдликиУреди

Баварските алпи се одликуваат со релјефни форми како циркови, езера и типични леднички долини создадени од ледници кон крајот на на последното ледено време. Наносите на реките од тоа време оставиле благ терен во предалпските висорамнини со езера и тресетишта.

Позначајни врвовиУреди

Планините во поширока смисла ги опфаќаат долунаведените планински венци. Наведените врвови се највисоките што се наоѓаат во Баварија, но не и во целата група. На пример, највисоката планина во Алгојските Алпи е Гросер Кротенкопф (2.657 м) се наоѓа во австриската покраина Тирол и затоа не е наведена тука.

Највисок врв на Баварските Алпи и во цела Германија е Цугшпице. Се наоѓа во западниот дел на венецот Ветерштајн и висок е 2.962 м. Има два мали ледника. Венците се подредени по висина.


Венец Германски Опфат Највисок врв
(во Баварија)
Висина
(м)
Алгојски Алпи Allgäuer Alpen делумен Хохфротшпице 2.649
Амергауански Алпи Ammergauer Alpen претежен Кројцшпице 2.185
Ветерштајн Wettersteingebirge делумен Цугшпице 2.962
Баварски Предалпи[1] Bayerische Voralpen делумен Кротенкопф 2.086
Карвендел[2] Karwendel делумен Естлихе Карвенделшпице 2.538
Кимгавски Алпи Chiemgauer Alpen претежен Зонтагсхорн 1.961
Берхтесгаденски Алпи Berchtesgadener Alpen претежен Вацман 2.713

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Баварските Предалпи се делат на: Естерски Планини, Валхенски Планини, групата Бенедиктенванд и Мангфалски Планини
  2. Карвендел: поголемиот дел од венецот се наоѓа во сојузната покраина Тирол, Австрија
  • DAV: Alpenvereins-Jahrbuch "Berg '84": Die Einteilung der Ostalpen
  • Bogner Franz X. (2011). Die deutschen Alpen aus der Luft. Rosenheimer Verlag, ISBN 978-3475540752.

Надворешни врскиУреди